И претпоставувам ако предложиш некое решение веднаш наоѓа изговори. Тоа е тој патерн на заземање улога на жртва. Неподнесливи се искрено.
Зависи. Прво гледам дали бара решение или сака само да збора и да си олесни. Ако сака решение - бараме решение. Ако сака да се олесни, јас ќутам и та збора. Не давам совет, не давам предлог, давам само знаци дека слушам. Мислам дека на форумов некој го имаше ова кажано и ептен ми се допадна и го применив неколку пати и уште поќе ми се допадна. Едноставно седнува другарка и ми кажва дека сака да збора, и ја прашвам дали сака само да ѝ олесни или сака совет? Во поглед совет, немам потреба некој по секоја цена да го прифати. Ама апсолутно знај да остај лош вкус на јазик ако та одлука можи да ја загрози и се осеќам како да поддржвам потенцијално критична ситуација. Е сега, ако ситуацијата за која се жали и прај venting е повторувачка, и да засенува моменти на среќа (имаме една другарка која буквално засени запросвањето на другарка ми вака) - не толерирам. Зошто? Ако е нешто повторувачко мора да се види зошто иди до та фиксација. Не е поќе "наивно". А, ако сме на веридба и не можиш да се израдваш за најблиската особа во твојот живот зошто бившиот се гледал со нова женска и сте раскинати пола година - girl. No. TLDR зависи од ситуација, проблем за кој "кука" и за која личност се работи.
Се сум пробал и да го ислушувам, и давам солуции и се и пак исто и пак исто. Се вртиме во круг и ми се чини има некоја блага форма на руминација, барем од што имам читано на интернет, ама некако почнува мене да ми влијае...
Кога сакам да се искажам ако осетам дека гњавам некого воопшто не продолжувам, и малку ми е ред флег кога некој гњави а глеа дека неќеш да го слушаш ко да нема баш емоционален капацитет..
Бараш совет или се жалиш? Остај ме, лајна јадам, највкусни ми се. A joke. Старк, ти сам себе мора да си приоритет. Ако ти влијај ваквото однесување - кажи. Ако не успејте да најдите решение, немој да се осеќаш виновно ако се оддалечиш пошто то е најдоброто за тебе. Ама секогаш кажи си. За да не остани другата страна збунета шо се случи.
Јас првично коментирав така бидејќи една членка имаше напишано дека сами мора да си помагаме оти немало ни психолог ни свети психолог да ни помогни (нешто така беше не сум целосно сигурна). Во однос на тоа дека често ги слушнеме овие фрази и фрази како: „Ако не сакаш сам да се промениш, ниеден терапевт нема да ти помогне“ или „мора прво ти да сакаш, за да има ефект“. Ова звучи логично на површина, но кога зборуваме за состојби како анксиозност, OCD, депресија или траума, ова мислење може да биде и неточно и штетно. Човек кој се бори со хронична анксиозност — особено со intrusive thoughts, ритуали, телесни симптоми — не е секогаш во позиција да одлучи свесно за промена. Анксиозноста буквално ја презема контролата врз мозокот. Во таква состојба, личноста често функционира во survival mode, а не во рационално размислување каде може мирно да седне и да каже: „Сакам да се променам“. Тоа не е мрзливост или отпор, туку симптом на болеста. Дополнително, некои луѓе не ни знаат што им се случува. Растеме во општества каде менталното здравје често се игнорира или срами. Не ни е даден јазик за да разбереме што ни се случува, па како тогаш да бараме промена? Промената често почнува однадвор. Од терапевт кој со емпатија и разбирање ќе понуди безбедност. Од блиски кои ќе забележат дека не сме „само чувствителни“ туку страдаме. Од здравствен систем кој нуди достапна поддршка. Од мали, надворешни поттици кои, дури и без нашата целосна согласност, може да предизвикаат микропромени што подоцна ќе се развијат во поголема желба за закрепнување. Многу луѓе почнуваат терапија не затоа што сакаат промена, туку затоа што не можат веќе вака. И тоа е доволно. Желбата за промена не мора да биде силна или јасна — доволно е да постои искра, а некогаш дури ни тоа. Професионалците се тука за да помогнат дури и кога ние не знаеме од каде да почнеме. (Ако имаме среќа да најдеме таков достапен во државава) Да се инсистира дека „промената мора да дојде од тебе“ е поедноставен и индивидуалистички пристап што го занемарува комплекситетот на менталните болести. Овој став може да создаде вина и чувство на неуспех кај луѓе кои веќе се борат со себе. А реалноста е дека понекогаш, ние не можеме сами. И тоа не значи дека сме слаби — туку човечки.
