Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Никогаш повторно нема да бидеме среќни како што знаевме да сме кога бевме деца. Можеби ќе бидеме среќни на поинаков начин, но имајќи увид во двата типови на среќа некако ми се чини како онаа детската да е ненадминлива. Веројатно по принципот сè станува бајато по некое време. Првиот бакнеж е ненадминлив. Првата голтка пиво секогаш е најубава. Првото кругче со новиот велосипед... потоа рутината си презема и веќе ништо не е исто како првиот пат. Исто е и со среќните мигови. Првите среќни мигови се најубави, секој следен како стануваме повозрасни е само бледа копија.

    Можеби, пак, сум само носталгичен, како сите нормални луѓе кои не можат да се помират со фактот дека времето оди напред, а не назад и дека брчките се здебелуваат, а не исчезнуваат по извесен период. Можеби сум само еден од оние луѓе кои секогаш ќе мислат дека забавата која ја имале на летниот одмор во прва година средно никогаш нема да се повтори и дека искуствата од средното училиште се врвот на детските лудории. Можеби е тоа...

    Фактите велат дека никогаш нема да го заборавам нејзиното лице кога сфати дека сум купил прстен. Факт е и дека таа самата речиси не се онесвести од моментот. Фактите велат дека големи среќни мигови ги очекуваат сите возрасни луѓе... новороденчиња, родендени и изненадувања, унапредувања, големи заработки и професионални успеси за кои ќе ја кренеме со насмевка високо чашата шампањ, но...

    Фактите исто така и велат дека никогаш повторно еден обичен маалски натпревар во фудбал нема да го доживееме со истиот жар и уживање. Секогаш ќе нè боли малце грбот, ќе ни пречи стомакот, рефлексите си заминале... фактите велат дека никогаш првата голтка крадена вода од цревото во дворот на комшијата по партијата фудбал нема да биде толку слатка како некогаш. Факт е и дека тоа што ѝ се крена сукњичката на малата Маја од четврто-А, никогаш повеќе нема да биде предмет на опсесија со месеци, но може да биде предмет на тужба за малата Маја од сметководство, ако дозволи да ѝ се крене сукњичката на работното место.

    Младите никогаш нема да знаат што сè возрасните би дале да бидат повторно млади, но тоа е нормално. Она пак, кое возрасните не го знаат, односно забораваат, е дека среќата сè уште постои и има начин да се пронајде. Само треба малку повеќе да се поработи за неа. А вреди да се поработи за неа.
     
    На Libera, Sanjichka007, Doozy и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Уште од мала ми се врежало во глава од муабети на мајка ми, едно златно непишано правило - студент не се прашува за факултетот и за испитите. Е сега во матурантска атмосфера, жими се ми иде по тој тертип да напишам еден правилник што не треба да спомнувате во секој општ муабет кога ќе сретнете познаник во четврта година гимназија. :D

    Како прво, матурантот со којшто зборувате (во себе) ве замолува барем до кај јануари месец да го поштедите од општи прашања од типот - што за проектна, што за изборен предмет... Тука имајте у предвид дека секој втор матурант со кој зборите е во процес на неприфаќање дека преостанува уште една година од сите средношколски дружења, смешки, глупости и дека е у don't grow up, it's a trap фазон - и не, не ја чекаме едвај матурата а уште помалку факултетот, туку не` фаќа паника што ни ја обновувате со секој муабет од типот размислуваш ли, се подготвуваш ли... :D
    Истово важи и за „леле па ти ако сега вака правиш, што ќе праиш на факултет :o муабети.

