Сесре, нив К ги боли, кога има некој да трча по нив и да готви, и да пере и пегла и да им собира валкани алишта шо ги фрлаат од ходник до спална. И после не сакаат да слушаат жалење, на жена им, како им е тешко, пошо и бебе гледаат, и куќа чистат, и одат на работа и плус се грижат и за нив ( The Big Baby)
Мое мислење е дека во таков круг се дружите на луѓе... и така се гаѓаат дечковците ај белким не е се така црно ко шо се опишува на форумов..
Ако во твојот не знаат, не значи дека и другите не знаат во своите домови кај им стојат. Браво, опасна си. Мене баш ме заболе по туѓи домови кај им стојат работите.
Дечки ајде да се разбереме не се сите исти.Значи првиот дечко што ми беше (сега е веќе женет,татко е на две деца) човекот не знам дали имаше нешто за што не го биваше. Куќата секогаш беше тип топ ако си дојдеше пред мене.Готвеше,средуваше,идеше на работа,едноставно се гордев кога ќе кажев дека ми е дечко.Сега е веќе прекрасен татко кој знае како со децата(дечар невиден беше и пред тоа).Јас не успеав со него ама ете на друга и се посреќи-и среќна сум што е така. Имам другар кој е пред развод со жена му-и тој повеќе сам ги расте а не е едно 3 се-јас поминувам повеќе време со нив бидејќи јас ги обожавам и уживам во секој момент со нив,а мајка им уво не ја боли за нив. Имам комшија што исто е татко на 1 дете ( има аутизам душиче ) и тој сам го чува. Што значи девојки има и од оние што знаат како да функнкционираат и сами со деца.И плус куќа да одржуваат.А тоа што ние налетуваме баш на тие мрзливите и очекуваме да се сменат-сами сме криви.