А која е твоја дефиниција за фетус? Нешто како израсток кој може да се извади како и било што друго несакано во телото... ? Мојата логика е, штом има срце што чука, тогаш тоа значи живот. Ти прекинуваш срце што чука, значи прекинуваш живот. Не е тоа обичен тумор, т.е збир од ткива без некоја посебна (корисна) функција сам по себе. Не е толку едноставно како некои што го замислуваат.
Фалат оние денови од детството кога за прв пат почнаа турските серии во Македонија и заедно скокоро со цела Македонија седнати тоа време пред телевизор ги гледавме. Буквално во мало да дојдеш крадец тоа време, цело мало ќе ги ограби никој нема да го види, затоа што сите гледаат серија.
Шо и да е дефиницијата, гинеколог не смеј да е тој кој убедва или одбива абортус на мајка шо му треба. Омилен муабет на темава ми е дека јајце клетки, ама особено фетуси - можи да се замрзнат и покасно да се всадат. Баш барав на темава кои ми се шансите за всадување ако имам неоплодена јајце клетка замрзната и ако имав шанса фетус да замрзнам, па така од тогаш ми остана мисла како не мислам дека бебе можиш да замрзниш и покасно да го растиш. Do what you will with it. Јас пак ќе се повторам од муабетот некни шо го праев. Сите се про-лајф и против абортус дур не се роди фетусот и стани живо бебе. Па после како ќе заврши, сакано или не, тепано или не, вишок или на улица да пита - на никој не му е гајле. Важно ✨се роди✨. Lowkey хипокритично, lowkey дволично. Уз пат некој ќе повтори како е греота детето. Како не секој треба да е родител. А, шо ако то дете е од дупнат кондом и абортус ќе спречело страдање пошто јбг, не секој е за родител? Некој ќе речи дом за деца (особено за деца со потешкотии и деформитети за кои би одбиле покасен абортус). Јас сум од оние шо многу сакат посвојување. Ама реалноста е дека ако не е максимално здраво, и ако не е бебе - ќе заглави во системот цел живот. Јас уште има деној кај шо плачам девојче од домот, од кога одев таму, шо не го земаа зошто му броеја вишок прстето на ноџињата, инаку скроз здраво. Ова го мислам под "максимално здраво", за ситници се фаќаат е-хе. Еј ама бар живо е. Шодека difficulty му е на макс. Целта секогаш е контрацепција. За жал некогаш и та контрацепција потфрла. Следно, кога се збора за абортус се збора најчесто до 12 недела. После е само под специјални услови. Ама, гинеколог не смеј да одбие ако тие специјални услови се исполнати. Ама баш не смеј. Пошто некои такви ставови директно влијаат на неговиот квалитет на работа. Чист пример гинеколог против абортус. Психолог шо ќе дискриминира против одредени ментални потешкотии пример или психолог кој има предрасуди кон одредени групи (било етнички, било сексуални итн.; не можам да работам со геј особа и за неговото искуство ако јас сум полна предрасуди и го гледам како подолу од чоек), доктор шо поќе ќе верва во тревки него во лекови, исто ко шарлантани доктори шо шират невистини било за некоја процедура, лек, вакцини и луѓе умираат или страдаат ради нивната лична, невистинита, теорија. Еве ај да не е само за здравје, адвокат ако се води по свој морален компас никогаш нема да застапи било каков криминалец. Ама колку и да се гомно на општеството, пак мора некој и нив да ги застапи и секогаш има некој шо или ќе го платат или судот ќе му го додели. Спомна наставник. Има луѓе шо сметат дека насилство/ќотек е од рајот и одлична алатка за воспитвање. Наставник со овај став со стапче смеј да удира по децата? Вакви има примери милион. Само зошто е возможно и се случват вакви ситуации, не значи дека смеј да е така. Личен став мој не смеј никако да влијај на мојата работа.