Сакам да кажам дека читам една група и една реченица шо прочитав остана со мене. Парафразирам и преведвам: "Толку многу раце го доприја моето тело, тело кое некогаш го осеќав како само мое. Сега ми е отуѓено. Сега не осеќам ништо. Се вкочанувам и не мислам на непознати како ми го допираат телото, пофаќаат, поткреваат, притискаат - како да сум расипана играчка."
Почна некако да е многу свежо навечер, сега си извадов ќебе да се покријам. Ако продолжи вака кајдае ќе ја отворам сезоната на спиење со чорапи, дури и сега ми се ладни стапалата. Мада еве го септември, а чим дојди септември, студеното време е тука некаде. Уште малку и пожолтени лисја, тмурни утра и мирис на ајвар.
Ако подзапни Спасена уште малку со јавното плачење можи ќе почниме сакале неќеле сосила да го слушаме Само ако не повеќе нека им биди благодарен на србите шо му ја направија на заебанција на ТикТок популарна песната "Ќе ти дојдам", после тоа овој се усили дека е јака ѕвезда
Мислам дека еден од најлошиот тип на луѓе што може да ги имате во животот се оние што на сѐ ви љубоморат отворено. И тоа не само со некој глуп коментар и превртување очи кога нешто убаво ви се случило. Туку се за жал постојано околу вас и без срам во секоја прилика си го покажуваат тоа. Фамилија, партнери... Вие да речете сакам црно, они ќе речат абе подобро е бело. Да сакате бело, ќе речат црно. Јадат лајна за тоа колку шеќер ставате во кафето, колку сол во јадењето, како чекорите, како ја носите косата, како сте облечени, како јадете, трепкате или зборите и секакви секојдневни баналности. Секој ваш успех пробуваат да го понижат со некоја скрос небитна ваша грешка од некогаш. Манчи што дека дипломираше тешка струка, ти текнува какво повлечено дете беше? Е такви џабе факултет, никој не ги сака, сите се заебаваат со нив. Правите нешто најбанално и ви висат над глава, секој детал ако не е совршен, вие сте пропалица и лузер. Некоја психопатска искра се пали во нив кога ќе ви најдат некое минијатурно грешче дека "ете ти реков дека не те бива". Уживаат да ве понижуваат во секоја сееекоја факинг ситуација. И да носиш или правиш нешто што они го сакаат, се тераат да го замразат тоа. Со еден збор, не постои нешто на светов кај вас што нив би им се допаднало. И најлошо е кога ваквите го прават тоа многу постепено, бавно на почеток за после кога ве имаат во раце, се пуштаат на најјако, па се сомневате во себе, за сѐ, ви оди самодовербата у минус. Овие не се луѓе што само многу коментираат или само имате различни вкусови. Туку што некогаш знам да речам радо би изеле лајна место некој друг да ги изеде пред нив, да докажат дека ти немаш, ти си полош. И не заслужуваат помош, поддршка, никогаш
Читам на кајгана пост во кој пишува дека некоја од заробените девојки молела за храна и да не ја убиваат. Очекуваш емпатија од луѓево, тие смајлифејс ставиле. Јас имам високи очекувања од луѓево иначе. До мене е. И овде на форумов, по социјални мрежи, во вистински живот. Очекувам позитивност, добрина, емпатија, а тоа сето злотворбина.
Беше во заборав "ѕвездава" сега после форсирањето на "Ќе ти дојдам" и водител се стори чоеко во емисијата на Алачки, кај шо гостуваат Славици од разни градови и села во државава и готват манџи
Тие се хранат од твојата реакција. Не покажувај дека допира до тебе и дури напротив, врати отсечно и дрско. Ќе го подвијат опашот брзо-брзо. И колку можеш, настрана од такви.
За жал поголемиот дел се тастатура алтер ега слика на нивната мизерија што ја носат во душата и тешки недијагнозирани пациенти.
Сдк дека е многу тешко да си сам син/ќерка и целиот товар на тоа едно дете паѓа. Кога нема распределување на товарот помеѓу браќата/сестрите. Особено на балканов каде што родителот тоа го очекува од детето по автоматик. Својот живот и планови на последен план бидејки си "врзан" за родителот. А кога ќе предложиш да поседат малку во најскап дом со 5 ѕвезди и најдобра нега, или да вработиш жена да ги чува и негува, не долази во обзир, понижување е. Себични се тие бумер генерации, премногу.
НИКОГАШ не е сезона на спиење со чорапи!! Дали уште некој е многу осетлив на сензации при спиење, пример, јас никогаш не би можела да спијам скроз гола, во лето кога е најжешко не можам да спијам без барем малку да сум покриена со чаршаф и преку зима никако спиење со чорапи затоа што ми е чудно да сум покриена плус чорапи. Тоа се моите non-negotiables за спиење.