Знаете зашто не ми се живее во Мк?Поради луѓето,менталитетот,само да се озборува,да му се наштети,да се потсмева,секој ги гледа туѓите мани,а никој не ги гледа своите,луѓе што многу морализираат продаваат ветер и магла со нивната демагогија,лицемерието стана како добро утро,се лажеме меѓу себе и сме неискрени затоа што така поубаво се чуствуваме,до кога бе така?
Во еден момент скокам од радост, во следниот се чувствувам онака, даун. А веќе во следниот сум повторно среќна. Многу сум напорна во последно време. Ај, сега отидов да пишувам говор. Треба на часот по македонски да го читам. Можеби не сум Мартин Лутер Кинг, но ќе се потрудам да направам нешто. Ќе бидне. Мора да бидне.
И во 21 век се уште постојат предрасуди на глобално ниво http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/21106-sekoj-go-dobiva-ona-sto-go-zasluzuva
Додека ги слушам многуте луѓе околу мене како се жалат од дождот, додека ги слушам нивните поплаки, како наврнале, како настинале. Додека зборат како од дома не им се излегува... Само ги гледам и им се чудам. Изгледа е така затоа што, какви и да се последиците, што и да ми направи дождот, сепак го сакам. Дур тие се внатре, зборат и зборат против него, јас сум под него, со раширени раце. Мокра и исполнета. Всушност дождот ми е најдобриот пријател, да. Тој единствен ми ги крие солзите, додека останатите околу мене би се смееле и сителе на мојата тага. Тој единствен ги има тие прекрасни дождливи мелодии. Го има тој мирис кој ми ги затвара сите рани. Ми ги дава најголемите инспирации. Ги брка сите во своите домови и ме остава сама. Ме разбира најдобро, ми ги чита мислите... Знае што сакам да кажам, никогаш не ми вели „Зошто?“. Никогаш не ми се спротивставува. Не ми го повторува цело време истото „Прекини да плачеш“. Напротив , тој ме остава да ги испуштам сите тежини најдлабоко скриени во мене. Гордо стојам пред него, со крената глава. Тишина, само јас и дождот. Сами. И секогаш истото, секое негово доаѓање, истото. Замисли како ми е кога го нема? Замисли како е без најдобриот пријател.. Му ги искажувам сите работи кои другите не ги разбираат. Што дека дождот не збори кога ме разбира подобро од секој што ја има таа способност?
Изгледа камења ќе почнат да паѓаат по земјата...море какви камења,нова планета ќе се направи! Симона го фати учебникот по математика како прв пат да го фаќа и почнува да сфаќа и така се заангажирав и учам математика се додека не сфатам толку колку шо ми бери во тиквата Јас со математиката се чувствувам како Том Круз во Невозможна мисија...ето...Еее и така реков ето..Има еден фудбалер мислам дека сеуште во Челзи игра-се вика Ето.Се мислам јас како го добил името.Дојдов до заклучок:Ќе го погоди голот и етооооооо победа!Абе мојот мозок шо можи друго да смисли? Многу мислење не ќе да е на арно...Да бе...Ама и пеење не многу на арно...Си пејат овие женскиве на физичко од Ред Хот Чили Пеперс песна и јас наместо да се надополнам со текстот на песната пеам:РАСПУКАЛААААА,РАСПУКАЛААА ШАР ПЛАНИНА,АЈДЕ РАСПУКАЛАААА!И ај сега памет се бара од мене? Ќе биди нешто од мене? Ќе биди бе...леле тешко мене сама се прашувам-сама си одговарам... Тоа ти е...не е така!Не чини системот...јас сум како равенка со две непознати
Ангелче наше ке ни фалиш многу. Мило ми е што се испративме толку убаво, нека ти е лесна земјата и засекога ке ни фалиш сонце.
