Случајно ја слушнав песнава после долго време и ја разбрав суштината и се пронајдов во текстот. Затоа на сите што некогаш сте биле изневерени во врска / брак ви посакувам да ви се појави вистинскиот човек во животот со кој ќе видите што е љубов и кој за секунда ќе ви го смени животот.
Ми недостига децата да се деца. Да се облечени во сите бои, да играат со други деца, да се радуваат на мали нешта. Едноставно да бидат деца. Денес отворам инстаграм после доолго време и што да видам. 1ви септември, децава предотерани како возрасни, се марки на нив, позираат за на инстаграм... некако тоа невиното, чистото, палавото во децата ми изчезна. Се сеќавам на моите први шклоски денови, маица во дреч бои, хеланчиња, патичиња и една семејна слика пред старото фичо Има време за се. Оставете ги дечињата да бидат дечиња И не можам да разберам постојано објавување слики и моменти од децата на инстаграм. Ако не обајвиш, не значи дека не се случило. На крајот од денот на никого не му е гајле за твоето дете, повеќе од тебе. Заштити ја приватноста на детето.
Поздрав до сите, со песните што моментално вртат на Македонско радио 1. И тоа сосем случајно пуштив радио. Е реков нека вртат бе... Туш, вечера, so 90's македонски народни хитчиња и тро постари. Еве сега оваа е: Ајмо народе....
Мене факултетските денови нај тапа ми беа. Не можев да ги гледам ни колегите ни професорите ни тоа депресивниот полупразен комунистички објект. А средно топ беше.
Mnogu si gi sakav fakultetskite denovi i toj tip na predavanja, i kolegite bea super pa i komunistickiot objekt, brutalisticki stil interesen mi e Ides 1 saat na predavanje i posle si setas, ne u sredno po 6/7 saati u klupa sekoj den
Ете, на пример. Сакаш одиш, сакаш не одиш, сакаш полагаш, сакаш не полагаш, сам бираш што студираш и никој не те рчка 4 години, пошто учи детето Јас искрено, и одев, и полагав, и супер забавно ми беше. Ама чувството дека си господар на твоето време- бесценето . Цел живот би студирала, да имаше кој да ме плаќа за тоа хоби
Сите тие балони, туфки, пуфки нз шо... Веќе видено е. Што не напрајте еднаш хуманитарна акција за децата чии родители немаат доволно средства да им купат тетратки, ученици, ранци. Колку сме први за пуфки продавање. Замислите, сите да си дадеме по 100 ден и да им подариме на такви ученици, она што не можат нивните да им го овозможат..... Колку би сакала една огромна хуманитарни акција на овој први септември.......
Па торта кога ќе видам ..... Мислам...поглупо нешто немам видено од работиве Пола торта за 6 месеци бебе Колачи за забче Торта за прваче И ред други тралалајки.....
Каква ќе ти биде среќата буквално. И јас имав супер идеја и замисла за тоа како ќе биде на факултет, ама тоа е, така ми се погодило. Секој на секого да можеше во грб да му забие нож, одоварање зад грб, колешка некоја се омажи и се породи и одма зад грб "ау грев", ненормална ваква таква, а после на повојница и одат. Криење материјали, прашања, секој на секого се ситеше. Нозе ми се враќаа. Посакувам на сите идни студенти да имаат подобро искуство од мене. Good luck!
Јас изгледа треба малку да го сменам пристапот со луѓево. Ќе купувам нова спална и старата пошто се собира како тросед и се пушта како спална ај реков ќе ја подарам и првиот човек шо го прашав за да му ја дадам без пари ако си го расклопи и земи, ми вели "Абе не се троши ти, невестата нека ти купи спална.." Толку проста раја и безобразлук немам видено. Ама по то сфаќам дека на син му веројатно невестата купувала за дома..
Ееехее чејзот миразот, мора после гордо да се препричава по фамилија "еј каква спална со дормео душек сме дале". Бар ние момите престанавме чаршафи за чејз да шиеме, полека полека и ќе не биде.
Мене ме нервира тоа што го објавуваат и името на училиштето, не сите пријатели на фејсбук и инстаграм се навистина пријатели, што помалку се споделуваат информации во денешно време тоа подобро.
Не знам оти ко ќе пазам на исхрана кога ќе поставам некои цели (не во смисла диета класична) туку едноставно пазам на калории ова она..и баш тогаш гледам рилс со храна, отварам тука во храна и пијалоци темата итн…и не..нема да ми се јади ама едноставно ќе гледам само..изгледа сакам да си се самотортурирам