    И да, најстрого забрането - кога ќе прашаш некого што е четврта и тоа во септември, дали одлучил што понатака - да го гледаш ко паднат од Марс дури и да ти каже меѓу 2 факултета дека се двоуми. Еве не знам, ама некои луѓе изгледа си очекуваат eвентуално некоја листа смотана во тутурутка да им одвиткаш, спремна уште од 4то одделение со сите детали на кој факултет што ќе учиш, па каде ќе работиш... :rofl: Уште понајстрого - ако и ти каже матурант меѓу кои 2-3 факултета се двоуми, веднаш со загрижена и обесхрабрувачка фаца да почнеш да му расправаш колку во првиот е тешко, па со вториот нема никад да најде работа и слично...
    Е така, молим лепо! :geek:

    Уште нешто што сакав да кажам во don't grow up контекстот - чудна работа е времето. Прашај некој што завршил факултет - сака повторно да заврши, прашај матурант - сака да си остане во средно, прашај некој во прва година средно - сака да се врати на лудориите во основно... А носталгијата пак, како некој магионичар прави илузија и за инат ги слика старите времиња уште подобри отколку што реално биле, и би се вратиле дури и на нештата кои ни биле најбанални. :nod:

    И така јас стојам во врска со чколијата, чат пат под туш или во прва прилика кога нема да можам да заспијам си разглобувам филозофски мисли, после си се враќам во нормала т.е. i don't care фазон, се додека пак не ме фати озбилната фаза... :D
    Туку ај да не си ја замарам душичката и да си се држам до „нормалата“, односно до продолжениот викенд... има лавабо, ова де лабаво, кај мене бе! :dance:
    Ај поздрав. :D
     
    На LittleChili, Yowannty, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.035
    Допаѓања:
    36.202
    Пол:
    Женски
    СДК... Дом е таму каде што срцето се радува, душата затреперува смирено, а љубовта зборува насмеано низ молкот на тишината.
    Се друго е само илузија низ времето...
     
    На MademoiselleB, elisabeta, butterfly4 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... чудни некои погледи на се околу нас, чудни некои (не) правила наоколу. Она што навистина е вредно и комплетно нема да добие толку воздишки, искрени комплименти и погледи во однос на она што е некомплетно, толку просечно и конфузно и полно комплекси. Проблемот е во тоа што веројатно оној кој не може да ја достигне таа вредност, таа комплетност не може да си признае сам на себе и полесно е да покаже љубомора, завидливост и да го "оцрни" оној кој има вредност.
    Ах комплекси, криви сте за се! :worried:
     
    На bittersweet, Yowannty, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Се уште не ми се верува колку луѓево се замараат за туѓи животи.
    Знаат буквално се за луѓето.
    Ќе седнеш на кафе со некој, случајно ќе спомнеш некого у контекст на муабетот, и одма ќе почне да ти раскажува за неа/него.
    Работи уште од пред 4-5 години што се случиле, ќе ти ги изнакаже како било, што било, зашто било. :|
    И пробува да ја/го оцрни во твои очи со муабети кои се случиле ептен одамна, демек „ееее ја/го знам јас неа/него, да видиш тогаш и тогаш што праеше у тој и тој кафич, со тој и тој искачаше, тоа и тоа праеше, не ми ја/го кажувај, знам јас одамна каква/каков е.“
    Океј е, најди си хоби некое и не се умарај со туѓи животи. :emo:
     
    На Adi888, Elena69221, butterfly4 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Дали моментот кога децата на улица почнуваат да ти викаат Добар ден наместо Здраво, е знак дека си возрасен? :wasntme:
     
    На bittersweet, sia.bella, lunicka и 22 други им се допаѓа ова.
  7. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Еден постар човек на кој му било соопштено дека е смртно болен, ја напишал следнава порака:
    „Да имам можност повторно да го проживеам животот, би се обидел да направам повеќе грешки.
    Не би се обидувал да бидам совршен. Повеќе би бил опуштен и насмеан.
    Би бил флексибилен.
    Би ризикувал повеќе, би се качил на повеќе планини, би препливал
    повеќе реки, би отишол на места кои никогаш ги немам посетено.
    Би јадел повеќе сладолед и помалку житарки. Би имал повеќе вистинити неволји, а помалку измислени.“
    Знаете, јас бев еден од ние луѓе кои живеат промислено, разумно и
    постојано се грижат за иднината.
    „Да имам можност повторно да проживеам сe, повеќе пати би
    се возел на рингишпил, би гледал повеќе изгрејсонца,
    повеќе би си играл со своите деца, би бил посреќен и не
    би се замарал со секоја ситница. Но, знаете, ја немам оваа можност повеќе...“
    Немојте предоцна да сфатите дека немаме втора шанса. :talk: :$
     
