Зависи кој како ќе се постави. Ако фати прво жената врата и излезе низ неа, може па и муж да има постпородилна депресија
Минатава недела се најдов во една прилично страшна (или за малце многу страшна) ситуација кај што еден сељак ми досаѓаше и ме следеше на автобуска и во истиот автобус внатре. Се симнав многу набрзина на друга станица и едвај стасав потресена дома. И она што покасно го сфатив е дека ние жените кога сме вака следени и демнети и напаѓани, упорно си го сфаќаме проблемот како наш личен, дека "јас сум таргет, значи јас треба да барам решение". Оти беше 5 саат попладне, се враќаме сите од работа, 20 души на автобуска, автобусот исто така полн, но ако ескалираше ситуацијата, знам дека немаше од никого да барам помош. И тоа од страв дека некој ќе ме посочи мене дека сум го ставила во опасност, а не манијакот мене. Или "твој проблем, мисли му ја". И од една страна разбирам кога некој се плаши да реагира, од друга не треба ваквите случаи да ги гледаме како нечиј личен и приватен проблем, а манијакот арен човек оти решил друг да нападне, не тебе. Тоа е и причината за гадните "сама си го барала" коментари оти сите ги гледаат нив како некои што свесно со причина одбрале одредена жртва, а не зашто таа кутра жртва се нашла на погрешно место во погрешно време.