Ајде доста биде овоа жешко лето нека мине конечно, не можам да се отспијам како човек,топло,комарци триста работи се дешават.
Ми излезе вест за Трамп и од таму црпам инспирација за ова, ама ќе го зборам општо. Ако за нешто си ветив дека на форумов не зборам е политичките теми и цел циркуз околу политичката сцена. Зборам, а не кажвам ништо. Многу луѓе се pro-life се додека не се роди бебето и после наеднаш не е важно да има топол дом, не е важно да има соодветна помош за живот, не е важно да е сакано од родителите. Важно е да е само бројка која фигурира во кревање наталитет. Важно е дека не сме "убиле" фетус (не бебе!), иако кога веќе ќе е бебе страда за сите пари во семејство шо не го сака, е тепано или запоставено, во дом за сираци каде никој не го одбира, па ете пита на улица, гладува. И срам ми е во туѓо име зошто сум ист вид со "луѓето" кои дозволуваат се ова да се случи или во најмала рака го охрабруваат. И се то под превез на емпатија и љубов. Ако осеќавте трошка емпатија и трошка љубов немаше да дозволувате деца да страдат и умират.
...И без разлика каква одлука ќе донесеме, што ќе кажиме или премолчиме.. Земјата и понатаму ќе се врти, сонцето и понатаму ќе изгрева и заоѓа, со или без нешто/некој. Life goes on.