јас во овие маркети на Кам што идам скоро секогаш е гужва, значи никогаш роба да не редат. И дистрибутерите нека ги враќаат ако не. Цел народ иде у Кам мн често зошто колку толку уште се со нормлни цени они.
Епа баш ради тоа што сите идат у Кам, тие сите исто треба да имаат трпение. Јас некад идам у Веро свесно знаејќи дека ќе ме кошта нештото поскапо, ако сум во гужва или ми се брза. Ако не ми се брза тогаш Кам.
Ме нападнавте како кој знае што да кажав. Се ми е јасно тоа, ама чекав 15 мин за да нареди роба една вработена за да ме пушти да заминам, а беше работата само да помери малку количката за да поминам и се изнервирав, ни пола минута немаше да изгуби.
Кам е број еден маркет. И персоналот им е доста коректен и фин, излегуваат во пресрет кога и да требало. И баш кога има гужва, неколку каси работат за потрошувачи и неколку вработени ја редат робата. А роба мора да редат и во гужвата зошто нели се троши, влегуваат многу луѓе и по рафтовите мора да редат, ќе ти треба нешто а нема роба и после оти немало роба.
Гужва има во сите маркети во одредени периоди во денот. Исто и за редењето роба за кое си има план и распоред и не е дека така им текнува кога да ја редат. Не е само во Камовите. За скопските, барем во Карпош и Центар Камовите се прилично блиску. Ако има гужва или се реди бајаги роба во едниот, ќе си одиш во другиот што е на 15-20 минути од него. Или во скроз друг маркет. А и не е тешко да свртиш на друг ќош во маркетот за да поминеш и да си излезеш. Или да си отвориш уста и јасно да кажеш дека сакаш да поминеш. Не те држат со сила таму.
Секако, јас си зборам од позиција на вработен. Ич не е исто од страна да се гледа и се согласувам со тебе.
Ти си светица ако си чекала 15 мин дур се помери, великомученица Just a kid Ја би рекол у првите 15 секунди ако може да поминам, сигурно нема да не те пушти.
Требаше да и ја потурниш количката, да си поминиш и да и речиш извини мене времето ми е пари, ако почнеше да ти префрлува нешто на тоа само и велиш ччааооо, си заминваш и ја оставаш вчудоневидена.
Јас разбирам се и дека им се брза и на нив и дека постојано викат по нив шефови.. И не ми е проблем мене што чекам, секогаш се тргам најбрзо што можам кога одат со палета.. Ама не гледам зошто да не ја потргне количката , јас ако ја турнев сама ќе ја закачам неа, и убаво и културно прашав...
Да кај тој рафт нема да се кружи од позади.. Едит: Кога влагаш од едната страна има ѕид од другата рафт (да не биде после зошто назад не се врати).
Прво пиша во гужва реди роба сега пишуваш дека не си можела да поминеш. Да не ги преувелучуваме работите, верувам дека никој нема да остави да чека муштерија 15 мин или да не помине. Да, некаде има арогантни продавачи ама некогаш се преувелучува целата работа безпотребно.