Ако ги изневеруваат дечковците девојките глупави се. Ако си има девојка да го баталат или "батали го". Секогаш кога девојката сака да направи нешто романтично да си седи мирна. Епа што да правиме? Не можеме да бидеме паметни. Секој сам по сам. Па ќе умреме за љубов не луѓе!
Среќен Роденден на една посебна личност во мојот живот. Мило ми е што повторно почнавме од таму кај што јас последно те оставив,но и покрај се пак ми подаде рака Сега сме двајца возрасни,двајца луди,и поддршка еден на друг. Жалам што не ти дадов шанса..
Ми пишуваат машки членови во порака, како да го заштитам профилот? Некако се снајдов за аватар, не можам да пронајдам да не ми стигнуваат пораки во инбокс
Мажи кои будно следат кариери на српски/балкански/светски пејачки, следат перформанс, стајлинг, спотови, не треба да ви бидат сопрузи, туку деверуши. И на форумов ги препознавам, се расфрлаат со хомофобични мислења, свршаваат на авторитарци, а во ,,што слушам во моментов", трас Галена/Милица Павлович. Затворени во плакар, а во плакарот ечи Цеца, Галена и слични балкански диви... Не е проблем што Галена им е на плејлиста, опасни се поради лагите што ги живеат. Фрапантно е во мкд и колку жени се без гејдар и се мажат за истиве. Деновиве се ожени еден ЈК фанатик, моето прашање кога дознав беше: Стварно? Со жена? Ако маж ви ја слуша Карлеуша, имам лоша вест за вас срцки, а тоа нема врска со неговиот слух.
Пијави има доле во пораката опција да се пријави. А сандачето мислам дека можеш да го заклучиш ама за сите членови ќе ти е заклучено, незнам дали може само за одредени.
Никако, ние сме на женски форум и нормално е како жени да бидеме сексуално напаствовани на него. Голема работа, ко прв пат да ни е. Има копче пријави, или ако не ни чини можеме да го затвориме профилот никој да не ни пишува. Иди у Приватност, таму подеси кој смее да ти праќа слики од Стојкото и да те прашува дали сакаш у тројка, ова пардон да ти пишува пораки. Кој ни е крив кога сами си го бараме со отворено сандаче...
"Приватност" одбираш, и скролаш најдолу до делот за кој можи да започни разговор со тебе како на втората слика и одбираш "само членови кои ги следам". И ако не следиш никој - никој нема да можи да ти пиши. Ама ве молам ако имате несоодветни пораки кои ви се пишувани - пријавете ја пораката. Такво однесување не е прифатливо на форумот и такви членови се банирани.
Прашања кои ме мачат... Зошто жените отвораат и мирисаат шампони, маски и други продукти, па дури и пробуваат? Ако пишува дека шампонот е од кокос, секако дека мириса на... кокос. Не мора да се отвори, и врати на рафт.
Мора. Секој кокос не е кокос, мирисот мора да се осети. Секад ова го праам, пробување нормално не, ама душкање обавезно Дали шампони, гелови за туширање, лосиони, омекнувачи, се што може да се отвори и уредно затвори, а нема тестер ко кај парфемите и спрејовите. Мене само од себе ме тера да отворам.
Затоа што многу пати врска нема.И затоа и ме интересира дали ако е од јасмин го има тој мирис а не нешто кое не би можелс да го поднесам.Јас сум специфична со парфемите, шампоните и геловите па дури и со омекнувачите.Има такви што не можам да ги поднесам и ми се повраќа од нив.И што да го земам и да го фрлам?А не се и ефтини реално.Вака барем знам што сакам и тоа барам.
Проверка на интензитетот на мирисот. Се проверуваме само за вие да ни кажете: мммм колку убаво ти мириса косата, на пример... We are so happy then