Загреота девојката. Јас уште пред некој ден видов на рил многу добро објаснето ова, но не можам да го споделам дека го кажува профилот. Сите што го оправдуваат овој или се плашат дека ќе бидат наречени расисти ако го искритикуваат се директно за на лечење. А овој не треба да излези од затвор повеќе, мада не ме чуди пак да го пуштат бидејќи уса си е слободна земја. Вечерва исто така се шокирав од убиството на Чарли Кирк, радикален десничар и активист, и иако воопшто не ми се допаѓаше тој ко лик и неговите ставови, она е многу брутален начин да си оди човек. Но ете, слобода на говор имало таму.
The land of the free... LUNATICS! Ние сме биле неразвиени, а они па што развиени се покажуваат, дал да плачеме ил да се смееме. Да му е страв на човек да им стапне таму.
Отворив да пишам за Чарли Кирк затоа што не знам каде на друго место да зборувам за тоа. Не ми се верува. Чарли Кирк беше според мене, еден од најрационалните активисти, со задоволство го слушав. Секогаш добар аргумент, далеку од тоа дека се согласував со неговите мислења, ама пред се, се залагаше за слобода на говор и почит спрема секого. Америка не може да поднесе резноликост на мислења никако. Не, не.. либералците, демократите, што и да се, не можат да поднесат различни мислења. Скроз сум разочарана. Јавноста изгуби некој кој потикнуваше критично мислење. А пред се, две деца изгубиле татко. Мислам дека официјално стигнавме во време кај што отидовме предалеку со либералноста и полека ќе се враќаме назад, како што треба. Барем во Америка. Многу е битно да има јавна дискусија со СЕКАКВИ мислења, а вакви случки го одземаат тоа. Жално.
Сега му отворив стори на Чарли, пред само 8 саати зборувал за убиената девојка, а сега него го нема. Која иронија. Во право е @Srckata28 погоре, стигнавме на ниво каде не се толерира никакво спротивно мислење. Особено од екстремите од двете страни, што сакаат да уништат сѐ што не е на нивната страна. Колку и да не се согласуваш со некој, има право да зборува за она за кое се залага. Додека никој не ја научи лекцијата вака ќе биди. Нишалото само ќе се ниша од една во друга страна, и раздорот ќе владее.
Глас, пенкало и тастатура. Што се тие? Диво племе не разбира. Само крвопролевање и ништо друго. Ради такво цел свет пати. Толку е тешко да се застане и да се размисли како може да се постапи подобро и поинаку. Да се оди напред, не да се враќа назад. Масовно лудило фатило...
Прекрасен човек беше. Остана верен на својот стил, без разлика дали на некој му се допаѓаше или не. Ми беше жал кога прочитав. Еден куп познати се збогуваа од него, кога некој со таква креативна сила и личност замине, влијанието се чувствува низ целиот свет. За едни можеби беше ексцентричен, за други инспирација, но сите се сложуваат дека беше посебен во својот пристап и став. Прочитав дека продавниците на Џорџо Армани беа затворени и со затемнети прозорци, додека градоначалникот Џузепе Сала прогласил ден на жалост. Знамињата на зградите на градското собрание и на катедралата биле спуштени на половина копје во знак на почит. Џорџо Армани ја обележа светската мода, нека почива во мир.