Тогаш, имаш потенцијал да започнеш нов моден тренд на миксани чорапи. Црешите и јагодите нема да се лутат ако ги спариш заедно. Е, за мачињата и кучињата е малце по зезнато.
Кога чорапите се валкани, одма одат во иста кеса и корпа. Кога се суви, одма се редат во фиока во плакар и готово. И да не му се дава пристап на некој кој има тенденција да ги губи.
Еко логистик полжав не Ви е рамен, скоро 8 дена веќе чекам пратка а на тракинг пишува дека е кај мене во населба од пред три дена
Ова сериозно го кажувам, мажот на една познаничка се лутел ако жената му оди кај гинеколог-маж. Зошто шо стојат вакви мажи и во кој век се заглавени??
Претпоставувам ова потекнува од митот за порно-актерот кој глумеше гинеколог. Мажот на твојата пријателка гледал многу порно и така клетките во мозокот кај прости мажи се убедиле дека и во реалноста е така. Едноставно порно индустријата завзема брз став и страна,денес сѐ што е на филм се случува и во реалноста.
Знаат ваквите мажи дека гинеколозите не се единствени доктори што гледаат интима, голи тела итн? И дали он би дозволил медицинска сестра да го гледа доле? На другарка вака, дечко ѝ. Вика аа он оти ме сака не дава друго машко да ме гледа. Викам добро ако некогаш ти треба операција, побитно му е кој ќе те види него жива и здрава да излезеш. Ама ја сакал, тикви.
Мммммммм топ идета. Јас прво скинат со скинат ги токмам, зависи кај е скинат напред на палец, назад на петица, после по нијанса не мора исти слични нека се и на крај по симболи или букви ако има на нив, да не делат над глужд многу, да не се заприметва.
Брате, и ја вакви ги токмев. Кој со скинат палец, на друг петицата отворена како ахиловата. Маици, блузи излитени. Поготово некоја што ми се свиѓа, пари да ми даваш не сакав да ја фрлам. Ако веќе не е за носење, ќе се најде за мајсторлук, кречење, кола поправање... Ај да не зборувам па за гаќи. Од ситно решето направени, до дупки, да си ги изгубиш некаде. И, еден ден решив да исфрлам се што се темелело со години. После како душевно полесен се осетив.
МКД не е МКД, ако за еден најобичен документ, што се издава за 1 мин, не ти речат: дојди земи го во понеделник.
Во петок не се оди. Петок се во zen mood, телата им се присутни, мозокот им е веќе на викенд. Во петок паѓа системот, дојди во понеделник душо.