Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    10.860
    @theowndemon Ме потсети на Инста трендот, т.е често ми излегуваат оние reels со опис:

    "Wow your husband does everything for you/Would do everything for you"
    И одговорот:
    "Yeah, I married someone who doesn't fucking hate me".

    Значиии, колку би сакала што повеќе девојки и жени да го сфатат ова, бидејќи сè повеќе и повеќе ми се чини дека забораваат дека поентата на партнер е токму ова - човекот до тебе неизмерно да те сака и почитува.

    Бидејќи во мое опкружување, секојдневие, па и тука по брачните и темите за врски, пречесто ќе наидам на мислења каде е преочигледно дека мажот си ја мрази партнерката, не ја сака, а некој тоа го турка под тепих, го нормализира со стандардното "Добро е, јас мислев само мојот е таков" и да мислат дека многу од ненормалните однесување се нормални :drunk:
     
    На Panda00, MeowMeow, Waverly Raven и 16 други им се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    9.745
    Пол:
    Машки
    Ова ти се нарекува "крената рачна" во мозокот и на тие шо ја изработиле студијата и на тие "алфа мажјаците" пардон, "алфа-тастатура". Замрзнати бе.. :doh:

    Нема ништо посилно од тоа да си ја сакаш девојката/жената, без разлика дали има 20, 40 или 60 години. Ако сакањето е искрено, љубовта доаѓа за двата пола. Личноста е таа што носи среќа, а љубовта не е натпревар кој има помлада или постара или помлад или постар, туку кој нашол вистински човек покрај себе.

    Среќата не познава календар со денови, месеци, години, туку личноста со која ја делиш.
     
    На Panda00, zemzela91, DS10 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.858
    Допаѓања:
    183.025
    Пол:
    Женски
    Партнерот на некои е нивни најголем хејтер и то е тажно. Секоја жена покрај себе заслужва партнер кој ќе го сака и ќе ја сака, двата кои ќе си даваат неизмерна почит и разбирање.

    Ама, се почесто гледам вакви работи. Претходно беше како "мајтап" завиткано барем, зато и ме мачеше тој хетеронормативен хумор за како си несреќен во брачните води. Би се навредила партнер и на мајтап да речи нешто, а не па без срам вака да пиши со име и презиме на глупи рилсој. Буквално да плука по туѓа среќа плус.

    Дека за то беше рилот го спомнав, беше релевантно за коментарите. Целта не ми е да зборам за години туку за љубов, почит и партнерство. Еден чоек беше со ваков добар коментар и реплики. Се друго беше како неславните цитати кои ги пишав.
     
    На GirlLove, M&M, Малечка Малинка и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    25.840
    @theowndemon таков ти е алгоритамот, мене па сè обратни мајтапи ми дава тикток, пример "како реагира мажот ми кога ќе ме здогледа во гужва" и мажите од намуртени ко ќе си ги здогледаат жените огромна насмевка им се растегнува на лицето, почнуваат да се смеат, да играат. А "како реагира жена ми кога ќе ме здогледа во гужва" секогаш се спротивни, жените насмеани расположени ко ќе си го видат мажот раскиснуваат. А коментарите тек па, ау лом, не знаеш дали да се смееш или да ги жалиш. Во принцип жените се увек посреќни без мажи, од тоа што иам водено и слушнато. :D
     
    На GirlLove, Librarian_, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.858
    Допаѓања:
    183.025
    Пол:
    Женски
    И тие ми излегват (маж ко ќе си води женската или другарка шо неќи афекшн ко ќе те види), ама и таму ко ќе збуцкам в коментари така е. Преѓе ми излезе демек шо напрајв јас за дечко ми за роденден, и шо напрај тој. И двата имаа преслатки поклони. На овај коментар се насмеав: "Очекував нешто лошо да се случи, шо не е во ред со мене". :D

    Мојот алгоритам е храна/рецепти и венчаници инаку. Куц туц нешто вака забегва. И лабубу. I'm but a girl.
     
    На LiquidLuna, Cosmic Girl и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.592
    Допаѓања:
    61.312
    Пол:
    Женски
    За ова со помлади и постари жени, на повеќе наврати имам прочитано дека "нема што маж од 30+ години да бара со девојче од 18-20" и си велам да точно е, ваквите мажи сакаат малечки за да ги манипулираат полесно, и потоа коментарите од мажи се: вие постарите жени велите така дека сте љубоморни оти вас никој не ве бира, ги бираат помладите, а вие сакате тие да бидат сингл ко вас на ваши години.
    А колку мажи се со вакви размислувања, ми се повраќа. :envy: Жената ја гледаат како потрошен материјал и дека е убава и вредна само додека е многу млада (ваљда до кај 25 макс, мемето со Ди Каприо).
     
