Знаеш дека другарка ти те сака кога сабајле те буди со Babe I'm gonna leave you на звучки. Убав слободен ден,sleepover,за викенд планови,роденден на блиска личност,ново фустанче,научено за тестови,црвени нокти,мартинки и водка. Така некако? Петок,сабота..аа све!
Spoiler И мене порано многу ме нервираше тоа. Ама ете, како минува времето се променувам. Па кога ќе паднат внатре се помекички. Полека полека ќе научам да извлекувам позитивни нешта од работите. Хаха. Сепак е некој почеток. Инаку колку е само прекрасно кога наеднаш ќе дознаеш дека роднините од странство дошле и ќе останат една недела. Колку прекрасно изненадување До душа само тетка ми и едната братучетка, ама ако. Конечно дознав што значи да имаш прекрасен ден, од почеток до крај. Уште од сабајле со убав појадок и чајче, потоа со најслаткото бебенце на светот, и на крај едно попладне полно со смеа со роднините што одамна не сум ги видела. Што уште да посакам? Ви испраќам многу позитивна енергија. Ми се чини денес и за продавање ја имам, и покрај овој тмурен и малку дождлив ден. А отсекогаш мислев дека расположението ми е според времето.
Значи колку што ја сакам музиката од 80-тите, толку не ме привлекува нагласениот стил на облекување и шминкање од тој период. Озбилно, полесно замислив ми е тој вид на музика со подискретен, помистериозен стил.
Многу ми е досадно и плус се нервирам што треба да станам сабајле , прва смена сум , а многу е ладно :/
Почнав со пакување на моите работи.....сеуште е рано ама ете сакав да почнам од некаде.Почнав од моите слики,моите спомени,дел од моето минато ќе го понесам со мене во новиот дом.Минато исполнето со убави и лоши денови.Животот ми се смена откако се вљубив во него,и наскоро ќе бидеме заедно,засекогаш
Цимерката не ми е тука веќе цела недела и некако ми одговара цел стан за мене .Си правам кафенце,си го поканив златниот мој на гости,ручеци и деликатеси,музика по мој вкус на цел глас,ма се што ќе ми падне на ум Ми текнува прва година кога започнав,не се прибирав во станот,стално по кафиња,по ресторани,ненормално трошев пари,дури сега се срамам.Башка стално меѓу луѓе бев,ептен ретко сама со своите мисли да останам. Во моментов,едноставно уживам во самотијата,иако го поминувам поголемиот дел од времето во учење. Веќе не излегувам толку често,штедам ненормално,се фокусирам на приоритети и размислувам за иднината. Дали тоа јас конечно созреав? Ма какво зреење,што филозофирам,одам јас да си пуштам Хари Потер по милионити пат,а вие имајте убави сништа. Ве сака Мароска
Ни ме знае ниту ме познава а лаже ,ме лаже бе луѓе упорно во нешто што сум сигурна дека не е така. Не ми е јасно и никогаш нема да ми биде што добиваат луѓето со тоа ,што добиваат ако излажат за небитна работа,што добиваат ако се претстават во друго светло а немаат ни ронка од тоа,што добиваат ако кажат дека имат многу а немаат ништо,што добиваат кога ќе кажат виделе се а точното е дека не виделе ништо Многу верувам и можеби на моменти сум наивна како што некои велат но јас мислам дека ако јас нелажам и никој друг не лаже но не е така. Луѓето си лажат и измислуваат на големо иако ништо не добиваат од тоа,сепак нивниот свет е богат со големи лаги кои еден ден ќе се растурат пред нив како кула од карти и пред очите на другите ќе бидат никој и ништо. Нека ви биде чиста душата и совеста мирна подобро кажувајте си како што е отколку да измислувате работи кои немаат никаква допирна точка со вас
Пак пишам во ниедно време на форумов,тоа ти е јебига наопаку живеам,сите спијат јас будна ,сите будни јас спијам,сите напред јас назат ,сите назат јас напред ...чудак Ова није живот ова е лом https://www.youtube.com/watch?v=Gvchbkh4jQY
Добро утро! Омилено нешто кога ке станам сабајле покрај него е така да си лежам стуткана во него и да го гледам како спие. Утрово покрај него станав со насмевка. Не знам зошто дома едвај некако со тешки маки и сили станувам во 10 (затоа што морам), а тука кај него до 6 накасно сум станата. И да сакам не можам повеќе да спијам. А тој си спие и си спие, мака си нема , ќе стене кај 10 кај и да е. Полека мислам дека животот ми се средува. Лошите денови се зад мене. Се надевам нема пак да се вратат. Не сакам низ тие работи што поминав пак да ги поминувам. Ама како велат после дождот доаѓа сонце. Всушност се е во нашите глави. Ако мислиме негативно, песимистички, исполнети со злоба, завист, љубомора нормално нема да бидеме среќни и ќе тонеме се подлабоко, самите се уништуваме.
СДК вчера цел ден како недела ми беше. Барем така се чувствував лежејќи дома. Денес се будам со мисла дека е понеделник па после ми текнува дека е петок. Ми се пореметија деновите ама добро е викенд е на повидок.
