Бабата е скроз во право, не само за среќен брак туку за среќен живот. Саи баба Е сега да го применам ова во моментов кајшто напнаа од работа и I'm back to zen track
Мм си има своја тајна на среќен брак која му ја открив неодамна. На се шо ќе му кажам, ми одговара со ДОБРО, ВАЖИ, ДОБРО....
Јас го применувам ова и Сакам да кажам дека е многу поубаво вака. А на мм една од тајните за среќен брак е пред да седне да одмара се врти низ соба, гледа дали има нешто да се прибере или направи, еднаш дневно ја отвара пералната - ако има алишта да ги спружи. Го приметив тоа викендов. Изгледа многу сум мрчела за ова, ама па не се сеќавам јас така
Да, мајка ми има друга изрека за истово - одвој го битното од небитното. Фокус на тоа што е битно, на небитното тури му пепел. Дефинитивно е поубав и полесен животот така.
Искрено вака, колку другари, другарки и познаници имаш? Нонстоп раскажуваш за некои луѓе што им се десило и кој што им рекол, разни ситуации, вака делува ко да се дружиш со сто различни луѓе.
Едвај чекам пролет 2026 да дојде фазата збирање сликичиња за светско Спојлер Колку години су начукал во газов, уште ми е интересно
Луѓе, 1 саат е, не мојме да спијаме од разгалени дечишта шо слушаат пеат турбофолк на цел ГЛААААААССССССС! Дерење со цела сила :Ау брате! Една типка му вели на друг : Алоооо бе Смеење со сила. Соберете си ги децава, нз што родители сте. Дали ние вакви генерации бевме бе?
Сдк Ноќта е ладна Мириса на есен Седам на тераса,градот спие Пушам цигара и размислувам колку многу шанси пропуштаме во животот Затоа никогаш нема да го видиме крајниот резултат. Животот е убав,ама и глуп понекогаш. Еден авион поминува,и ме потсеќа на едно убаво време. Мех....
Ќе излезиш од дома на пазарење без шминка, со врзана коса, скоро со истата облека што си седела дома и тогаш ќе ти зборни убаво машко. Денес во Веро тоа ми се случи, на момент се закочив и срам ме фати, и немав многу зборови за повеќе разговор. Кој и да беше, low-key се надевам пак ќе те сретнам низ маркет.
Абе ако му се допаѓаш ќе му се допаднеш и у опуштено издание, баш слатка ќе си му, нема маани да бара и пребира. Ја па не разбирам женски шо не искачале од дома ненашминкани и несредени според нив, не знам шо подразбираат по ова, вајда и недотерани. А зашо? Некое машко ќе ги видело, или пак женско, небитно. Ок, не ко избацена од поплава да идеш ама до толку зар?
Колку повеќе учам историја, толку повеќе сфаќам дека човекот нема еволуирано, од секогаш екстремно лоши работи правел, деца најмногу страдаат, никогаш не било добро, не е ниту сега, само што поразретчени се лошите нешта поради можноста за сликање/снимање и споделување.
Се согласувам, не ни одам толку дотерана за до маркет, туку нормално онака. Само се смеам малце на ситуацијата и на моето awkwardness, не беше очекувано.
и јас сакам во доцните ноќни часови додека е свежо (читај додека не застудело) да поуживам да одморам да разбистрам мозок. Ама јас пустата сум 3та смена на работа а ко ќе не сум често заспивам ко заклана од умор.