Ете и тоа доживеа денес. И кажав на другарка дека искрено не ми е добро, со трески и температура сум, лежам в кревет не можам да станам. Па ај реков да ја прашам каде ск да одам пошто не знаам каде да одам а сум со болки. Скроз сама. Цимерката ми е Битола. Добив муабет од оваа првата : Свикај си такси нека те однеси. Сама оди. Што да ти речам. Е толку од чоештилако. Можеше да пише извини не можам да дојдам а не оди такси Свикај. Има Господ има..
Ама не можам да те разберам искрено. Каква врска има што ти кажала така? Така ти кажа, така. Што даваш толку на значење?
@GirlLove Костантно те читам и уште ме можам да сфатам што ти е? Веќе секој без секој може,и секој си гледа за себе Свести се, Гајле им е на другите за тебе,а не па да бираат каков ќе им биде контактот со тебе. Не,не им е гајле и тоа ич. Патката не ги боли. Константно си преокупирана со себе,многу анализираш. Кој што рекол,на кој начин,со каков тон... Мислам хелоу? Дојде време кај што живееме во општ хаос. Сите се нервозни и полни со свои обврски...
Те разбирам шо сакаш да кажеш. Ама можеш и ти да побараш помош. Нема лутиш. Во такво време живееме, луѓето се учат дека секој сам се снаоѓа и понекогаш не ти ни текнува дека на некој му е потребна наша помош. Можеби нејзе и е полошо во моментот, а не ти ни кажала. Тоа е целото значење на "отуѓени сме" дури со оние шо мислиме дека ни се блиски. Не се заглавувај во улога на жртва, само несреќа носи. Искажувај се јасно и директно. П.с. или бирај подобри другарки.
Или стварно ја имаш таа несреќа околу себе да си опкружена со најнеемпатични и бездушни пријатели, или пак премногу анализираш, цепидлачиш и се оптоваруваш. Добро сеа, другарката можела тоа да го каже и со поубави зборови, но понекогаш и ние самите влегуваме во синдром на жртва, па дури и едно „не можам“ го доживуваме како „умри, цркни, не ми е гајле за тебе“. Тоа го велам и од лично искуство. А и ова твоево ,,Има Господ, има...“ е како да чекаш некаква казна, правда од виша сила за пријателката, нешто што не сакам да чујам од особи кои ги сметам за блиски.
Не ти рекла да цркнеш, па ти да се лутиш. Такси е добар предлог. А, ти ја праша ли како е она и што прави? Можеби имала своја мака, па за тоа не се понудила. А и не е должна. Мора да сфатиш дека никој не е должен да трча по тебе. Некогаш мора сама да се снаоѓаш.
Сите сте во право ви благодарам. Баш мислев дека сме отуѓени еден од друг и сме себично и не не ме интересира што другарка ми кажиш сама, голема е ќе си се снајди. Научувам полека да не излагам како јагне, жртвено. А тоа Господ има, е дека и таа ќе дојде во ситуацијава некаква и ќе побара помош е тогаш мене ќе ме нема да помогнам. 1001 ја прашав за мајка и како е, беше на болница, а мене нити еднаш не ме праша како ми е за мојата. Дури и се нудев за помош за одредени ствари
Седам сама во друг град поголемиот дел од времето, не дека никој не познавам, но погоди што, најчесто сама сум се снаоѓала за лични потреби. Сум одела до аптека со температура, со гадење, со болки, бидејќи нема кој да ми купи лекови. Дома ќе натерам некој од семејството, но тука сум сама. Ова го имам приметено како патерн кај тебе и мислам дека е повеќе преувеличување. Едноставно не верувам дека сите ти се толку намерачени да ти згрешат токму тебе, туку ти ја преувеличуваш и преанализираш секоја постапка. Не се буди секој денеска со помислата тебе да ти згреши, верувај. Овој мајндсет на крај на ден само тебе ти штети. Исто така нормално е да побараш директно помош ако осеќаш навистина потреба од тоа. Можеби другарката не помислила дека ти е прелошо туку само дека имаш температура или обична настинка. Можеби таа има некој проблем на кој е фокусирана во моментот, има многу можеби. Но не можиш да очекуваш некој и мисли да ти прочита, па да му се лутиш оти не оди по твојата скрипта. Пример некоја другарка да ми се пожали дека е болна, искрено нема да ми текни на прво дека можеби сака да ја однесам донекаде или лекови да купам, но ако ми посочи на тоа без проблем би го направила. Затоа кажувај директно за овие работи. И последната реченица искрено ептен очи ми забоди. Не си го добила тоа што си очекувала и сега се надеваш дека ќе и се врати. Навистина не пишувам за памет да солам или слично, но ова некако не е ок.
Бре не да и се врати, ќе побара помош за нешто. Е тогаш јас настапувам. Јас и да имам проблем и ми кажи некој вака, не би рекла снајди се. Ете секој различен, секој со обврски и нормално да не не интересираат другите. Уште работам на психотерапевт со ова.
Мислам многу ја земаш позицијата на жртва во животот и затоа не можеш да напредуваш и се чувствуваш навредено и повредено од вакви одговори.
Што Господ? Не го спомнувај залудно. Не си добила лош одговор. Многу луѓе одат со автобус или такси оти нема кој да ги однесе, па не велат ништо. Премногу си негативна. Тоа не е добро за тебе. Можеби и од оваа причина другарка ти веќе не може да се интересира за тебе толку. Кога ги оптоваруваш луѓето со премногу негатива, тие бегаат. Мора да прифатиш и дека сите си имаат свои проблеми и дека не можеш да им бидеш приоритет.
Ма напротив, јас баш сум позитива и кријам проблеми секакви освен овој. Се правам само за да маскирам што осеќам ѓ Прифаќам дека е моја вина и нема што другите за мене да се грижат, мусака можам сама
Па немаше ли дома еден парацетамол или бруфен да испиеш и да појдеш за саат време до лекар? Не е бешто пресериозно па да доаѓа некој….. @GirlLove
Не оставаш впечаток на позитивна. Имав исто другарка иста како тебе. На се негативно гледаше. Искрено не можам да ја поднесам, среќа па не живеам во мк и се оддалечив.
Хаха истово се мислев дали да го пишам и од предходно членката @Ta-mara што пиша ,значи кога сите исто ти викаат ,треба да се запрашаш дали е до тебе нешто а не ,секогаш други да ти нечинат и да ти се криви , јас имав таква другарка веќе не, мислам многу подобро почнав да живеам се осеќав како психијатар
Знаеш мојава бивша другарка која секогаш беше токсично негативна, ја советував да иде на психолог. Одговорот беше "ти ќе ми бидеш психолог". Тука заврши другарството. *по професија сум психолог иначе.