Најдобрите уметници на светот секогаш се бореле да се на вистинска страна од историјата и да дигаат совест за hot topics. Да не била Ени Ленокс да излезе со кратка шишана коса во џиш црвена боја, во машки костум, до денес уште suits ќе беа табу за жени. Да не била Мадона толку сексуално отворена и провокативна женската сексуалност немаше никаде да се дискутира. Покрај нејзините песни жените почнале да се отвораат дека се сексуални битија, дека не е срамота да имаат пориви за интимност и дека нормално е и жени секс да сакаат. Во Русија моментално има еден куп артисти против Путин, од Ic3peak, Манижа, буквално во пештери држат концерти затоа што манијакот цело време ги гони. Лејди Гага е најголемата причина за да секој човек да се прифати таков каков што е. Кај нас тоа се Аргхангел, мизеријава од држава најубаво ја имаат опишано. Мизар исто. Кај Србите тоа се Сајси МС, на времето Мими Мерцедез беше тоа, Бојана Вунтуришевиќ, еден куп ги има. Многу луѓе се музичари, ама уметници, world changing икони не можат да бидат сите.
Karmacoma фалеше, очекував да ја пеат на бис ама за жал немаше бис затоа што не реагираше публиката. Концертот беше топ, тоа си се Масив Атак, сосема очекувано. Можеби повеќе акцент на политика од првиот концерт во Скопје ама таква е моменталната ситуација глобално, така да... Единствено нешто што ми падна во очи, ама тоа е пропуст на организаторите, е многу лошиот гугл превод на пораките.
Најмалку сакам ко некоја баба да идолизирам стари времиња ама едно ќе кажам. Среќна сум што во моето рано детство не бил толку достапен интернетот па сега нема нигде мои голи слики или по купаќи или како сум се покакала или помочала по социјални мрежи.
Јасно. Истото го кажав и јас. Уметноста може да има влијание врз политиката преку таргетирање на различни теми. Но дека уметност = политика не се согласувам. Каква допирна точка со политика има себеприфаќањето кое го промовира Лејди Гага. Ако погледнеме од друга страна, презентирањето на сатанистичката пропаганда од страна на истата Лејди Гага, тогаш можеме да кажеме дека уметноста се користи (или подобро кажано, се злоупотребува) како иструмент на политиката за остварување на одредени цели. Исто како што ги злоупотребија уметноста и спортот за истата цел при церемонијата за отварањето на олимписките игри во Париз. Уметноста не може да биде толку гнасна како политиката во никој случај.
Океј, не е веќе 2012 и ерата на илуминати видеа. Каква допирна точка има? Во времето кога беше најпопуларна имаше малку поразлична социополитичка клима и доволно беше да издаде една песна за да сите бидат шокирани со нејзиниот активизам и страната која ја зазема. Тоа само по себе ти го дава одговорот. Целиот нејзин идентитет беше политички.
2025 е, а тоа што некој сè уште живее во 2012 и уште не може да укапира што всушност се дешава со светот не е ничиј проблем. Само негов е. Еве ти пресно видео, од пред два месеци во 2025.
Кажете ми дека немате поим без да ми кажете дека немате поим за политика. Каква Гага, каква Ени, каква Мадона... Тие се симбол само на деморализирањето и понижувањето на жената. Оние кои биле битни за изразувањето и облекувањето на жената биле Елизабет Смит Милер, Коко Шанел, Марлен Дитрих, Маргарет Сангер, Анаис Нин, Симон де Бовоар. За политиката и уметноста. Имаат допирни точки. Но, не се едно и можат да постојат едно без друго. Публиката е разновидна. Не секој сака да слуша политички пораки на концерт. Се знае дека местото на политичките пораки е на политички митинзи, протести и средби. Секој бенд и пејач има фанови од различни страни на политичкиот спектар. Поради тоа музичкиот артист е должен да внимава како се изразува на места каде што се среќава со таа разновидна публика.
Ја читав темата на мајките, онаа за мајчини муабети, знам не ми е уште местото за во тие теми, ама слатко е да читаш. Ми се наполни душата си ставив да си ја надгледувам темата. Се надевам нема да ми се лутите што ве шпиунирам таму. Обожавам мали деца
Кога ќе ми речи некој : Не сакам да излезам со него/неа, само ќе го/ја искористам, јас таква сум. А тој /таа има добра душа. Е тогаш веќе знаам дека си особава си има проблем со себеси и тоа огромен. Stay Away From ToXiC ppl.
Добро ваквиве луѓе што изгледа си немаат докажано на себе си дека вредат и тоа што го прават е арно, мора да се фалат прво со цифри колку потрошиле и колку земаат или што е работава? Со години се немавме видено, слушнато, пишано за роденденов ми пиша среќен роденден дали си добар и работиш? И после тој ми рече ами јас земам олку плата, ова средив дома, овде во мкд не си идам а ми нуделе 50 илјади, тоа не е ништо за мене итн муабети. Ги жалам.
Иначе знае некој шо се дешава со Холивуд /Илуминатите/ Диди/(фил д блинк по избор) како год,.... vs конзервативците у САД денес, у двеи25та година, и какве уопште везе има овде тоа политиката уствари? Исто задње рецимо шо пропратив е дека стварно не е океј шо Тејлор Свифт со својот лајфстајл, уметност и дело "пропагира" "анти-семејни вредности" . У секој случај напето...
Викендов бев излезена со баајѓи помлади од мене и од две девојки слушнав муабет дека медицина учеле наидувани. Едната ми вели, што мислиш ти, како се завршува медицина? И ме гледа као Боже, чувај не, давај ни ум и разум
Дали стварно мислите дека чоек шо цент данок не плаќа дека уствари ќе ја плати од џеб 50 милионската свадба ? Па и да ја плати, ете некој израчунал тоа би му било исто ко некој со нормални примања да платил 17 долари за свадба. Прво ликвидација, па конфискација на имот, и после воведување таксација на тие после нив. Амин.