Реонски полицаец не можеш да најдеш со години наназад, за жал. Можеби нешто би сменило да ги има, кој знае
Не ми е јасно како е можно драмава да се случувала во 15 часот привавата 15.30 полиција дошла на местово после цели 10 часа.. толку не примети никој дека луѓево ги нема.. а да имаше реонски полицаец можеби убиството ќе беше спречено..да имаше шумар пожари немаше да има..
Зарем толку време поминало од доаѓање на полиција, чудно како се чекало толку долго, ако биле во залошништво жртвите и убиецот го најавил злосторот како не реагирале порано. Допрва ќе чуеме што се дешавало, секој ден само лоши вести, мачни и тажни
Во контекст на случкава во Прилеп, немојте пак да читам за стигма за ментално здравје и слични работи. Ко божем братов неќел да ги убие ама пошто некоја теткица му рекла срамота е на психолог да оди, што ќе прави кутриот, место да побара помош, земал ги убил. Да, (некои) луѓе со ментални проблеми заслужуваат помош и поддршка. Ама други не треба да ги третираме ко да биле жртви оти не побарале помош ради јебена стигма и не треба да се движат меѓу луѓе оти се реална опасност. Треба да им се помогне ама не пошто они заслужуваат него за да се заштитат другите, фала богу. А за вакви скоро и да помош.
Буквално, прособрана дечурлана, нит поминале физички тестови, па камо ли психолошки... Треба да има критериуми по кои се бираат, не смее маж од метро и жилет со 50 кг да биде полицаец, едноставно е. Вчера се тркаат возила по улици, на пешачки луѓе никој не запира, полицајци од двете страни на пешачки, никој не реагира - никој. Едниот в телефон, другиот јаде кроасан.. Беда. Недај боже некој инцидент, што викаш први ќе избегаат.
Така прават полицајците.. кога двајца се тепаат ти стојат настрана кога ќе се дотепаат ќе отидат да прашаат дали сакаш да го тужиш.. ете вчера си дремеле 10 часа.. и после уште некој час подремиле..почекале да се самоубие убиецот
За жал, ова е проблем кој е проструен насекаде, не само кај нас. Впрочем, јас сметам дека е влијание кое доаѓа отстрана, дека: Сите се жртви, Сите се греота, Се' е траума, Се' се оправдува, Се' што некогаш било психопатологија денес се нормализира, Сите имаат право на глас, Сите се уникатни, Психолози и психијатри губат лиценци ако кажат какви се работите, Психолози и психијатри бидуваат тужени ако ја изнесат реалноста, и ова се случува и кај нас. Можам да набројувам до недоглед. Нема институции, нема служби, а и тие малку стручњаци кои си ја познаваат работата, не смеат да дејствуваат онака како што треба.
И шо имаат врска сите овие работи кои ги изнапиша? Ти знаеш колкава е бројката на луѓе ментално болни кои не се опасни наспроти ментално болни луѓе кои одат и убиваат други луѓе? Или вакви вести ти се во прилог за да доведеш во прашање дискусија која не е ни спомната? Скроз нема ни смисла ни место муабетов.
Ај прочитај ми го пак постот Јас не зборев за тие што не убиваат. Муабетот е дека за тие што убиваат и се опасност за другите, ич не им е крива стигмата. Нив не им треба поддршка и сожалување. Оти секогаш при вакви случаи се отвораат истите муабети - ментално здравје па ментално здравје. Тие да сакале помош, одамна ќе ја побарале. И болје ич да не се отвори темата како за претходни случаи што се зборело.
Да, те сфатив и пак мислам дека не си во право. Скроз е на место муабетот што се отвара, можда да идел на психијатар немало да кулминира до убиство. Не знам што ти е поентата, ти пречи да се збори за ментално здравје и стигма, ама после се прашуваш зошто вакви луѓе шетаат слободни.
Не ми пречи да се збори. Ми пречи што ваквите луѓе се иземаат од одговорност за свое ментално здравје. Никој не треба да ги однесе на психијатар, сами треба да отидат. Не е стигмата крива, сами се. А ако он не е, другите околу него па ич. Не можеш на никој со сила да му помогнеш.
Апатија голема и најлесно е да прајме проценки и паметни на нешто што се случило.. најпаметно е да се права психоанализа одвреме навреме на луѓе што чуваат и имаат дозвола за оружје...
Штом не е свесен се работи за психопатологија. Без исклучок. Кога се работи за психопатологија, семејството само може да биде поддршка на тој член, но неможе само да го реши проблемот. Тие луѓе тешко да може да ги одведе некој на психијатар. Еве да речеме ќе го земе жена му под рака и ќе го однесе. Не оди тоа така. (Друг проблем е и дали членовите на семејството имаат знаење што е психопатологија - на пример може цел живот да ја тепа и да мисли од љубов, дека ја сака...) Ви ваков случај мора да има соодветна институционална поддршка. Ако го препознае некој од дома и ако пријави, знаеме дека кај нас не се реагира, или ако типот е локален батка - ќе му се плашат (муабетот од погоре). Еве ако не го препознае некој од дома, матичен лекар има капацитети да би го препознал, па треба да пријави на соодвено место. И ова е многу дискутабилно, дел од нив се одлични манипулатори. Но, во овој случај, човеков имал оружје, бомби и сл. Кој му дал дозволи за оружје, како набавил бомби итн итн... Сигурно не од институција како комуналец, туку од мвр каде мора да има мултидисциплинарен тим кој ќе одлучи дали и кому ќе му се даде оружје. Не дека без тоа не може да земе секира и да кркне некој, ама сепак... Станува збор за сериозни проценки, кои кај нас или не се прават, или ако се направат не смеат да зуцнат, оти тешко на тие што ќе напишат дека тој некој локален шериф е психопат.
Дали имал дозвола и колку бил претходно нормален, не знаеме. А дека сум јас апатична...верувај на своја кожа увидов дека со сила на никој не му помагаш. Само себе си го трошиш времето и нервите и сам ќе оболиш ти на крај.
Никој никогаш никаде не го кажал ова ама ок. Сама си измислуваш аргументи за дискусија која не ни постои. Ако ова што го збориш е од твое искуство, можеби треба да разграничиш дека твое лично доживување не е подеднакво исто ко секој друг таков случај на светот. А стигмата(оваа стигма која и ти ја имаш), секако дека си има своја улога. За да некој прифати лекување, првиот чекор е да не биде стигматизирано тоа лекување од цела околина. Не знам како го замислуваш ти совршениот свет, ем сакаш да продолжат да се стигматизираат ментални болести, ем сакаш да сите потенцијално опасни луѓе магично бидат изолирани од тебе. И што е решението, од дома со сила да нѐ хоспитализираат врз база на пријава од комшии?
Јас не се осеќам крива оти некој не отишол да се лечи. Гилт трип на велико. На негова одговорност е. И која стигма ја имам? Што ми е битна мојата безбедност и живот? Да јебига, ако нечија болест ме загрозува мене, не го сакам во близина. Животот ми е побитен. Едно од решенијата е да не окривуваме рандом луѓе за нечие (не)лечење.
А океј јасно ми е, од некоја причина се пронаоѓаш во дискусијава. Нема ни поента да се цитираме кога си проектираш свои искуства.