Кажете ми дека немате поим без да ми кажете дека немате поим за уметност. Политиката од секогаш била дел од уметноста. Од ренесансните дела на великаните Микеланчело, Тицијан, Ботичели, Дурер, you name it, кога фамилијата Медичи на пример била највлијателна, до барокните мајстори Рубенс, Веласкез, Ребрант, Караваџо, периоди кај што огромен дел од делата прикажуваат кралски ликови, историски борби, војници, разни општествени и религиозни сцени, малтене сите дела на Гоја, или ај еве ултра познатите Дали и Пикасо, ваљда имате видено нивни дела, шо знам, Баскијат и Харинг. Банкси? За музика да не збориме, Јуту, Боб Марли, Мајкл Џексон, Паблик Еними, Тупак, глупо е да се набројува веќе. Во уметноста нема правила, кој што сака ќе споделува, има место за апсолутно сè. Слободно изразување, ако не ти се допаѓа, не гледај, не слушај, не читај. Еден поздрав со најдобриот македонски бенд, на концерт особено гласни сме ко ќе дојде делот "бивши криминалци, бивши терористи, сега се џандари, сега се министри".
Скроз. Ја чекав и јас karmacoma, ама ете. Исто и мене ми падна преводот во очи, посебно што и печатни грешки дека имаше, ама не ми сметаше, ептен се имаа потрудено. Многу ми беше убав концертот леле, 4 дена поминаа мене уште еуфорија ме држи. За политички просветлениве богињи и зошто Ени Ленокс е една од најбитните музички фигури за музиката и жените не планирам да се објаснувам, стварно немам нерви.
Уметноста била еден медиум, јер немало интернет. Ги викале мецени, сега се спонзори. Ич не можам да судам за историски ликови, ми недостасува контекст. Во едно време се викаше социјално ангажирана уметност. Скроз општ муабет, надвор од контекст на концертот, за тоа појма немам искрено. Во таа насока, може и овој со свадбата погоре споменат да го прогласат за светец некад. Ако му се ќефне де. Амди Бајрам ода Амазон, боже ме опрости
Не ме тепајте, ама мислам дека има разлика од тоа како порано се пренесувале политички пораки во музиката и сега. Сега сме постојано бомбардирани насекаде со вести и случувања, што би рекле уште од фрижидер не ми излегле Нетанјаху, Зеленски, Трамп и остали. Знајме што се случува во светот and we're fckn tired of it. Затоа сега кога би одела на концерт, одам за музика да слушам, да се опуштам, да избегам од реалноста малку. Ако сакам да разглабам политики ќе одам на протест или митинг. Плус, иста публика на еден тип музика можи да има различни ставови за политика, и нормално е некој да не сака мешање политика во музиката тој еден момент кога отишол на концерт. Среќа па сите имаме слобода да одбериме што сакаме... Нели..?
Не знам како ќе бидам сфатена ,ама пред некоја недела бев сведок на една за мене непријатна случка ,може за некој претерано ама мене ми падна глупаво ,со другарка излеговме на кафе ,не беше многу гужва ,до нас имаше една маса седеше едно девојче и еден дечко , доаѓаат ај роми да речам ..со тие балоните во форма на срце , ние рековме не сакаме ,одат накај девојчево и дечково и убаво кажуваат не ,не сакаме ,девојкава го остава на маса и му вика на дечково ај купи и ,дај некој денар на девојчево се гледаше дека и е многу глупаво и непријатно а овие уште толку со тоа балоните , дечково на крај рече не сакаме фала и девојчево сто пати рече идете си не сакам, овие до дечково ај бе нема ли да и купиш ,на крај дечково вика ,јас сум женет ,девојкава ми е колешка од работа. Значи ,Бог да чува ако некој каже не сака ,значи не сака мани му се од пред пат и очи ,како воопшто смее некој да те замара си излегла на кафе ,се прашувам да излезам на дејт и вака нешто да ми се случи колку е глупо и непријатно значи...иди најди нешто работи ,а не да просиш и замараш луѓе што седнале на кафе ебате тоа
Мене па битно ми е кога ставовите/идеологијата на артистот се поклопуваат со моите. Некои буквално ги имам заслушано поради тоа, а некои пречкртано. Ретко слушам некои безлични, медиокритетски шупелки кои нЕ сЕ зАмАрАаТ сО ПоЛиТиКа и пеат/зборуваат само за љубов и цвеќенца. Дури и другарките ми се одбрани според идеологија/ставови, роднините за жал не ги бираш ама можеш да ги избегаваш доживотно.
