Прво ми зборуваат како е грда,грозна,слаба,ниска,после и пишуваат коментари на слики на фејсбук,совршенство мое! Лицемерие level over 9999999.
Прекрасен ден,прекрасен....значи уживам во вакви денови,во сонце,топличко,создадена сум за топли денови јас дефинитивно .Си пиевме со другарка ми попладневно кафе,потоа прошетка и се беше одлично.Кога се враќав накај дома сретнав улично куче од кај мене од населба,не можам да ви опишам колку е паметно тоа куче и прекрасно. Го погалив и дојде по мене,не можев да го пуштам во двор бидејќи имаме стар проблематичен член од семејството кој не сака животни(посебно не во двор ... ). Така преку оградата му дадов да касне малку и седев со него околу 30 минути,му зборував бидејќи знам дека ме разбира и се чувствував прекрасно.Толку внимателно ме слушаше како ниедно човечко суштество до сега,ах,не знаете колку многу сакам животни. Задоволство ми беше да му правам друштво барем на кратко и што барем малку го направив среќен (машко е ).Го сакам,ги сакам сите. Ви посакувам пријатна вечер на сите,уживајте
Едно нешто сфатив.. Човек мора да биде себичен кога е во прашање неговата среќа. Тоа е единственото нешто на светот што е наше, никој не може да ни го одземе тоа. Ако не живееме да бидеме среќни, за што живееме?
Се' што правам си правам самата за себе, не за други. Ако сакам да се променам, ќе се променам за самата себе, не за други. Ако правам нешто добро/лошо, ако се глупирам, тоа го правам за себе. Самата ќе си ги сносам последиците, било тие да се добри или лоши. Не ме интересира што другите мислат, мене ми е убаво, а ако не ми е убаво ќе се променам, затоа што сакам да изградам личност од себе, сакам да пораснам како цврста личност, сакам да имам свое јас. Нека зборуваат другите колку сакаат, никого не слушам освен моите родители. Само тие сакаат да бидам подобра од нив. Тие се луѓето кои цела недела се трудат да ги одработат парите кои ми се потребни за да заминам во друг град на утакмица. Знаат дека сакам да успеам во кошарката, и прават се што можат за да го остварам мојот сон. Тие се луѓето кои плукаат крв за да ми обезбедат патики какви што сакам и облека за секој можен настан. Ги имам нив, ништо повеќе не ми е потребно. Не ми се потребни туѓите мислења.
Недела. Малку накај село на чист воздух и сега дома,пишувај лектири. Ќе ги смачкам тие 4 страни јас,без проблем. Кафенце,Steve Vai на звучник. Со лесно.
Денешниов ден како и секоја недела го поминав во друштво со моите пријатели Кога велам пријатели зборувам исклучиво за машка екипа. Долги години контактираме,добро се познаваме и функционираме без предрасуди за машко-женските пријателства.Тука сме во каква било ситуација. Низ разговорот некој повторно имаше потреба да сподели нешто со мене. Тоа значи дека довербата е стекната меѓу нас,па затоа се пријателите. И повторно ја отворив малата кутија,невидливо скриена длабоко во мене,а толку битна во нивните животи.Не знам уште колку простор има во неа.Ама познавајќи се себе си,чувствувам дека меморијата е бесконечна. Го складирав и го затворив материјалот со етикета “строго доверливо”. Лозинката ми е само мене позната,па така и ќе остане... А што е со мојот доверлив материјал Се чувствувам како темпирана бомба.Црвеното светло скоро и да алармира.Далеку од тоа дека не им верувам.Секогаш сум подготвена другите да ги ислушам,ама јас не можам да проговорам за тоа што мене ми создава немир. Интровертноста е посилна.Јас сум од оние личности кои се свое во себе си чуваат.Го немам оној издувен вентил за да ја филтрирам негативната енергија од мене. Колку и да боли,да притиска,да ме разорува, сама се борам со своето затворено его.Позитивна или негативна особина и таа е дела од човековиот карактер.