    На cheetah.girl, Nausicaa и Sunflowers им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    20.087
    Кај мене пресуден беше моментот кога едно циганче на улица ми се обрати со тетке... :worried:
     
    На Dreams.678, bittersweet, kala21 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Па да, јас ќе си направам планови уште утре да си шмугнам од градов, и ќе ми се јават дали сум слободна да работам за викенд... И јас секако ќе кажам не. И после сакам да соберам пари за нова година во Париз, важи :call: :devil:
     
  10. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Ох мила тие на сите им се обраќаат така,дали млад или стар.. :*
    Во контекст на муабетот,памтам уште како дете кога бев во Струмица,секој кој ме сретнуваше по улица,од најмало па до постаро,иако не се познававме ми викаше Добар ден,мислам такви се они гостопримливи,многу фини луѓе,воспитани уште од најмала возраст :) .

    Битно е како се чуствуваш во душата,другото е занемарливо,мање битно. ;) :inlove:
     
    На Yowannty, SV1911 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Продолжен викенд,е она што во овој момент најмогу ми треба. :)
    Цели 5 дена одмор,физички,а може да се каже и психички.Со две книги во рака и 4 учебници .Ух 5 дена за собирање на сила и трошење на истата.Мил Достоевски чекајме јас доаѓамм...
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Никогаш не е касно, освен кога е касно! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На ColoursOfTheRainbow, QueenElena, mileystar и 2 други им се допаѓа ова.
  13. natasa-natka

    natasa-natka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Додека некому е ден,тебе веќе ти паднала ноќта.
    Додека ти си среќен,некој се дави во својата тага.
    Затоа пронајди ја златната средина: И ТИ МОЖЕШ ДЕНЕС ДА СИ НА ВРВОТ,А ВЕЌЕ УТРЕ НА ДНОТО!
     
    На Marjan007 и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  14. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Пакувам куферите и право кај него! :D
    Повратна. Ех да беше во еден правец. Ај ке биде кога-тогаш. :D Пресреќна сум. Едвај чекам. Неможам да опишам колку сум среќна. :inlove: :inlove:
     
    На MademoiselleB, Lella, LaraSolare и 10 други им се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    34.275
    Пол:
    Женски
    Денес ќе си испратам едно писмо до мене :$
    само за денес,не за идно време,туку денес :P
    Еве,22 октомври,среда,2014 8)
    Писмо до мене
    Ми плачи душата,ладно ми е телото.Се плашам да не се претворам во камен,да бидам како сибирска зима. Птиците си пеат,гајле си немаат,а будалата јас си седам дома и се кукам!Сакам да застанам цврсто и сета болка да ја исфрлам со гласно викање како збеснат орангутан.Ако видам разигран мајмун во зоолошка,ќе знам дека ми е брат.Разигран,си игра како се’ да му е рамно.Работата е удри бригу на весеље.Со меко љ. Си наоѓам многу сличности со мајмуните бе.Денес сфатив една работа:добриот и будалата се исти.НЕ! Добриот е поголема будала.Пубертетот ме фати баш сега кога не треба.Ама ако...Јас си сум Петар Пан во душичката.Грефче.Сакам дечко?Да,сакам.А можи и не сакам.Ако знам шо сакам од утре сум Кублај-хан.Ете така шарено.Како теле во шарена врата.Како тенџере без капаче.Како чанта без патент.Како дрво неделкано.Како јурук.Како копук.Како ропак со тапија А категорија.Освести се бе еј!До кога ќе си будала? Сменето е се’,но Симона ти истата си.Така ми е бе.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Во шок сум.
    Значи, девојче на нејзиниот 5ти роденден, во елегантен фустан, лицето покриено со пудра, на очите маскара, на усните сјај. Па добро луѓе, ќерка ви полни 5, не 15 години. Освестете се!
    Што е следно? На 6тиот роденден штикли ќе носи?
    Денешница...
     
