Речете му да симулира емотивен човек и да раговара така со вас ќе видите поинакво нешто. Многу е битно како ги формулирате речениците.
Тажен бил за мене, не можел да ми помогне. Дали сум сакала број од психолози ама да му кажам кај се наоѓам прво
Ахх и камен би заплакал, душа таа дигитално емотивна Ее кажи му кај се наоѓаш и ќе видиш, одма ќе го смени одговорот во жал ми таму нема лека апотека за тебе
Ја добиваш работата, пресреќна си, поаѓаш и си викаш фала ти господе конечно се пронајдов себеси. Нооо, за кратко. Па добро бе мајка му стара, дали е до мене или стварно човештвото е полудено, ама стварно буквално? Прв ден, на пола работно време да ти рече некоја недоквакана тинејџерка "извини вака ама одлучивме дека не си за овде, побарај си ја среќата на друго место". Дали, дали е можно? Што е со новиве генерации сериозно се прашувам? И да, сигурно ќе најдете некој да ви рмба за минималец празник и делник. Само во куферот гледам спас, еве искрено.
1. Зошто луѓе сакаат да купат најнов модел мобилен ама на старо или експонат? 2. Зошто луѓе купуваат мобилни од 1000 евра и после прашуваат кај има ЕВТИНИ полначи и слушалки за нив? 3. Зашто луѓе купуваат iPhone кој не дозволува кракнати апликации и прашуваат како да ги кракнат?
Ај тинејџери заљубени ќе оправдам,ама повозрасни да си честитаат родендени по социјалниве мрежи со срцепарителни порака е не можам... Мислам хелоу не ќе се видите лично да си честитате,ама мора малце филм да се истера вака и јавно,срце мрце те сакам
Не е до фирмата мила, до оние што ги ставаат недоквакани шефици, до нив е што се у тежок филм влезени, покондурени ги викам.
1. Затоа што овие модели од премиум сегментот ќе траат доста подолго време, побрзи се, поефикасни, а и повеќе држат цена кога ќе дојде време за препродажба. Стар премиум телефон > нов телефон од средна класа 2. Затоа што оригиналните полначи и слушалки треба обично да се преплатат, а поевтините алтернативи се исто толку добри и бркаат работа. 3. Затоа што сервиси како Спотифај, Нетфликс и слични е доста скапо за наш пазар да се плаќаат по 5-10$. Неколку вакви претплати и дошла сметка 50$ месечно. Годишно тоа е 600$, или една просечна плата. Или еден нов телефон.
Сегде е до менаџмент. Менаџментот ја прави фирмата, јасно. Ок е ко не кажеш. И затоа треба тука да се отвораат теми за сите фирми и да знаеме што да очекуваме.
Јасно ми е тоа, да, така е. Меѓутоа еве сигурно дотичната што ми го направи денот пекол спаѓа во нивниот менаџмент, инаку од кај и право да брка вработени и тоа уште прв ден. Она прима она брка. Цела у филм. Може низ другите градови од истата фирма имаат пофини и покултурни претпоставени (шефови или шефици), али ова денес излезе чист безобразлук, како и да е ..
Знае и реален да биде, и баш добри одговори да дава. Коа имав тежок период, и бев очајна, се изненадив позитивно колку добро ја согледа целата ситуација. Не ме просветли, кога точно знаев како стојат работите, но некој вид поддршка ми беше. Убаво вика Старк, битно е како се формулирани речениците за правилно да те сфати и советува. *** Која моќ ќе ја имаа бре некои личности, инстантно да ти сјебат расположение и растажат.. Уште не научив да не се замарам и не научив. Излеа нема ни да научам.
Нас што не може лесно да нѐ замени AI, потргнете се малце да поминеме Btw не го користам ич џипити. Преферирам the old fashioned way, да гуглам. Психолог да ми глуми па ич.