Само колку родители има кои плачат (што се вели) што немат парични средства за да му овозможат на своето дете понатамошно високо образование ,а оние пак што имаат ,децата не сакат да учат . Ах брее жално е навистина.Има секакви услови за да се образува, се се што е потребно не бе несакаа и несака ...несака да се замара . ... неучи бее ако неможеш немора,не се мачи -и вели . Каков е тој памет бее со тоа ли ја подучуваш ? Па ти малоумна ли си да неможеш да научиш ? Јас разбирам дека секој неможе да има високи оценки но секој може да научи за пролазна оцена ... некој со помалку труд но некој со повеќе а и ако се сака се се може. А овој па вели : абе нема врска високото образование веќе се е партиски,што јас кога немам факултет па еве добив решение како државен работник и не се замарам Ах беее од такви како вас сме во ваква состојба од тие партиски работи неписмени со основно оделение и со средно уличарско што се вели се на државна работа а оние што со цела мака го имаат завршено своето образование и тоа со просек седат дома ... да баш поради тие партиски работи Наместо да и дадеш ум дека треба да се потруди да учи да се замара малку повеќе ти ја учиш дека нема врска дали има факултет или не ... абе ми се гади од таквите луѓе како вас беее ми се гадииии
Јас сакам да кажам дека ми недостига старата тема СДК и дека незнам што да носам вечер за излегување. тоа.
Денеска останав со тишината. Сама, потполно цел ден и цела вечер. Одамна не било вака кај мене. Си сварив горко кафе ко за инат, а пијам благо. Ќе учам исто за инат! Ќе размислувам и за иднината и за тоа што би било, кога би било. Како и да е не можам да се пожалам дека ми е лошо и вака, сама... Имам и јас потреба да се изолирам од се, барем на еден ден. Туку сакав да кажам колку ми е чуден народов. На некој ќе му се случи нешто убаво, ќе има за нешто да се пофали, честитај му мајка му стара. Немојте да бидете завидливи. Радувајте се и за другите. Само една личност постои во мојов живот на кого не можам да му се налутам никако, кој ќе го сакам секогаш и никогаш нема да се скараме, а тоа е БРАТ МИ. Јас се гордеам што имам постар брат и ми е жал за многу девојчиња кои не се блиски со своите браќа. Не знаат колку изгубиле во животот. Тој секогаш ќе ми биде најблиската роднина, а нашите деца ќе бидат први братучеди. Знам дека ќе бидам најдобрата тетка, а тој ќе биде најдобриот вујко.
Јас СКД дека сум многу голем песимист, за секоја ситница си правам 300 филма во главата (хорор филмови ) и после ќе ме прашуваат што ми е, зошто сум нерасположена... ај да не фатам да им раскажувам Ај може пролазно е... или до времево е
Велат, ги почитуваат туѓите ставови и мислења... епа ако ги почитувате, зошто не ги почитувате мислењата на помладите од вас? Зошто мислите дека сме дебили кои се правиме паметни? Зошто нашите мислења ги игнорирате, па некогаш кажувате исто што и ние сме го пишале во „игнорираниот“ пост? Понекогаш посакувам да сум 20 години за да ме сослушате... сигурна сум дека и останатите помали од форумов го посакале тоа... барем некои. Кажувате дека дискриминацијата не била фер, а вие тоа го правите! Кога ќе ве разберам...?
Не мразам никој и не ме нервира ништо. Научив да бидам рамнодушна кон работите кои не ме засегаат. Не ми е гајле ако ме озборуваат, ако ме мразат, ако ми љубоморат. Мој живот, мои пари, мој дечко, мои родители, мои другарки. Се друго, не ми е гајле.
Вие што броите калории во миниминијатурно чоколадце, знаете дека утре може да ве удри камион, да умрете и џабе живеете живот без задоволството на вкусот и задоволување на желудникот. Престанете да живеете живот за тоа какви сте во очите на другите, задоволете си ги сетилата.
Конечно некои луѓе сфатија дека неможе се` да биде совршено и дека ретко се наоѓа вистински пријател.
Секогаш кога од мобилен сакам да кликнам на моите мислења, по грешка кликнувам на Диети и фитнес. Случајност?