А да видеше на инстаграм и фејсбук слики од тоа како се тепаат дечко и девојка и ти ќе посакаше еден бокс да ти мавне? Можда ќе ми речеш сеа што и е на оваа кокошкава што се меша кај што не и место, ама зашто живеете живот за другите и живот за пред публика? Повеќе ќе ја ценеше ружата која ќе ја добиеше во петокот, отколку било која без причина на обичен ден? Ама тогаш немаше да можеш да ја сликаш нели, не е тоа тоа, зашто не е денот? Најдругарски ти кажувам, најискрено, без ни мала зајадливост, безпотребно се оптеретуваш и замислуваш, трошиш енергија па макар и да седнеш тука да пишуваш за тоа зборовите многу покорисно можеше да ти употребиш. Како сакаш сфати ме, ама еден ден многу ќе се смееш за ова сега, ти гарантирам. Фарса е празников, атеншанхорс и тако звани слични празници за перчење и јавно лигавење без поента и поучна приказна позади нив освен една- нека видат колку се сакаме и нека ни љубоморат. Ништо друго. Moжда сте сеуште млади ама со текот на годините ќе ја сфатите и научите да ја гледате правата љубов и намери кои не се сликаат со апарат и гледаат со очи.
Некои теми не се за зборување, можат тотално да ти го сменат животот или кон добра или кон лошата насока...
Се прашуваш што се случува. Што се случува околу тебе. Ветерот те обвива. Седиш во природа. Пролет е,а во твоите очи се е толку сиво. Се е празно наоколу,празна ти е и душата. Ти недостига нешто,нешто што ќе ја потполни празнината. А каде е тоа нешто? Каде да го најдеш? ...
Пиреј е симбол на македонштината, и тоа не е само обично дело, тоа е една од најубавите книги во македонската литература. Петре нема живеено во тоа време, но маестрално е како го има оживеано истото. Вистината е дека македонската жена била тепана и малтретирана, и силувана од турците, и свашта, на секој начин брутализирана. Но ако подобро ја разгледаше целата содржина на книгата можеби и ќе сфатеше зошто се вика Пиреј, на пример, во предговорот е објаснето што е пиреј, и мислам дека треба да ти биде јасно и кој е пирејот во книгата. Велика и покрај сите изгубени чеда, и покрај сите пакости и стравови кои ги преживеала на крај родила уште едно дете, и авторот не сака да каже дека ја тепале цело време, туку дека и после смртта на својот сопруг, и после моментот кога целиот нејзин свет се урнал, Велика дала уште едно коренче живот во големото поле. И денес не сме далеку од тоа дека жените уште ги тепаат и малтретираат, да не се лажеме. Но, да не го мешаме тоа време со денешното, како што кажав, писателот прекрасно го има оживеано истото.
Денес го искористив максимално убавиот сончев ден,прво прошетка низ парк,па во золошка и на крај да завршиме на матка,ауу колку ми фалела природата толку убаво се изрелаксирав и сега толку ми е убаво на душичката немате појма,значи добро друштво,убава прошетка и нормално таму на матка седнавме ручавме и си се напивме по една чаша вино,ах бре мераци,секој ден вака да ми е.
Ма не, мене не ме боли срцето.. ти ми го откорна одамна. Мене ме боли секој нерв, секоја клетка, секој дел. Ме боли секој дел од мене што вришти дека фалиш, и секој што се бори за да не фалиш. Комплтен хаос сум. Од совршено организиран перфекционист, ме претвори во тотално изгубен хаос. Секоја чест.
