Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.706
    Допаѓања:
    38.387
    Пол:
    Женски
    Се размножуваат нови профили како глувци :x

    Од далеку се познава дека се дупли :D
     
    На Зегзи, BlackNight, lovely91 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.006
    Пол:
    Машки
    Хахахах, исто и кујната никад нема да биде чиста :D
    Таман ќе исчистиш све и дошло време пак да се јаде :D
     
    На Зегзи, Трагедијаупмм, KiT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Perfil Falso

    Perfil Falso Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2025
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Точно
    Абе таман ќе ја исчистам,се ќе стокмам и еве ме по 5мин,со крпата пак ја рибам.
    Да се намочам :tmi:
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Ooo да, заборавив и на кујната. И бар за мене, ако кујната и купатилото не се чисти, исто ко цел стан да не ми е чист. I can never rest.
     
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.377
    Допаѓања:
    21.894
    Пол:
    Машки
    Прв пат во мојов живот имав можност да појдам до св.Наум - Охрид да го посетам манастирот и плажата таму и се радував како мало дете.... како дете нигде не ме однесле, а сега сам (со девојката бев) одам да посетам некои работи и се радувам ко сега да сум 15 тина години или помалце..
     
    На minne992, Ѕвездена, Трагедијаупмм и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    43.003
    Не знам како да ви кажам, али ние као нација иаме голем проблем со пироманија, што персонална, што групна...
     
    На Ѕвездена, Hoping, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.610
    Кога работев во кол центар им ждригав на тие што беа безобразни со мене и никад надлежните не ме забележаа.
     
    На L.i.n.a.a, TrueToMyself, Aleks.mar и 3 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    62.782
    Пол:
    Женски
    Каква љубов не сакам никогаш, ама НИКОГАШ да не ме најде.

    Доаѓа жена кај мене на консултација, треба да работи со мене. Доаѓа со мажот и детето. "Мажов" има обврска да го чува детето дури женава не заврши со мене. Леле мори мајко мила.

    10 пати влегоа и не прекинаа, ајде еве ја МАМА, 10 пати детево вриштеше кај него во раце и влезе да праша уште колку ќе трае, па неколку пати ни тропнаа да не поздравеле само, мене ми се дигна притисокот а не па на женава.

    Абе пичка му матер, твое дете е исто, како е можно да си толкав дебил и да не можеш дете да чуваш на 1 час? Значи твое дете е, родител си му, не и го почувуваш на жената, туку го чуваш ебате тоа дебилот ебате. Како е можно еден час да не можеш да издржиш, тешко на таа жена дома со два тодлери, еден возрасен и еден мал. Па уште влегува и ни вика абе тебе те бара. Па нормално мајката ќе ја бара кога не те познава тебе, странец си му.

    Ебате тоа тикварите ебате, пу.
     
    На christinnn, minne992, Ѕвездена и 27 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    7.736
    Пол:
    Женски
    Иако има семејства каде таткото воопшто не си ги перцепира децата, не значи дека твојата опсервација е целосно точна.

    Мајките во 99% од случаите одат на породилно. Значи веќе поминуваат повеќе од 8 саати во денот со бебето. Плус, ако го дои, значи таа го дава јадењето, таа ја дава најомилената играчка, таа ја дава најомилената прегратка. Маж ми беше премногу инволвиран, но, секогаш мене ме бараше. Тек сега после толку години, знае да каже, ти оди си, јас со тато ќе си ги играм, или тато да ме носи во градинка. Децата секогаш имаат фази, макар и на дневно ниво каде преферираат еден родител. Не значи дека некој е помалку инволвиран. Не знам за колкаво бебе се работи, ама верувај дека бебињата не е дека се заигруваат, особено помали, па да му скренеш внимание. Друго е пример, две годишно, три годишно дете, ќе седиш на лулашки ќе се занимаваш, или ќе измислуваш игри, ама на бебе, маломорген. И зависи од бебе до бебе. Некое е да го тупнеш кај непознат, ќе седи, некое, не сака да види друг освен мајка.

    Каква љубов не сакаш да те најде, прекумерна приврзаност со бебето или што?!

    Не знам што се најдов прозвана, затоа што можеби и мојот маж би го нарекла тиквар. А реалноста е дека е најдобриот татко што некогаш сум го видела и посакувала за нашето дете. Колку само он беше инсфрустриран што само мене ме бараше, па дури самиот за себе си викаше, што сум јас потребен тебе те бара и сака. Но, ете, се сменија работите, па сега јас на моменти си викам што ме брка детево, си сака со таткото.

    Лесно е да судиш, кога не знаеш што се случува.

    Инаку за тие татковци што воопшто не ги гледаат децата, имам само најлошо да кажам. Но, не е секогаш така како што ти за еден саат си сфатила.
     
    На TammiB5, BlackNight, Hoping и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.407
    Допаѓања:
    27.420
    Пол:
    Женски
    Баш е така како шо она сфатила. Да бил свесен тој така наречениот татко, ќе го зел детето и ќе го играл надвор или ќе отишле дома додека ја чекаат жената. Ама не, се исплашил он оти ќе треба 1 саат да го почува/игра/облече соблече/нарани, своето дете.

    Да, неспособни се таквите мажи. Овој од постот, е баш таков.
    Мило ми е шо си немала такво искуство со таков маж, јас за жал сум имала, и верувај кога ти викам дека овој е таков.
     
    На Nausicaa, Трагедијаупмм, KiT и 10 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    62.782
    Пол:
    Женски
    Епа не читаш бе срцка. Да читаш нема да се најдеш прозвана, ниту па ќе се навредиш кога некој ја кажува фактичката ситуација. Да, мислам се што напишав, дека татко што не може да изменаџира мало дете (не бебе) на еден час, дури мајката треба да заврши некоја работа е дебил. Родителството е пола пола, таткото треба да знае како да се носи со тоа да остане сам со сопственото дете.

