Да ти олеснам, мене ми имаше речено : Наркоманке една, иди лечи се ( оти пијав, антидепресиви), Сите жени сте исти - гнасни( нешто за WC правевме муабет, му кажував дека на работа кај нас тој ден, беше женското ВЦ беше нечисто ), уште ми рече мислиш дека јас тебе ќе те трпам? Хормоните како ќе те мавнат, така мене ќе ми се однесуваш? И така.... Будала
Ве молам не си го губете времето со некој што се понаша вака спрема вас. Нит ве сака, нит ќе се смени. Никој (!) не заслужува вакво однесување и непочит. Ни мажи ни жени. Не сте родени за некој да ве "трпи".
во петокот беше супер.. камерен оркестар супер беа.. откако заврши Антонија што вриска наместо да пее заминаа дечињата..
Фала Богу некој да признае дека вриска.. Пошо талент била женската, нема шо. Ич не ја бендисувам. А у живо па ретко кој знае да пее, за вриштење сите не бива. *** Неповрзано со ова, ради тоа што мразам гужви, толпи, набутана раја околу мене, мразам идење по концерти, дискотеки, фестивали и сите тие такви гласни бучни места. Хаотично ми е, едвај чекам да излезам и се приберам, и не, не уживам ни малце. Сакала или не да признаам, ама криво ми е. Уживање во музиката и опуштање на овој начин никако.. Веројатно социјалната анксиозност си го праи своето. Никако да се осетам комфорно кога сум надвор од комфорот, значи не иде и не.
Немаше воопшто гужви.. со точак се поминува низ луѓено.. вчера единствено за харис.. таков ни е менталитетот..
Од новите пејачи, само Џејла Рамович кога пее, мелем е за уши. Таков глас, стас, нема никој што може да понуди моментално. Има потенцијал да стигне и до нашиот Тоше ако вака продолжи. Не слушам многу балканска музика, ама она ми е слабост. Совршена е.