И самите психотерапевти напредокот кај клиентот го препишуваат дека е лично негова заслуга (на клиентот) а не "јас ти помогнав"
1. Немаш поим кога не ме познаваш. И мојата е тешка. Но, јас одлучив да го прифатам советот дека морам самата да посакам промена и да ја применам. И мене не ми беше лесно, но падни-стани успеав. Животот и годините ме натераа да сфатам дека некогаш морам и сама да се кревам. Мојот став не е плиток воопшто. Напротив, по лајковите на моите мислења се совпаѓа со мнозинството членки овде, кое содржи и стручни лица. 2. Твоето мислење е плитко. И кај нас има доста квалификувани лица. Гледам по себе. Штом уште сум на овој свет и покрај милијарда борби и проблеми поради кои си мислев дека ќе ме снема, значи има такви што ги бива.
Јас да ви кажам, Димн и Мист дека и двете сте во право, само што пишувате од различна перспектива. Димн, истакнува лична одговорност и активен избор. Дека промена се случува ако ние сакаме и дека ако сме шо знам дали е прав избор на зборови, веројатно обземени од својата несреќа (?) стручните лица не можат ништо да направат. Е сеа, овој пристап е позитивен и мотивациски, особено за луѓе кои се во позиција да ја водат својата терапија и да ја искористат истата. Секоја чест на ваквите! Ама Димн, доволно долго те читам, за да знам дека ти никогаш не би го занемарила фактот дека кај луѓе со сериозна анксиозност, OCD, депресија или траума, свесното сакање промена не е секогаш возможно. Не секој може веднаш да превземе промена, дури и да сака, поради самата болест. Што ме води до другата членка, која пишува токму за ова. Односно, за клучниот фактор на комплексноста на менталните болести. Дека психичките болести може буквално да го преземат мозокот и дека промената некогаш мора да почне однадвор (стручно лице, блиски, систем) дури и ако личноста не е свесно подготвена. Овој пристап е емпатичен и реалистичен за сериозни случаи и ја намалува вината и осудата што луѓето можат да си ја наметнат. Али е и многу точно дека истово може да звучи како да се одзема одговорноста од личноста, а тоа да, може да ја намали мотивацијата, пошо личноста се префрла у пасивна улога. Сакам да кажам и двете мислења имаат смисла. Промената многу често почнува со мал избор или најмала искра од нас самите, али истовремено сериозните ментални состојби и тоа како можат да не спречат веднаш да се решиме за промена. Затоа е важно да имаме поддршка, од стручни лица, блиски, па дури и цел еден систем. Иако не сме свесно подготвени. И тоа не значи дека сме слаби, туку дека сме луѓе и дека процесот на закрепнување е комплексен.
Јас се согласувам и со ова. Апсолутно има ситуации кај шо друг треба да те насочи (било некој да го напрај чекорот за да те однеси на терапија, било терапевт со одличен пристап и емпатија). Ама промената пак е твоја. Работата во собата за терапија е твоја. И не го велам ова за некој да се обесхрабри и да мисли дека не можи, или "јас можев па можиш и ти" (скроз безвезе муабет), туку за секој да ја цени та снага во себе шо ќе ја најди на терапија и да не се плаши да ја примени во иднина пак.
Мило ми е шо си успеала - да се надеваме дека ќе има повеќе такви случаеви. Секој случај е приказна за себе. Друг пат ќе барам да ми лајкнуваат повеќе за да ми биди валидно мислењето не знаев дека оди така… опростете
Ми требаше долго време да сватам, ама сватив дека луѓето само сакаат trauma dump врз тебе, а ти да ги ислушаш и да плачеш со нив. Не ги интересираат сите совети што ќе им даваш. Од едно влезе од друго излезе. Вклучувајки ми ја и сопствената мајка. Преку глава ми било дојдено од туѓи плачки ради кои не сум можела енергијата да си ја насочам кон решавање на свои лични проблеми. Затоа сега сум си сама ко утка и мирна ми душа. А да, немам проблем да му помогнам на некому и да му дадам совет ако стварно гледам дека сака да прими совет. А само празна trauma dump, не повеќе. Постојат психолози и психијатри, може слободно да си закажат термин, језда и они нема само на празно да ги слушаат туку ќе им даваат совети и помош.
Кога буквално со години, децении, некој нема мрднато од една иста точка, тогаш и те како може да се каже дека или 1. намерно не сака, полесно е да каже еве одам и на психолог, и на психијатар, еве пијам и апчиња, а уствари само го сака моменталното внимание што го добива при разговор, и секако, отрпнувачкото чувство што апчињата го даваат или во превод, продолжува со психолошките проблеми ама под седација; или 2. едноставно нема капацитет, еве не мора да е интелигенција во прашање, нека биде емотивна, колку грубо и да звучи, ќе умрам на тој рид. Од здрав прав се правиш заложник и си го трошиш времето, само затоа што не сакаш да го промениш размислувањето.
Промената кога ќе дојде нов член во семејството кај жените ја нарекуваат пост породилна депресија а кај мажите бегање од обврски