    Не завршивме работа денеска инаку. А ќе завршевме доколку жената не седеше како на шилци и немаше никој од страна да ни вика аааа до каде сте, аааа детево тебе те бара. Мајкава кој ја ебе, нека се ака на 40+ степени низ Скопје по сто пати оти дибекот не знае на еден саат со детето да се снајде.

    Маж ти нит мислам дека е тиквар, нит па ме занимате ни ти ни тој.
     
    На Nausicaa, M&M, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Тоа е дно кое што никогаш не се гледа :D
     
    На Aleks.mar и fbaby им се допаѓа ова.
  13. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Дно без дна. :D
     
  14. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    82
    Омг која загреота е у прашање. (facepalm)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    7.736
    Пол:
    Женски
    Може не вози кола, па морале да дојдат заедно. Може се обесило на врата и вриштело по неа, па пак морале да дојдат заедно. Колкаво дете е многу битно прашање. Постаро дете не верувам дека така се однесува. Не знам што имате во околина, или дали на работното место имате занимација за деца. Пример, ние секаде каде што одиме, макар салон за мебел, има катче за деца. На доктор, има катче за деца, макар и возрасни каде што треба да одат. Ретко било каде да нема нешто за деца. И патем и да носиш играчки, не се интересни пошто ги имаш дома. На некој му текнало, што не кошта да ставиме една маса, листови и боички, некоја распадната кукла, да имаат занимација. Затоа што на крајот е битно, да создадете соодветно пријатно искуство на муштеријата и да не ве боли дали некој со детето дошол или не, или дали таткото не можел да се снајде или не.

    Ти и возрасен стави во четири ѕида, да чека еден саат ќе се швркне, не па дете што експресира емоции на секое можно ниво.

    Сакам да ти кажам, премногу судиш, а малку знаеш.

    Да бил лош татко, таа сама ќе дошла со детето и тек тогаш ќе си речеше, види ја, не знае детето да си го смири, каде е таткото-сељак еден. Секако губи таткото и да дојде да му вришти детето е лош и да не дојде да вришти со мајка му, е лош. Јас пак, не би дошла никогаш кај тебе, да ми судиш какви сме и да не си ја гледаш работата. А да, децата се дел од нас и не постои закон, каде не смееме да ги носиме насекаде. Секоја чест на тој родител што му кажал на детето, смири се, ќе дојде мама и детево седнало и чекало трпеливо. Во кој универзум:D
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.407
    Допаѓања:
    27.420
    Пол:
    Женски
    Има милион начини да се заигра дете, само ако се сака. А ако не сакаш да го заиграш, е тогаш ќе ја бараш мајка му со изговори дека детето плаче по неа.
     
    На Nausicaa, SummerGirl, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    62.782
    Пол:
    Женски
    Фала богу што не би дошла ти кај мене, не ни сакам искрено муштерии како ти. Скроз различна енергија, никад околу ништо нема да може да се договориме. Ако мислиш дека со тоа ме вреѓаш, баш напротив, ми ласкаш, затоа што луѓе како ти не сакам во своја близина.

    Доаѓаат цело време семејства кај нас на работа, и да, сум видела како татковци знаат да изменаџираат дете, се случува да го прошетаат надвор, се случува да го шетаат внатре и да му покажуваат што и како, се случува да си гледаат нешто на телефон, да си зборат, за да може мајката да си заврши работа како што треба. И тоа и со помали деца од ова денес знаат да менаџираат. А се познаваат и дибеци како овај денеска што не знае воопшто што да прави со тоа дете.

    Интересно ми е секогаш како те секира што ќе си помислел некој за таткото, а не те секира ич што жената не заврши работа и треба утре пак да доаѓа на 40 степени, веројатно повторно да седи под тензија и на крај да не се заврши работата како што треба.

    Вистински партнер ќе те одмени кога ти е потребно тоа, нема да те остави за најобична работа да се влечеш со денови оти не знае со сопственото дете што да прави. Ама да, јас сум лошата што ги кажува работите како што се.
     
    На Nausicaa, Трагедијаупмм, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  18. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    3.224
    Пол:
    Женски
    Многу ценам луѓе што на културен начин ќе те грубо кажано откачат за дружење иако вртите на исти места. Толку културно ќе ти дадат до знаење дека се барани од многу особи и немаат време да те вметнат во распоред, ама кога ќе имале ќе те земеле во предвид. Просто од финочата со која те откачуваат дури се гордееш што ти ставиле до знаење дека не те есапат за жива иако сте дружеле, сте вртеле и вртите на исти места. Тоа е вештина што се учи, како да откачиш без да повредиш и при тоа зачиниш со лажна надеж демек во следна слободна прилика...
    Јас како што ме дал Бог што на ум тоа на друм одма отворено би ставила карти на маса особава да знае дека до тука ни било што и да било досега.
     
    На NPN, TrueToMyself, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    најлесно е остај го детето на мајката, таа е задолжена за него. И јас се ежам од такви мажи. Зар уште во 60тите се живее?
     
    На KateKane, DragonFly22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    15.446
    Пол:
    Женски
    Ооо да знаеш колку некои не можеш да ги откачиш директно (потенцирано ладно, кратко, јасно), верувај „финоќава“ колку и да не чини е од рајот излезена. Оти после цмиздрат на директно и се прават жртви. Некои и ќе те демнат, никогаш не знаеш на што си. :drunk: