Овака па, кога ќе стават нешто без контекст, без лого, без објаснување, артови, да се испошокираме, демек и лоша реклама е добра реклама. 90% од рајава со iq80, ова ќе го сфати (и го сфаќа) буквално. Ако е поучна кампања - катастрофа е. Ако е буквална порака тогаш е уште потрагично. Нека ја објасни некоја поентата ако ја сфаќа.
Ваљда reversed psychology - извитоперена, за тоа дека сите плачат и да се подигни совеста дека и мажите имаат емоции и знаат да заплачат. Во спротивно се останато е мизерија.
90% ова ќе го сфатат буквално. Бејзик Трајко и Стојка ќе се замараат да размислуваат за токсична машкост, ќе го видат билбордов и на внучето ќе му речат, немој да плачеш бабе, види како пишува, мажите не плачат.
Гласам дека е кампања за ментално здравје Многу ми се лејм вакви кампањи (стварно не знам соодветен македонски збор да се одразам). Уствари единствената саглам кампања од овој тип беше нешто со дрога бабарога, се друго што ми текнува е промашено.
Не сфаќам зошто страници што продаваат нешто не си стават цени под секоја слика кога веќе даваш целосен опис на производот? И сега мене ми се свиѓаат 5комплети и треба за сите да ги прашувам цена
Ова само кај нас може да се види. "Вистинските мажи не плачат, наместо тоа, удираат жени, удираат боксови во врата, се тепаат за паркинг место и дремат во кафани цела вечер проголтувајќи ги своите чувства." И овој нашиов народ е чуден, знаат цели згради да ишарат со графити ама таков билборд незнаат да го чепнат. А, уствари ништо не било чудно, за нив тоа е нормално.
На Ана и треба помош, се уништи жената, ни Рале не е цвеќе додуша ни она. Едно време беше прелепотица, жена за пример, сега по бракот со Раста женава потона. Колку само колеги и понудија помош таа само ги плукаше, затвораше врата, ги одбиваше. Прежално е веќе да се гледа како само тоне и тоне. Од друга страна, пак на настапи оди пијана, косата неисчешлана со денови, стилот нула. Како пр манаџерот само го дозволува ова... бесцелно е да се збори. Штета голема таков глас и талент да оди во еби ветер.
Секој човек со душа има право да плаче. Една од најопасните и најтоксични ,,мудрости'' што произлегле во општествово е дека маж не треба да плаче. Ако е маж не е робот, не е бесчувствителен. Солзите не се ништо срамно и ништо лошо. Напротив, кога доаѓа до тешкотија, треба да се исплачеме, сите, потиснувањето на емоциите или болката е многу полошо. Сум видела мажи да плачат и не, не се помалку мажи од тие мачомените што тоа го карактеризираат како некаква слабост.
Сакам деца. Ама ова е претеризам. Убаво време, разбирам, сакаат да си играат баскет во парк Ама тоа урлање, викање, пцуење еден на друг мајка... Да не пишувам што се реченици не употребија. Прво, воспитувјте си ги да прават помалку галама пошо има некој што не. Е ојден на викенд и сака дома да одмори. Второ, не се чудете што има такви коментари како тие погоре од МАЖИШТА. Трето, ужасно е што не знаеме со какви се не луѓе се дружеме. Едно е надвор, ок човек, фин, а од др страна читај му коментар. Особено оние женетите, па и плус деца имаат. Што се не трпат жени, бре. Ако нека има разводи и нека не се чудиме, по вакви муабети што ги немало ни во 15 век.
Му кажав на мм да купи нешто благо од некаде, и еве го дојде со БАКЛАВА ПО 101ВИ ПАТ ВИШЕ!!!!! Неможам луѓе, неможам, ова со баклавата преминува во семејно насилство, кога и да му кажам да купи благо - доаѓа со баклава. А 100 пати му иам речено да НЕ КУПУВА тоа.
Уште 6 недели до Скопски маратон. Мислам дека сега ако не си го чувам здравјето на најјако, нема никогаш. А богами озбилно си го сфатив досега ова ко да за Олимписки се спремам
Сдк Сношти си поминав преубаво,одамна ми требаше издувен вентил од се! Испив премногу,се забавував,играв,се бакнував до зори. Еднаш се живее !!