    На Cosmic Girl, christinnn, Adidas888 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.979
    Допаѓања:
    16.278
    Пол:
    Женски
    Ако, јас а и мн мн други, на 30+ се гледам како милион пати помлада од многу на 20+ години што се, и да можам да бирам некогаш, би одбрала да се вратам на 30+ години, тогаш си позрел, знаеш што сакаш, тешко е да те манипулираат идиоти, размислуваш трезвено, итн. (има и исклучоци, не ме тепајте) :!:
     
    На Adidas888, GirlLove, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  8. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Грешка си,бар од моја гледна точка на 30+ год мои подобро е жена над 30+ год бидеќи знае што сака и знае да почитува наспорти тие помладите. Спрема мое искуство.
     
    На Cutiepie1, GirlLove, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.592
    Допаѓања:
    61.312
    Пол:
    Женски
    Same, имам (само) 28, ама никогаш не би се вратила на 20 одново, кога имаш животно искуство созреваш и едноставно сфаќаш некои работи, па потоа никој не можи да ти го наруши мирот. :D
     
    На zemzela91, Cinnamon Bun, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.038
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Во Петок во 23ч, вратени од кафе, пружена машина, втора пере, ко би реко:rofl:
     
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.715
    Допаѓања:
    24.015
    Пол:
    Машки
    Сеуште ми е во глава, оти прееска зборувал глупости односно сум му окарал мајка не знам што, а не беше така.


    Некни седиме тројца другари од кои едниот како старее така станува параноичен и многу безобразен дури и кон другари сега. Најпрво почна да зборува за личниот изглед на еден друг наш заеднички пријател (дебел е), за потоа да ме чепне мене. Пошто е малку чуден и посесивен со рандом ликови по фејсбук или не знам му оставиле впечаток и само ги следи и сталка по интернет мрежи што прават - како прават. Ми вели абе тој комшијата твоја и ти ми личите на благоретардирани....

    Не знам шо ќе кажуваше друго ама само му реков имаш среќа што сме веќе 30 годишни магариња и што седиме во кафич каде што често идиме и не знаат како културни луѓе, инаку да бевме помали и на друго место ќе ти ја закачев една и ќе те отерав у три лепе пичке материне. Твоите фрустрации да си ги лечиш на друго место, а не на твои другари, и повеќе да не ми зборуваш и обраќаш за ништо. Испивме кафето и заминавме секој по дома и се жалел сум му окарал мајка.. :drunk:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.174
    Допаѓања:
    166.796
    Добро, има ли нормален во државава?
    Ваков цијанид што помина, толку беше тешко да го потопат со растворен капурит?!?
    Се отрувме!!!!
    Стојанче се слушаме ли? Дебил дебилосан.
     
  13. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Машки
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.754
    Допаѓања:
    17.770
    Џабе и Стојанче и Мојанче.
    Сеа зафатени се сите со избориве.

    И никогаш не ја разбрав потребата, мислев на овие од штаб, за гушкање на политички кандидати.
    Screenshot_20250913_080135.jpg

    Screenshot_20250913_080122.jpg

    Алоооо, луѓево дозволија нашите деца да изгорат живи.

    Знам дека нема ум да му дојди на овие, знам дека се ќе напрат за раб место.
     
    На pance24, Anie93, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Луѓето се водат само од своите лични интереси. Ништо друго не им е битно.
     
    На hermosa, Mumoftwo30, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Уште со оваа поделба девојчиња и момчиња?
    Зошто за девојчињата построги правила, а за момчињата како нормално и очекувано и прифатливо да е?
     
    На Космонаут, milkyway^^, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    556
    Машките ги личи (facepalm)
     
    На Mumoftwo30 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.592
    Допаѓања:
    61.312
    Пол:
    Женски
    Јас сериозно мислам дека треба да има задолжително камера во колите на шофершајбна за да го снима патот напред цело време со нашава сообраќајна култура. Возам низ град и гледам на пешачки стапнува стара жена и нормално намалувам, намалуваше и тој што беше во лентата десно од мене малку поназад. И гледам еден паметен од зад мене ме претицува од десно, се испика меѓу нас двајцата што бевме понапред и закочи наеднаш пред мене пред пешачки, оти ја виде женава дека преминува, ќе ја собереше за малце.
    Потоа на отворено возам еве 80 кај што е пропишано 70, и еден ко куршум ме прелетува, сигурно возеше 130 најмалце. Им се гледа прав патот и мислат можат да газат со јаките коли колку сакаат.
    Е ваквите говеда треба да можи да се пријавуваат, ем на камера фатени како доказ, па да видам дали ќе им текни да се глупираат пак.
     
    На zemzela91, azelea, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Машки
    Ако и после оваа печурка од токсичен гас што со часови не труе од пожарот во Трубарево не видиме некој со лисици на рацете тогаш мора на помош да ги викнеме непалците.
     
    На TammiB5, La-loca, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    999
    Пол:
    Женски
    На ваквите им посакувам некој свој да згазат сестра ,брат, мајка татко ,а не невини луѓе ,ете тогаш може ќе им дојде памет ,мада тешко тие да имаат памет не би возеле така.
     
    На Малечка Малинка, Amellie13 и SummerGirl им се допаѓа ова.