Пак отворив профил на рандом невеста тагната во некое стори на познаничка, и пак лајкнав пост од пред 2 месеци по грешка Земи ме господе... Инстаграм под итно да ја исклучи дабл тап опцијата за лајк. Додуша меѓу 500 нотификации нема ни да примети девојката, ама пак... шубе
Место прскање за комарци, ако може во Скопје да воведете прскање за моторџии. Оти ако не, јас ќе им ебам матер некој ден Ѓубрево за секунда ќе ме собереше на....пазете сеа, ТРОТОАР. И нит извини нит ништо. Си трчав лагано, и да отидам подесно да преминам, ама уште сум на тротоар за пешаци, братов ми се испречуе од десна страна, тркалото до нога ми застана, мене срцево у гз ми отиде. Се пресеков цела, овој си продолжи ко ништо. Слична ситуација имав полани мислам карши Соборна, исто така на тротоар ја здувна на милиметар од мене. И секој ден и по улици возат ко да нема утре мороните. Ама оќе, Панче тресеше нели, мудата ваљда, друго не знам.
Ептен почнав да ги мразам моторите, поправило летен период. Бучни се, не се безбедни и од никаде нигде се појавуваат… да можам би ги забранила
Да видиш мајка ми како страствено ги колне секојпат кога ќе профучат. Очигледно мислат дека ако не возат брзо и бесно низ град, некој моторот ќе им го земе. Има автопат по кој можат да возат со поголема брзина, ама нее, таму нема публика за да си го наполнат мизерното его.
Јас го опцув сочно тек кога се оддалечи, од чиста причина што не знам што има во тоа тиквата, па недајбоже да ме нападне. А нит ќе се одбранам нит ништо, башка рано во недела беше, нема некоја фрекфенција на луѓе. А и со кацига беше, не му видов лик. И знам дека е злобно ама кога ги видам дека возат брзо на улица, жими све им посакувам да се зачукаат некаде оти поарно он да настрада самиот него некој друг.
На форумов постои pretty privilege, во смисла членки што имаат убаво корисничко се сфаќаат посериозно од нас другите и затоа добиваат поддршка што и да кажат... Само затоа што на 13 години не сум имала сенс за естетика. Вака за секој ваш 1 лајк добивам 1/6 лајк за истата реченица.
Ама гледај на позитивната страна, увек ќе имаш 28. И баш ти е ок никот, срцкаст. Мојот готика поарен да не е.. од готик едино само црно купатило шо иаам, нит па сум даркер или било шо. Ама имам осеќај дека овде така ме доживуваат. Нели ќе моеше да се смени еднаш ник.. оффспринг мислам смени на времето.
Ја добиваш работата, пресреќна си, поаѓаш и си викаш фала ти господе конечно се пронајдов себеси. Нооо, за кратко. Па добро бе мајка му стара, дали е до мене или стварно човештвото е полудено, ама стварно буквално? Прв ден, на пола работно време да ти рече некоја недоквакана тинејџерка "извини вака ама одлучивме дека не си за овде, побарај си ја среќата на друго место". Дали, дали е можно? Што е со новиве генерации сериозно се прашувам? И да, сигурно ќе најдете некој да ви рмба за минималец празник и делник. Само во куферот гледам спас, еве искрено.
1. Зошто луѓе сакаат да купат најнов модел мобилен ама на старо или експонат? 2. Зошто луѓе купуваат мобилни од 1000 евра и после прашуваат кај има ЕВТИНИ полначи и слушалки за нив? 3. Зашто луѓе купуваат iPhone кој не дозволува кракнати апликации и прашуваат како да ги кракнат?
Ај тинејџери заљубени ќе оправдам,ама повозрасни да си честитаат родендени по социјалниве мрежи со срцепарителни порака е не можам... Мислам хелоу не ќе се видите лично да си честитате,ама мора малце филм да се истера вака и јавно,срце мрце те сакам
Не е до фирмата мила, до оние што ги ставаат недоквакани шефици, до нив е што се у тежок филм влезени, покондурени ги викам.
1. Затоа што овие модели од премиум сегментот ќе траат доста подолго време, побрзи се, поефикасни, а и повеќе држат цена кога ќе дојде време за препродажба. Стар премиум телефон > нов телефон од средна класа 2. Затоа што оригиналните полначи и слушалки треба обично да се преплатат, а поевтините алтернативи се исто толку добри и бркаат работа. 3. Затоа што сервиси како Спотифај, Нетфликс и слични е доста скапо за наш пазар да се плаќаат по 5-10$. Неколку вакви претплати и дошла сметка 50$ месечно. Годишно тоа е 600$, или една просечна плата. Или еден нов телефон.
Сегде е до менаџмент. Менаџментот ја прави фирмата, јасно. Ок е ко не кажеш. И затоа треба тука да се отвораат теми за сите фирми и да знаеме што да очекуваме.
Јасно ми е тоа, да, така е. Меѓутоа еве сигурно дотичната што ми го направи денот пекол спаѓа во нивниот менаџмент, инаку од кај и право да брка вработени и тоа уште прв ден. Она прима она брка. Цела у филм. Може низ другите градови од истата фирма имаат пофини и покултурни претпоставени (шефови или шефици), али ова денес излезе чист безобразлук, како и да е ..