Нешто најодбивно ми е кога ќе влезам на страна на некој бутик да разгледам облека и само ставиле бројчиња а цена нема нигде. И фала богу одма се гасам од таму . Не разбирам зошто не стават цени.
Ја трудна шести месец, една другарка ме гледа "ау ќути не си се растресла ко што мислевме" И тогаш сфатив колку е саатот, и баталив...
Арно ми текна да не отворам и читам некои работи кои навистина ме допираат лично и ми ствараат нервоза,вака барем не сум видела ни прочитала и раат сум...
Другарки само на збор.. Уживајте си во животот и не се нервирајте кој што ви рекол и што ќе кажат луѓето. Веројатно од љубомора ви префрлаат така.
првата барем си немаше кланој и верни лајкачки туку си беше уникатна сама по себе и си беше таков карактер. А втората мислам дека сама си замина и не е кавгаџика како што делувала во некои теми овде, баш е коректна и ок.
Зависи од карактерот. Не мора да е љубомора. Можеби е мискомуникација. Можеби другарките сакаат да бидат искрени, само не ги бираат зборовите добро. Другарките не се прави другарки ако ти кажуваат само позитивни работи. Прави другарки нема да дозволат да се уништуваш со дебелеење или слабеење и ќе ти плеснат во лице дека претеруваш затоа се грижат за тебе. А, ти ако си зрела личност ќе се обидеш да погледнеш од нивна гледна точка пред да заклучиш дека те навредуваат или дека ти љубоморат.
Не би рекла дека ценам таква искреност посебно кога станува збор за бременост, иако цел живот внимавам на килограми и исхрана сега не можам да контролирам се трудам но не е исто.
Искрено, може да се кажат некои работи индиректно. Мене другарка, ми има речено 'Леле, колку си се здеблила. Дебела си многу' И почнува да ми кажува што и како да јадам. Е сега, како се здебелив јас? Дали мене ме прашала, дали сум добро? Пример ми изгледаш изморена, верувам ти е тешко само втора смена да одиш. Што направи со апчињата за тоа и тоа. Нели имаше проблем со тироидната? Како се осеќаш? Пример знае дека имам проблем со тоа. И на крај сите треба да работиме на Емоционалната интелегенција. Емоционалната интелигенција се дефинира како способност да ги препознавате, разбирате и контролирате своите, но и туѓите емоции. Наједноставно кажано, складно функционирање на разумот и емоциите.
Не мораш, но трудна и нетрудна ти, некогаш и доктор може да ти даде забелешка или замерка што би било добро да ја прифатиш поради твоето здравје. Ласкач може да е уверен дека ти мисли добро, ама не ти мисли кога ти дозволува да претеруваш. Оној кој сака да ти помогне, нема да ти дозволи да тонеш во залажување. Треба да се внимава на изразувањето. Но не треба секогаш да се лутиме на негативните коментари. Некогаш другата страна го гледа и сфаќа она што ние не го гледаме и сфаќаме. Само треба на време да се расчистат границите за да нема недоразбирања после.
Да ама има и нешто што се вика култура. Повеќето денес се оперирани од емпатија, култура, понашање и мислење два пати пред да направат/кажат нешто. Гадно, безгрижно време е дојдено.
За овоа имам пример што ми се деси. Идам до лабораторија, и се начекуваме со една колешка. " Еве дојдов да завршам работа, Х го чува малиот, туку гледам некако побрзо да иде ( на државна бевме) ЗНАЕШ КАКО Е КОГА МАЖ ЌЕ ЧУВА ДЕЦА. Ова го рече во оправдлив тон. Еј, хелоууу жена... Алоооо. Ако не мислел да го чува, шо го праел. Еб*** прости, што се мажите со вакви. Боже, прости ми, не знам на што ќе налепам јас.
Сте правеле поназад муабет за неспособни татковци. Па да ви кажам, ако имам дете и утре недајбоже мене ме снајде нешто и детево при жив и здрав татко, треба сирак да остане, ондак сама ќе се оплодам со донор. Мајките доеле, ова она. Кисело ви е грозјето само, боже сачувај некогаш да признаете оти мажите за к не ги бива. И во "Испукајте се од мажот" и во Снаи и свекрви, иста песна. Мислам сите си имаме слаби страни, сите за нешто не нѐ бива ама маживе некако колективно не ги бива за чување деца и домаќински работи.
Ботови ли сте, луѓе ли сте, аман, и трудна жена да стравува други да не ја осудат дали дебела била, ебате општеството ебате.
Праам муабет со една другарка.. И велам не ми е добро, ќе му откажам на овој што треба да се видам, оти треба да се запознавам со еден. Леле и велам ако ми се испушти дека не ми е добро и дека ми треба моментално некој за да си праам муабет, да не речам, рамо за плачење. Многу работи ми се случија во рок од 2 недели и иам премн стрес во мене и панични имам, висок притисок и ми се повраќа. И ми вели, НИКАКО мажите не сакаат така да постапиш. Па и велам во право е, поарно сама ќе си седам дома, ќе излезам до парк. Откако да се жалам некому. Си велам, зар до толку сме бе отчоечени? Ма, да во право е, ако се ставам во негова ситуација, да излезам со некој што ќе ми се пожали..... Значи со МАЖ ТОА ЖАЛЕЊЕ НИКАКО. Треба глума ми вели терај дека ти е супер и биди кул. А дали МАЖИТЕ ЗНААТ КАКО СО ЖЕНИ? Зошто кај нас постои тоа СО МАЖ така не, а како тоа НЕ СО ЖЕНА. Дали МАЖИВЕ знаат КАКО НЕ СО ЖЕНА?
И на темава да се надоврзам. Јас по гости знам каде им стојат садови, кафе, храна па ако сум помагала нешто, не ми требале детални инструкции. А маживе не знаат кај стојат садови, зачини у домот у кој факинг живеат. Мајке ми.