Со нетрпение го чекам денот кога за се што сум сонувала ке се оствари.Веднаш ке отрчам кај моите другарки и ке им кажам,бидејки тие кога ми беше најпотребно не ми веруваа.Многу е тешко кога имаш за што да зборуваш,но несакаш бидејки нема да ти веруваат. Си велам:"Се се случува поради некоја причина,само биди трпелива"
Ама сум напната деновиве, не се трпам. Ако сама не можам да се истрпам, којзнае како им е на оние околу мене. Ми се имаат собрано обврски, ми иде да врескам. Поточно, сама си имам преземено обврски, никој не ми е крив. На работа поприлично динамично. Немам време воздух да земам, а ако издишам барем 10 минути, после морам да ги надокнадам. Не дека некој ме тера, туку морам да си ја завршам работата, друг нема да ми ја заврши. Да е само тоа, супер ќе беше, затоа што вака беше и претходно, ама немав други глупости што сега ги имам. После работа дома секој ден учам со ќерка ми. Среќа син ми нема уште многу, и муж ми со него повеќе се занимава. Неа морам повеќе да и се посветам оваа година, да ја испрашам, да и кажам на што да внимава, каде е слаба да повтори, и ете, поминало времето. И кога ќе си легнат, или ја пишувам проклетата магистерска, или учам германски. Да, да, на цела мака на германски се запишав. И пошто обичните курсеви ми се многу спори, јас нели ептен бистра сум, земам индивидуални часови, и курсевите ги поминувам со вртогласво темпо. Што значи дека дома се кршам од пишување домашни. Не планирав да биде вака интензивно, ама така излезе. Групата смени термин, мене не ми одговараше, а и сакам да го научам јазикот побрзо, да не чекам 5 години да го прозборам. И глупата магистерска никој не ме тера да ја напишам во рокот што сама сум си го дала, имам време, ама јас не сум јас ако не се напнам сама себе. По цели денови пред мене гледам букви. Дали на работа, дома на компјутер или од учебниците на децата. Еве и сега додека сум на мала пауза пишувам тука. Или како што ми кажа љубениот, ти сии класичен пример за изреката „Човекот учи додека е жив“. Ама сега имам чувство дека се ќе биде, толкму поради многуте обврски што ги имам. Некој паметен рекол „Ако сакаш работата да ти биде завршена. дај ја на некој што е многу зафатен“. И најстрашно од се е тоа што на сите обврски што ги имам, уште држам диета. И тоа онаа со 9 дена месо по ред. Јас и кога немам обврски кога сум на диета касам, а сега не се трпам. Најмилиот ми е сонце. Порано ме зезаше кога бев на диета, цело време ме ставаше под некое искушение, а сега ептен ме поддржува. И за тоа и за учењето. За да имам повеќе време презема доста голем дел од обврските околу децата и домот. Само да се баталам од тековниве работи и ќе му се оддолжам. Има доживотно секој ден да му ги правам омилените ручеци и торти. Ајде сега да се вратам во реалноста и да принапишам некој ред. Имам уште доста страни пред да почнам со тортите.
Како поголемо дете никогаш не бев поштедена од тажењето на маките на моите родители. Одсекогаш бев јас таа која е повозрасна и онаа која може најмногу да ги сфати, да ги утеши, ислуша. Како нивно дете никогаш не бев прашана дали имам потреба од нешто, тука бев само ако требаше да ги ислушам нивните проблеми. За моите проблеми никогаш немав време да им кажам, или кога ќе се обидев завршуваа со Не знаеш ти ништо за животот, ништо не си видела. Секогаш моите солзи за нив беа слабост, беа солзи на размазена клинка, која нема појма од животот Секогаш мојот труд за да успеам во нешто беше недоволен, секогаш ми велеа Нема да ти успее, не труди се. И навистина не успеваше, не затоа што не можеше, туку затоа што губев воља, затоа што знаев дека ја немам нивната подршка. Знаев дека нема да им значи мојот успех. За нив секогаш бев личност која донесува погрешни одлуки, која се дружи со погрешни личности. И овој пат не е ништо по различно За нив Тој е уште еден маж што ќе ме скрши, маж кој набрзо ќе замине. Но тој упорно докажува дека без разлика на се останува до мене. Дека тука е сега и засекогаш .