Да ви кажам право кога читам постови од неписмен народ тука на форумов, без никаква интерпункција, основни правописни грешки, ми се чини дека читам некоја баба што се докопала до компјутер и си типка што и падне на памет. Мене ми е срам од неписменоста. Па јавен форум е ова, ве читаат луѓе, до толку да не може да се потрудите да ставите точка или запирка, голема буква, да не знаете каде е ш или ж е навистина жално. Каква не технологија се измисли, ама не, основните работи не може да се испочитуваат. Или тоа е нашата мрза, ееее, кој ќе пишува сега на кирилица, па уште ч ќе ставам, како не, ако сака некој да ме чита има да му истечат очите. Не знам дали сте свесни, ама со таквата неписменост оставате баш лош впечаток, делувате некако, па, не баш интелигентно. Тоа само сакав да казам, имјт приатна нок, па којме свати, ме свати.
Од сабајле си мислам зошто овде на фемина има интелигентни и добри луѓе? Нормални? Зошто околу мене нема такви луѓе? Насекаде неписмени будали кои мислат дека се’ знаат. Џабе ти е, и да си Ајнштајн, ако другите се палат на лајкови на фејсбук, ништо не правиш. Како и да е, постојат секакви луѓе, ама на фемина се само оние знаете, нормалните зашто сељандурите немаат е-маил адреса. Не ни знаат што е тоа. Ќе речам на некој: - Дај ми е-мајл, ќе ти ги пратам. - А на фејсбук? ( ) - Не може. - А што е е-мајл. Јас немам ( ) - Мора да имаш, ако имаш фејсбук, мора да имаш е-мајл. - Ама немам кога ти викам, божее! Будали некои! Не можам да ги поднесам веќе, затоа реков дека сакам да се катапултирам на Марс во претходниот пост. Еднаш на школо бевме на компјутери и ни дадоа да си пуштиме што сакаме, јас се уклучив фемина и оваа школскава до мене што е виде и она сакаша да си направи профил. Јас само се насмеав. Од нервоза. Пополнува, пополнува, запна на е-маил. - Што да напишам тука? - Е-маил. - Знам, ама што да напишам. - Напиши си го е-маилот. - Немам. - Епа немаш е-маил, немаш фемина. Обично на таквите чичо од Аврстралија ќе им направи фејсбук и никому ништо. Немале е-маил. А што за шмизлите со по 200 лајкови на секоја слика. Не знаат да читаат, а на фејсбук се најпочитувани, ко божици ги третираат. Ќе им рече некој: Ииии, 500 лајка имаш на таа слика. Одма се навиваат: Еее, ти на лајкови се палиш. А самите тие молат за лајк! Постојано мислам дека сум единствена што вака размислувам, зашто сите околу мене се како погоренаведените. Се надевам дека еден ден ќе запознаам свет кој е барем малку образован!
Претурам во главата ,барајќи спомени. Си купувам прстен од пазар обичен,ефтин за мала насмевка.Си ги бојам деновите,често ми фалат бои,тогаш импровизорам,мешам две и добивам нијанса,но не и таа боја која ми е потребна. И тогаш што?Кажи нешто, разбистри ми ја главата,избркај ги мисливе,мразам рамнодушност,ми претура по душава.Остава пустош.Можеби еден ден ќе знам кога љубовта престанува и одново се раѓа нова.Длабочина и површина.Цврсто замислени желби,посакани со затворени очи.И тишината има звук а тогаш обично, минува времето.Се гледам себе со затворени очи,а ветерот ме разнесува. Некои чувства ме покоруваат,пред ветрот и брановите, па морам ,морам да им се предадам.Понекогаш му довзолувам на минатото да ми стане сегашност, да ме обзеде страв и очај.Понекогаш се болам себе си.За момент,заборавам. Вечно заљубена,во облаците и дождот,во него и книгите,во црвената боја и чајот од лимон. Во зимата и пролетта. Цртајте насмевки. Некому. Себе.
