Работи две работи, државно, па приватно, понекогаш и трета на месец или два. Горда колку е способна, потребна , незаменлива. Краток и е денот да постигне се, а сепак магично и деца и куќа и дотерана, нашетана....да му се заврти на човека во глава од толку многу случки, од толку многу луѓе, од толку многу се.... Така години зачудено ја следам, ја сакам нејзината огромна енергија, нејзините дешавки ме забавуваат, како да набљудувам вулкан од безбедно растојание. Блиски сме на чудесен начин, веројатно поради сличниот старт, иако бескрајно различни животи живееме, секоја во својот слеана. Пред некој ден го оставила мажот, после 25 години, не го сакала повеќе, се мачела и мачела, се обидувала да поправи, но ете, еден е животот, да се поживее.... Никогаш не сум и била лута, ниту би требало да ме засега нејзината одлука, како и секој и таа правела најразлични грешки низ животот, а сепак ми е неверојатно туку така да си ги повредиш најсаканите, да им ги измениш трајно животите , а притоа да си сигурна дека моменталната твоја состојба е најисправното можно решение... Зошто ли смета дека животот треба бајка да биде, кога самата е сведоштво за постојана борба? Чудно ми е колку сум тажна поради неа, подобро ќе беше и самата да имаше малку време и за тага.....
Два до три пати во една година е "жешко" у немачка,и одма готово,умираат,паѓаат у транс... За нашиве зборам