Јас не знам што се случува со мене, ама во животот волку пари не сум трошела никогаш. Можеби зошто дома секогаш сме живееле скромно и сме се научиле да се задоволиме со малку. Фала богу благодарна сум за се, моите колку имале се за нас било. Секогаш секаде сме биле со сестра ми со броени пари, а сега сум како куче пуштено од ланец. Добра плата зимам и толку се опуштив со шопинг не можам да се сопрам. Башка во фаза сум каде што менувам стил и за тоа ми треба нова гардероба.
Не можеш за сите да исклучиш. Треба за секој посебно. Горе десно кај што има 3 точки ќе кликнеш и најдолу на Блокирај го профилот.
Сејм.. Али ја ќе морам да се стопирам, пошо вака нема да може више. Претеризам стана моево. *** Случка од вчера која ми стопли душа: Седам во еден од моловиве, го чекам либево да дојде, си дремам, скролав нешто да помине време, слушалки во уши, занесена. Не сум ни приметила дека седнала некоја бабичка до мене. Случајно фрлам поглед, се обидува нешо да ми каже, паузирам музика, вика да не ми сметала што седи, нормално викам не, праша и колку е саатот зашто беше рано и продавнициве уште неотворени. Ми кажа и 'на баба убавата' ... Аииии бе Толку слатко ми дојде ова особено поради тоа што со години неам кој вака да ми се обрати.. Е вакви нешта премногу значат, и колку можат ден да ти разубават Рандом бе сосем рандом непозната особа. Е за разлика од најблиските кои знаат да те избедираат, и така да ти набиваат комплекси.. Страшно нешто.
Скоро негде прочитав - Ако жена покрај партнер се однесува како среќно и разиграно дете, значи дека покрај себе има маж и зрел партнер. Ако се однесува како мајка, значи дека до себе има недозреан сељак. And I couldn't agree more Па така овие што цело време ги потсетуваат мажите како изгледаат копани во маркет, како се пушта машина, собираат и чистат по нив и имаат авторитетен однос према мажот оти во спротивно кутриот нема ништо дома да фати, покрај себе имаат недозреани детишта.
Може ако застануваш на такви објави, алгоритмот после сам ти ги вади само црните хроники. Имаше мислам опција да ти се пријатели, а да не ги следиш; евентуално да блокнеш или расчистиш листа на пријатели. Пример, имам една во пријатели што ѝ го слика гробот на мајка ѝ најмалку два-три пати во годината. Премногу е фина во живо и е супер лик, ама не го сфатив тоа „јавно“ споделување конкретно за вакви нешта. Знам дека се најдовме еднаш и на темава, мислам дека така ѝ е полесно кога добива некој вид поддршка..и така се преиспитав дали јас сум заостаната што не го гледам ова така..или просто што не барам општо поддршка околу вакви теми.
Денес тешко од тие првите да најдеш, денес жените се сами си прават мажите се тука само за деца правење.
Чекај полека дај му шанса, вака и за Биткоинот велевте На промо видеово уште кока му фали, за да биде се како шо треба
Дојдов да си кажам нешто што и сама не го разбирам. Толку многу си го сакам меденово детуле мое, што е болно дури. На самата помисла дека може некој да го повреди, навреди, омаловажи, исмее скраја да е, ми доаѓа да вриснам. Денеска на игралиште имаше две недружељубливи девојчиња и две момчиња. Ич нејќеа да го дружат, да му се насмеат. Дури и ко тргна топката да ја игра, ко прашав дали може, тоа едното поголемо, е ама ја сакав да играм со неа. Ок, твоја си е, ама тогаш не се беси ко мајмун туку слези и ограј кога веќе му ја фрлаш пред нос. Тие па девојчињата некои остри погледи, мислиш ќе ги изеде. Ова приближи се до нов, тие избегај. Не велам дека треба да му се клањаат, ама човек дете си, како не ти се игра, дружи, смее.. Реално, и нема некоја причина за нервоза, нели кој со кого сака ќе игра, ќе се дружи, ама ете, мене ми падна неубаво малку. А си носевме ние и наши топки, креди, играчки и радо споделувам со другите дечиња само за да си има другарче, овие денес ме изнервираа. Маж ми вика шо па се замараш без врска, ама ете. Душиче е, нежно, искрено, невино. Мразам да помислам дека има и такви деца што не се дружељубливи. Мислам, и тоа е ок, не се должни да го дружат моето. Јас одам со него цело време пошто е се уште мало и не разбира ништо ни игра ни бутур.. Завчера пак, имаше баеѓи поголемки дечиња, може 12, 13 години имаа на едно од оние за вртење. Ова им отидна, прашав дали смее, може секако. И седеше со нив, се смееше, им мафташе со раката, се стопив. Земав им дадов на двете по киндер чоколатца, секогаш носам повеќе со мене раси низок шеќер. Реално, нема и зошто да се лутам шо некои деца си се позатворени, ама ми доаѓа тешко да го видам кај шо сака да си игра, да се дружи, а тие нејќат. Така реков да си се искажам, да имам да се прочитам после некоја година кога моево ќе порасне па и тоа нема да сака да се дружи со други деца и така. Друго шо сакав да си кажам е дека многу се променив од ко станав мајка. Претходно бев аждаја, и тоа буквално. Дури и тоа ми го имаа кажано. Глава можев да откинам некому, да истерам правда, да биде по мое. Не ми беше некако многу гајле за туѓите чувства, ств знаев да бидам лоша. И искрено, не сакав деца. Мислам не сакав невоспитани, разурлани.. Сега, некако ми се отворија сетилата, чакрите, се отвори таа одаја со љубов и енергија, не знам. Многу, многу поразлично ги доживувам децата сега. Не сакам да им се случи ништо лошо на ниедно дете, плачам буквално кога ќе прочитам некоја вест како последно оној што го истепа девојчето од Драчево.. Дали уште ме маваат хормони, дали е тој ден од месецот, дали месечината е полна, дали хороскопот ми е таков не знам. Каша попара постов, нека. Така и се осеќам. Само да ми е жив и здрав.
Мал е уште ќе си најде другари да си се игра. Деца ко деца така од дома се научени да не споделуваат, има многу родители така што ги учат децата "не давајте со вашите работи други деца да се играат ќе ви ги скршат", а ако дадат ги караат ако дознаат.. А и сигурно не сакале да се играат затоа што е мал. Ќе најде другари за игра. Инаку обожава деца, ама кога се такви мирни како син ти што го опиша премногу, премногу ми се слатки. А и јас како магнет за деца сум, дечко никако да најдам, ама децата некако секогаш ме забележуваат, често ќе фатам некое како гледа во мене и слатко ми е Можам по цел ден да си се играм со нив. Донеси го ти кај мене јас ќе го дружам во игра дур е мал Само пази многу ќе ти го разгалам
Исти е и мојот, џабе 4 ипол години има, кревко нежно, дури ми вика еднаш мама зошто не сакаат да си играат со мене, и што да му одговориш побогу? Не сака да врати, не сака да удри, не сака да навреди, ниту еден непознат до сега, дури и ќе се расплаче некогаш, и мене ми е криво што е такво кревко, и некогаш го учам дека на лошо со лошо треба да возврати, ама џабе.