    На eliesaab, MademoiselleB, simonna.a и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се шета куче во Македонија... не е кучето проблемов, народов дивјачки ми е. :!: :D
    Еве ќе ви го набројам сите тие видови на дивјаци во државава:

    1. Свиркачите:
    - Му свиркаат на вашето куче што е на поводник, небаре кучево ќе се откачи од поводникот. :D

    2. Безгрешни и издигнати од што почитуваат правила:
    - Ако ме видат како ја шетам Беки без маска (немам маска за неа, а нема ни да земам) жива ме горат, абе најголем грев сум направила, како пит бул за борби да шетам, а не 6 месечно кутре што сака да игра и да се гали... имаше еден, ме караше зошто сум ја шетала воопшто. А, што да и’ правам??? :^) Плус тоа законот гласи: „Само агресивните кучиња мора да носат маска“ Моево со луѓе го хранам, затоа е волку агресивно. :rofl:

    3. Фаците
    - „Абе, што џукела ти е тоа? ХАХА“; „Абе, го бориш „пит булов““ (и слични безмислени реченици)... Имаше една нафурана шмизла пред „хулиганското“ друштво се прчеше „Што е со кучево бе?“ јас каква што сум си, и’ вратив „А што е со тебе бе?“. :rofl: Збор не изусти потоа. 8) :D

    4. Дирекните
    - Доаѓаат, без збор да зборнат и се нафрлаат да ја галат Беки... ехее колку мини срцеви удари од нив сум добивала. Културо, се прашува дали може да го погалиш кучето, што ако каса, а, а, а??? :geek:

    5. „Кинолозите“
    - Прво и основно што прават таквите: ти приоѓаат, нагаѓаат што раса е, тврдат дека е некоја си чкљ раса, а не е и пуштаат рака да го галат кучето без да ги душне. Мојава сирота 360 мора да се изврти за да ги душне и да дозволи да ја галат.

    Ете тоа се сите луѓе кои ги сретнувам 3 пати на ден... секој ден... :rofl:
     
    На AnimalLover, Ivy89, Mahidevranfan и 5 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    ^Жена си и можеш се !
    - ми рече мојата матична...жена-која претрпела многу тешки денови во животот.
    Толку ветувачки звучеше оваа реченица,а ништо не ми значеше.
    А мене како да сака животов да ме тестира колку сум издржлива.
    Таман ќе излезам од оклопот на стравот,таман за момент ќе ја ослободам душата.
    И ете пак се најдувам пред некој огнен вртолок.
    И секој пат излегувам толку слаба и изморена.
    Силно ги притискам солзите,не сакајќи да покажам слабост пред моите родители.
    Жал мие за нивните непреспиени ноќи,жал мие што мораат да ме гледаат ваква.
    Жал мие за сите апчина што ги испиле,гледајќи ме како едвај ги ставам залаците во уста.
    Ако некогаш седеле во редовите на публиката и штракале за прекрасната нумера изведена од нивната ќерка.Сега седат немо и штракаат ако го изедам целиот оброк.
    Жалам што моето момче покрај себе има една ранлива и слаба девојка.
    Која знае да заплачи ако некој го повише тонот на неа.
    Наместо јака и храбра,која цврсто знае да застане на нозе.
    Но што би правела јас без вас !?
    Во овие луди мои дваесетти.
    Може ова е само една лоша ноќ,а таму некаде ме чека сонце.
    Којзнае...
     
    На Barbie20, Dream-Girl, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  19. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.117
    Допаѓања:
    34.626
    Пол:
    Женски
    Колку е само ужас времево :envy: :envy:
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Бев на тараса божем да сварам чај на шпоретот бидејќи ни е надвор. Ме избрка ветрот. И така останав без чај.