Абе штом толку се разбираш од политика, ваљда треба да ти е јасно и дека политички ставови и идеологија≠политичка партија па да треба да си ги резервираме ставовите за дремење по митинзи. Сите субкултури кои се развиле низ годините на апаратима ако вака размислуваме. Музичарот не е должен ништо, освен ако не ти е целта да си само рандом мејнстрим музичар без некој белег. И мене ми е битно како слушатеч да слушам музичари кои претставуваат слика со која и јас би се идентификувала.
Јас многу избегнувам да се правам експерт на теми на кои не сум експерт. Ама сметам дека секој, од било која професија треба некогаш да размислува надвор од кутијата. Јас млада, здрава и права не можам долго време да стојам во место, кога седам многу брзо заспивам, пијам по 3+ литри вода и електролити за да функционирам, во лето особено. Кога треба да учам, седам со скрстени нозе под гз до степен крв да ми снема во нив инаку пак заспивам и немам концентрација. Или пак при долго седење и стоење добивам силни тахикардии, вртоглавици, гадење. И чисто вака сум прашала луѓе, сите ме гледаат чудно, како млада, со одлично железо да припаѓам така. И дека никој, или ретко кој имал сличен проблем. А притоа сум постојано активна, трчам, планинарам вежбам, имам енергија постојано. Ама застанам ли во место, толку е. Порано ме убедуваа дека имам проблеми со срце и тироида, не испадна ништо. И никој не ме сфаќал сериозно кога сум кажувала дека не можам да стојам. Демек ај не ти е ништо, не се лигави, млада си ќе стоиш, или абе ете железото и крвта ти се добри. Па еве по години да си истражам ко класичен гугл пациент дека стварно има состојби каде не можеш да стоиш долго во место, лесно ти паѓа притисокот зошто немаш адекватна вазомоторика и баш истиве се менаџираат со пиење многу вода и внесување сол. И истиве ги има и во полесна и посериозна форма. Дизавтономија, POTS, ортостатска интолеранција и слични, поврзани меѓу себе. И причините се невролошки или последица од други состојби, трауми, болести итн. И така многу неќам гугл пациенти ама од друга страна секогаш оставам простор дека нешто некој има, а не е официјално дијагностицирано оти не е конвенционална состојба.
Уште еден испит и ќе се збогувам со статусот студент. Конечно после 18 години ќе станам од ученичкото столче, малку ме фаќа носталгија, ама нема веќе седење до касно со книга во раце, одложување на работи кои ги сакам поради испит. Не бев добар ученик и студент, ама задоволен сум со својот успех, жртвував многу работи за факултетот да го завршам, за некои искрено и се каам зошто ги жртвував ама што е тоа е.. Ете колку некои работи треба да почекаат, не беше многу, штета па некои не можеа да чекаат.. Ме плаши тоа што не сум баш сигурен како ќе го искористам знаењето од факултет за во пракса и дали имам доволно знаење, ама ќе се снајдам некако, ако ништо друго ќе си ја гледам дипломата и ќе си речам "Браво бе успеа". П.с. Пресреќен сум за секоја 6ка добиена со 3-4 часа учење, за друго да не коментирам.
Па колку го мразам овоа летото,жешко тешко спарно за дишење,се потам нон стоп,комарци не се спие ден голем ужасссс
Секој е заменлив на работа,па и јас. Не ги разбирам луѓево како може да си се праат незаменливи на работа. Не реков дека не треба да се цениш. Ама , ако сакаш и директор биди, наеднаш можи да ти се сврти животот во надолна насока и да ја изгубиш цела компанија. Може да дојде друг што ќе е подобар од тебе, па да те заменат за него. Јас велам секогаш има подобри од мене и полоши. Незаменлива сум само дома, како ќерка, сестра, внука, тетка, стрина итн.
Ми излезе еден рил на Инстаграм, жена му правеше мајтап на мажот преку телефон, седејќи в кола, за да ја покажи неговата реакција во врска со ситуацијата која ја измисли. Имено, му кажа дека наводно турила дизел во колата која е на бензин, бидејќи дизелот бил на попуст и сакала да заштеди. Мажот, со најсмирен тон ѝ кажа да остани каде што е, да не ја пали колата, бидејќи не е безбедно. Дека тој ќе дојди со друга кола и ќе средат. Ни да ѝ вика, ни да ја вреѓа, ни да пцуе, ни ништо. Растејќи со татко со краток фитил кој лесно се нервира, и бидувајќи во врска во која имаше исто такви моменти, видеово како да излече дел од мене. Дефинитивно ова би било меѓу најважните критериуми кога станува збор за што би сакала кај маж: смирен и емоционално созреан.