А има и такви што се прецениле на најјако па си умислуваат дека некој ги демне или дека многу сме се потресле што особата не не' есапи а ти на нив не ни помислуваш освен коа ќе добиеш нивен ненадеен пасивно агресивен параноичен коментар и си у фазон wtf ај откачи се особо за лечење.
Јас воглавно сум директна, не сум така вешта да заобиколувам и шугеркоутнувам како кога некад...затоа ваквиов пристап го гледам како вештина. Просто неверојатно е да имаш таква моќ да околишеш, лажеш и пак во очи на следно да се гледаме и ти си тераш со да, да на следно со тебе.
Се дур си ги учите децата дека, почекување на некој за да влезе во лифт со вас е ДОБРОДУШНОСТ, а не КУЛТУРА И МОРАЛ, ќе ви бидат такви какви што се. Боже, давај ни ум и разум.
Значи нездрава работа е со моториве цело лето по цела ноќ…во населено место, на секои 10 мин фучат како ништо, без ограничувања за бучава, без кацики, минуваат пред полиција, нив мува не ги лази…ужас, ужас, секое лето иста песна, прозор не можеме да отвориме оти нема мир и тишина. Дно.