Денеска се осеќам ружно како шлаем од лама заразена со ебола. Секогаш пред важни денови,како еве,славење на полнолетството ми,мора да ми искочат милијарда гадинки и недефинирани створења на лицето,како на пример огромна бубулица среде нос или среде веѓи ко да сум Бандини,и да ми никнат бркови како да сум индиски сом. Епа денеска,се тоа искомбинирано Ќе треба да одам на козметичар,маму му. Ако не ми помогне ни козметичар,идам право кај Иван Исцелител,да ми ја усречи фацата. А ако ни тој не ми помогне,ќе се шетам со ќеса на глава,и пак ќе бидам секси бич Изгледам како Гулабица да ми седнала на фаца. Ти благодарам за најубавиот роденденски подарок,мајко природо. Гоу фак јорселф,сунце ти калајсано,два кратера и Монт Еверест и меот на Цацко да ти никнеа на фаца,да не беше апстрактна кучка. Добрата страна е што,секогаш лицето ми се прави како географска карта баш пред денови на кои што треба да си поминам убаво,па ако се водиме по таа логика,убаво ќе си поминам. Видовита краљица Стршленка,гата на бубуљици
Можете вие да се бањате во 12 саат навечер? Ее, можам и јас Ама сигурно неможете, да ви ставаат вакцина во раката а да ве болат мускулите во нозете Туку, работава не е до смеење, за плачење е Цацко ми беше крив синоќа во ниедно време да се бањам, да пишувам домашно и уште да ми е мокра косата Абе ајде, удри бригу на весеље! -Па како иначе? :geek: Ајт поздрав
Секогаш се плашев од моментот кога останувам сама. Врнежливо време, топол чај пред себе и илјадници мисли кои ми ја окупираат главата. Претпоставувам дека не е поради тмурното време, ама веќе подолго време душава ми е немирна. Го нема оној мир кој го чувствував, треперењето на срцево при секој убав момент, безгрижните и невини насмевки, сјајот во очите..топлите прегратки. Иронично е сега да изигрувам жртва, кога тоа е последното нешто што сум. Јас сум, јас сум тотален странец за себе. Воопшто не се препознавам. Ако некогаш страшно ме иритираа лагите и сплеткарењата, денес пред огледало ја гледам истата таа што некогаш ја мразев најмногу. Побогу, во што се претворив јас. Единствената убавина што ја имам, и смислата на мојот живот, ја згазив. Баш онака, без размислување. И така, сега е редот на каењето.
Колку било прекраснооо... маа како прекрасно.. НАЈПРЕКРАСНОО да си ги ругаш бившите! .. До порано си мислев “Ауф, ќе го ругам - ќе му дигам акции или ќе испадне не сум го преболела, па алапача дрндам за него нешо сеа“... Али не било така, еве се осеќам као Кралот Артур моментално Толку сум горда на себе, како кујзнае шо да сум напраила Нездрава џенцка, знам! ... еве сеа ќе си рокнам музиче пошто сум сама дома и ќе си прославам, мада незнам ни што славам, али нека биде де.. ... А вие имајте си убав есенски врнежлив ден
Не знам сеуште каде сум. Мислам, во книгата де. Да, да, ја почнав и петтата книга во редот на недовршени или изгубени. Ама, оваа морам да ја довршам. Ветено си е ветено, а јас си ветив дека ќе ја напишам, па ако сака и светот нека се урне.
И после долго време луѓето не гледаат околу себе.Не гледаат дали со своите зборови некого повредуваат.Но колку добра и да и направиш сепак за џабе е.И да направиш 1000 добра а по грешка едно недобро сите добра ти ги забораваат само тоа едното недобро ти го паметат.И потоа стануваш лоша во нивните очи.Не не сум совршена, и немам да бидам.Јас сум она што сум.Сакам еден ден да бидам личност со силен карактер и со свое ЈАС,а не копија не некој друг.И за разлика од другите тинејџери немам идоли.Немам стравови освен еден а тој е да не ги изгубам моите најблиски.Животот е краток и немам намера да го трошам на ситници и на нервози кои ми само донесуваат лошо.Уживајте во остатокот од денот
http://www.youtube.com/watch?v=Y_f6tIl_In0 Петок, па и дожд, уште па и студи. Па и планови за вечер кои не се мои и не се согласувам, ама морам... А јој... ми се јаде ми се плаче. Вагата ќе ја искршам. И НЕМАМ ШТО ДА НОСАМ, ДОБРО? Стварно немам што да носам и го МРАЗАМ времево, ама го МРАЗАМ тотално! Овој меѓупериод во пмс ми е најужасен секогаш во однос на облека.
Во суштина, проблемот не е во количината на зборови, туку во вистинскиот избор и нивниот распоред за да создадеме моќна конотација.
последен ден midterms држете ми среќа резултати до сега : Spoiler геометрија : 98% физика: 91% ликовно: 100% на двете шпански : 90% listening 100% speaking и денеска правам writing fashion: 100% цела недела под стрес сум ама се исплати