Значи нема еден соодветен научен доказ дека аспартамот, во количини кои потенцијално можи да ги консумира еден човек во еден ден, е штетен. Научните студии кои алудираат на неговите канцерогени својства се правени со огромни концентрации кои се еквивалентни на околу 50-60 лименки кока кола. И не само за аспартамот, туку и за еден куп други супстанции, пример натриум глутаматот има огромен fear mongering базиран на научни студии кои својствата ги испитуваат на огромни концентрации од супстанците или студии кои не ги исполнуваат критериумите за квалитетна клиничка/научна студија. Па така бидејќи еден лаик, се зафаќа за шокантни и скандалозни наслови, многу од работите несоодветно се толкуваат.
Јас откако се нафрлив цела од Кока кола зеро алергија добив бегам како ѓавол од крст. И онака не пијам многу кока кола.. дали една лименка неделно ...
Една нова особина што си ја сакам кај мене е отворено да сум безобразна со луѓе кои не ми почитуваат личен простор. Ќе дојде ќе праша демек за автобус кога иде или саат и океј, ќе кажеш. Па тоа преоѓа во ти како се викаш, каде работиш, ајде да се запознаеме. Го игнорираш, не прекинува. Некои се осмелуваат и да те пипнат. Па земаш му отеруваш во три лепе цела фамилија до седмо колено, си се тргаш и си тераш со денот дур овој паламуди каде им е културава на младиве. Така треба само со вакви. Оти секогаш бев абе ај не се брукај, ај биди културна, ај може погрешно сфаќаш. Ама јок, некои луѓе не сфаќаат поинаку.
Шеќерот е она што не можеме баш да го избегнеме оти го има во сè, значи и во она што го сметаме за „здрава“ храна. А, ретко кој критикува колку е штетен. Аспартманот го има во помалку производи и поретко го внесуваме, но на големо се драми дека е штетен. Е***е логиката...
Maybe it's just me, ама аспартманот дека е штетен прв пат прочитав тука дека 1) постои и 2) е штетен. Па после тргнав да читам подетално, а не па да има завера против whatever it is. Шеќерот е штетен, ама во мала количина не "убива". Ко и многу работи. Дека не се збора за штетноста на шеќерот е заблуда. Можда оти црпам рецепти од фитнес страни па гледам колку време пакетче (кафеав) шеќер ми седи на рафт. Додуша чоек ко мене шо често бурна реакција има на засладувачи - шеќер некогаш ми е един извор на блажина покрај природни работи како мед и јаворов сируп. Јадам благо, сакам благо. И ми е голема маана. Среќна сум дека благи пијалоци неќам, газирано па ич. Можда и зато ми е далечен цел овај муабет шо го читам денојве.
Не е грешка да се чита па и таа книга, битно е какво влијание ќе има на читачот од кој агол ќе ја сфати
Кафеав шеќер ти е нерафиниран, нема разлика, ако веќе правиш замена најдобро ти е стевија само проблем е што не сме навикнати на вкусот кој го има таа
Користам кафеав оти ми е повкусен, нема подлабока причина. Ама пакетчето не знам мувла како не ми фаќа од шо ретко користам шеќер оти е "лош" према фитнес рецепти. То уствари ми беше поентата. Не дека кафеав е подобро. Стевија цревата не ми крепат. Најголема болка ми е то. Пошто страшно ми се вкусни работи со стевија.
Во Јануари си посакав 3огромни желби. Две се остварија, третата е на пат за остварување! Преблагодарна
СдК две работи една позитивна една негативна па кога ќе го прочитате ова да има баланс Од толку глупости годиниве моментално ми е најубаво треба да бидам а мене ми е страв да сум среќен, се некое срање чекам да се случе.
Пуштам ТВ рандом, и ми излегуваат Силви Бенд во утринска емисија. Не знаев дека уште постојат, и дека уште творат музика. 35 години кариера славеле, а последен пат беа релевантни пред 20. Уште си стојат автентични на својот имиџ, и не се ниту ден остарени. Какви беа, такви се.
Не постои човек доволно созреан, доволно ментално и емотивно излечен, и доволно мудар за да биде совршено добар за да биде родител. И не е доволно "ама јас барем нема да/не го тепам моето дете" пошо несозреаност, комплекси и его, се баш тоа како и да е. Сите патиме од нешто и не гледаме доволно јасно во апсолутно секој момент.
Мене најмногу носталгија ме тепа кога гледам Беверли Хилс Буквално како да тажам, за детството, за мирниот живот кај секој. Кога бевме сите деца, а родителите млади и полетни . Дури на тага ми удира психата, а гледам сега сите остарени, врмето полошо . Понекогаш се прашувам кога брзо летна времето, многу ми недостига.
Од шо го нормализирате " кој маж те сака болна?" и " кој маж ќе те трпи тебе ако му плачиш и му се жалиш дека за Х причини ти е тешко". Е до тука сме стасани. Јас не разбирам зошто ќе ми е маж ако не ме поддржи и не ме сака кога ќе сум преемотивна и не дај Боже болна. Зошто да бидам со него? Јас само да му бидам него и мајка и татко, и слугинка, и ку*ва в кревет и се? А, тој?
Случајно да не знаеш кај да најдам чиста квалитетна стевиа? Онаа на виталиа е еритритол со 1.3% стевиа, на витаминка исто премал % стевиа.
Не сум многу по социјалните мрежи, отварам, видам и затварам. Отворам колку нешто да ме изремети. Добро овие што ми излегуваат на насловна што се ставиле опција да ги следат, може да ставам некако никој да не ми излегува? Ај кога ставаат слики, нешто такво за убаво ок, ниту отварам, ниту гледам непознати, не ме интересира. Ама луѓе секојдневно некој објавува за некој починат, најчесто млади и ептен се потресувам. Јас за секој се потресувам, без разлика познат, непознат. Можам да ставам оција да не ми излегуваат освен на пријатели новости? Ова напорно вака
Искрено не го разбирам чувањето на маче, сакаш да го чуваш, твое е ама иде по туѓи дворови прља, крши, растура…..мислам треба дома да се чува