Или не си ја дочитала книгата, или не си ја сфатила поентата. Пиреј е едно од наубавите дела на Петре, а можеби најубаво од сите дела напишани за тој период. „Македонштината“ не се однесува на ќотекот на Јон. Јон имал ужасен живот, отишол во војна која не ја сакал, се вратил по неколку години и сфатил дека СИТЕ деца му умреле. Дека оставил млада жена, а нашол старица која со свои раце ги погребала сопственице деца кои и умреле од глад. Што мислиш, Јон од среќа пиел? Од радост? Од што го избркале од работа? Оти мајка му не го воспитала? Не го оправдувам тепањето, но Јон сигурно не останал психички најстабилен после сите маки (смрт, убиства) во војната, но сфаќањето дека додка војувал децата му умреле. Знаеш која болка е да умре дете? А пет деца да умрат? А потоа да останеш психички стабилен? Можеби Јон потајно ја мразел Велика, оти не му ги дочувала децата. Јон го уништила војната и болката. Јон не е типичен балканец, туку човек чија душа умрела пред телото. Пиреј знаеш што е? Пиреј, или троскот, или плевел, ако некогаш си влегла во нива, е онаа трева која кога ја плевиш, не можеш да ја иснинеш од корен. Не и излегува коренот. Има корени до бескрај, ти се чини. И кога ќе ја скинеш, пак ке порасне. Паралелата до Јон и Велика: живото им зел се. Им ги зел децата, сите наеднаш, им го зел семејството, им ја зел душата. Но ИСТРПЕЛЕ. И имале пак дете. И Јон умрел, ама Велика го изгледала. Го исчувала детето, и детето ја продолжило лозата. Не се затрел родот нивни. Како што македонскиот народ не се сотрел, и покрај сите ропства, војни, потурчување, погрчување, покрај скапаните бугари, покрај смрдливите срби, сите кои се обидувале да ги уништат македонците, тие истрајале. Ниеден народ не истрпел толку како македонскиот. Децата на Јон и Велика се деловите и синовите на Македонија кои умреа, едиствениот син кој преживеал сме ние, тука. Како што Велика преживеала да ги види мртви сите свои деца, така видела и Македонија. И пак останала искра, пак останал дел кој го продолжил родот. Пиреј не е книга која се чита еднаш. Се ќита илјада и еднаш. Ја читаш и плачеш за секое дете, и ги плачеш децата на Велика. Ја плчеш нејзината мака. И нејзиниот единствен жив син ти дава надеж, дека и кога се е загубено, има одтанато од плевелот под земја. 10 деца да ти убијат, последното ке крене глава. 100 пати да ја уништат Македонија, ке остане еден кој ке го продолжи родот. Оти, такви сме ние, македонците. Знам дека никој нема да ми прочита волкав пост, ама некој што ја работи лектората, петка ќе извади на мој грб Слободно. Ама ми тежи на душете и грев ќе ме фати, ако не ти ги отворам очите. И земи ја пак Пиреј, и читај ја. Плачи со Велика, осети ја болката на Јон кога си доаѓа по толку години дома, плачи со нив, и утеши се на крај - и после се лошо, има нешто што ќе пркне, ке се роди пак и ке има зошто да се живее пак.
Денеска иако беше облачно јас сепак денот добро го поминав хаха , со мојата друагрка најдобра ( 5 годишна така таа вели дека лавли и е најдобра другарка ) бевме во пар, ме врати во детството. Бараше да се лула на лулка, и до неа таа беше слободна , па морав и јас да се лулам , и да седнам ... по што ке ми се налутела ... Толку се потсетив на убавите нешта толку ми стана мило дека сум имала право детство дури душата ми затрепери . Убаво се сеќавам дека лулката во мојот двор беше заврзана на еден стар багрем ( дрво ) кој подоцна го исекоа бидејќи се исуши ... таму ми беше лулката и по цели денови се лулав .... денеска кога таа малечка другарка ме тераше да мафтам со нозете исто како неа, само сватив дека е преубаво да си сеуште дете ... немаш грижи , размислуваш само на играта... ееех . .... убаво е да си дете