Сè зависи од тоа колку ти значи личноста. Ако сметаш дека вреди за сето што сте поминале, зошто да не се обидеш – дури и ако значи да молиш. Од мое искуство, кога ќе дадам втора шанса, често токму тогаш ги доживувам најубавите моменти. Можеби вреди да пробаш?
Сдк... Многу години поминаа, многу ствари се сменија, многу километри не делат, многу недостапна е, многу недостапен сум и... А би молел, искрено вака... Сдтк... Фала, искрено....
СДК дека малце се разочарав... аман од овој Балкан. Штотуку станав свесна дека моиве планираат скоро се на брат ми да остават. Да, може сум девојче и помала, ама не ме нашле на улица. Уште од 21-22 години скроз финансиски се одделив од нив и ништо не им побарав. И покрај платата што ја земам, не се расфрлам и си штедам, како да сум предосеќала. Се „окозив“ од работа и туркам напред. Додека брат ми чека на готово, татко ми работа да му најде, кола купи, он само да вози, никакви други давачки. Му готват, го хранат, го перат. Само да се симне со татко ми да поработи и wow, тоа е за браво. 35 години, 3 месеци работен стаж. Успех е што во последниве 2-3 години му помага на татко ми. И покрај се негова ќе биде куќата, шо е доста голема и станот и сите други бенефити, си има разработен бизнис, шо има да се замара од 0 како мене. Епа не е фер, се разочарав. Не се јавиле еднаш да ме прашаат како сум освен ако нема нешо за работа и пари. Се ја им вртам. Ама очигледно ако си добар и не си проблематичен не добиваш ни браво во оваа куќа. Требаше и ја да сум ненормална, да утнам 2 факултети и 10 години од животот, може сега ќе се радуваа ако станев човек и ќе ми ги подредеа работите без јас да се мачам и замарам. Неќам ни да зборам дека кога и да си дојдам дома, брат ми пали колата и иде во станот што го имаме во друг град... срамота, како да немам брат. И после идам ја по психо-терапии, да барам кај ми бил проблемот. Стварно ми се смачи и искрено како отфрлена се осеќам. Не знам само кај ја утнав толку. Не требаше ни да им кажувам колку имам заштедено. Ја глупа дома ја остаив штедната и им верував. На крај искочи ни браво ни ништо, освен тоа што скоро ништо не ме следува. Епа сами си избраа искрено, можам ја и сама да се снајдам. Тажната приказна на секоја Балканска жена... морав негде да се издушам, дека ми е срам за ова со пријатели да зборам. Брука.
И викам на една блиска замисли ме мене трудна. Ваква фаца и ми вика "ауу не катастрофа многу ќе бидеш дебела". Останав без коментар.
Леле колку не си сама да знаеш ,и јас сум со слични проблеми, цел живот прикаска као исто сте и на крај ме отфрлија без ништо, се тоа на муабет као ние да имаме ке тиндадеме ,а на братот се оставија, јас секако немам блиски односи ама после вакви работи, човек се свестува какви родители имал, и болно е сето тоа ама се учи човек дека со сила љубов и прифаќање од родители не се добива. Добро е во сето тоа што си самостална и изградена и ке видиш дека ке си најдеш свој пат. Те гушкам.
Денес некој од двор ни земал столица, не дека ќе има ќар нешто од тоа ама злобни луѓе за инат. Тој што ја украл со таква намера да бог да да ја скрши кичмата и никад да не може на стол да седне.
Не се најдоа ли доброволци и донатори за Антонио Јанковски после сиве овие години? На толку спонзори, снимање на емисии па стварно е безобразно да тоне човекот. Или на времето кога важеше за некој убав лик беше подруго, а сега го заборавија? Многу темнина во последното видео која воопшто и не ми се допадна.
На човек да му се одмили да пише нешто ,посебно во тема љубовни проблеми и совети ,одма стигаат пораки во инбох од х личности , досадни сте!
Пешачев до сега со бебе и другарка со нејзиното бебе... колку беа мирни и слатки, па на раат си муабетевме. Си има синко две преслатки другарки и другарче, сите 3 се породивме една по друга. Сфатив дека ич не излегувам, цело време сум скоро дома со бебе, па кога ќе излезам како навиена сум, не можам да се изназборам.
Ако ја прашаш жена ти колку плаќате месечно сметка за струја, колку трошите за гориво, и колку пари месечно трошите за храна и ти каже не знам на сите три прашања, значи добро се омажила.
Од кога соц. мрежи стана некролошки станици или центри? Леле ххх не требаше да не напуштиш, леле не требаше вака, не требаше така, аманте бре луѓе тоа е Божја воља. Нучете да сте поприбрани, да си пожалите и потагувате во себеси, ај да објави некој член на фамилијата за некои луѓе да дознаат, ајде де, ама сега на секое секој да реобјави, мислам, аманте.
Нели ако родителите препишат на едниот, треба со потпис да се согласи и другиот брат или сестра, не може туку така да се препише без никаква согласнот, јас би се бунела, и се би им плеснала во лице. Јас имам брат, и моиве ништо не препишуваат на никого, кој ќе не догледа кај него ќе оди имотот.
На кој сакаат може да препишат, не им треба согласност од никој. Иначе, да, треба да им плесне се во лице и плус по еден шамар.
за некои земји 25-30 степени е премногу и даваат предупредувања за високи температури. Препораки до луѓето да сме спуштале ролетни и да не отвараме завеси а што би рекле за во Мк, веројатно да се евакуираат луѓе во бункери. Јас не сум во Мк ама се надевам дека нема да е пекол цело лето. Знам многу луѓе не поднесуваат такво време..