Сериозно ова? @GirlLove не со единствена.. @theowndemon сите заедно здружно на онкологија ќе си завршиме. Како за сите така и за тебе бе.. каква глупост.
Оти нема држава ко на времето кога беше Чернобил. Сега мислете и што ќе јадете и како. Катастрофа Да, треба да се прогласи катастрофа и сите да бидат ослободени и од школо и од работа и не знам, многу заебано
За акање и скитање први се, а да им речеш ај на протест ќе ти речат загадено е надвор, не се дише. Паразити. Каков народ, таква држава.
И? Шо докажувате со ова? Си играте со животот малку или како? Само терајте си вие со мајтапите, далеку стигнавме затоа.
Буквално. Како така, не сме во короната да им кажуваш да седат дома. Многу сум гневна на загадувањево. И уште повеќе кога ми текнува дека тек иди зима и ако не се преземи нешто ќе е уште поголем хаос. Ама барем за самите вас грижете се ако не за другите.
Јас скроз се согласувам. Едини протести за нашата депонија на кои не бев беше зошто бев на онкологија. Шо е ... ✨поетски✨. Тие кои не можеа да идат им носевме анкетни прашалници, не сум паметна да кажам зошто беа важни. Ама во моментов, према мене, треба да има акцент да се згрижи населението со минимум штета и после да се плукни во душата на сите шо палат, на сите шо прат плодна почва за вакво аерозагадување. Е сега шо сфаќам е, штом нема immediate danger - многу нема да излезат на протест. И то е жално. Ко шо рекоја погоре, почнавме да немаме survival instincts. И дур има луѓе шо протестират и се борат (најдете и адвокати, Битола за протестите адвокат беше клучен) евентуално ќе има промена. Долга борба е загадување и мора да има united front.
Џабе дробиме. Вчера во Центар концерт имаше со огномет, народ по дворови по кафани, веќе се ни е нормално!!! Донесен е народот до апатија кога веќе му е сеедно и живее само за денес. А тоа е смрт за едно опшество.
Воздухов повише на психа ви влијае нешто. Ништо не докажувам и не сметам дека е здрав воздухот. Ама одете бесот исфрлајте го на тие што ве трујат, ако имате муда. Уствари до тука стигнавме пошто меѓу себе се тепаме дека сме криви дур оние горе пуканки јадат и уживаат.
Мислам дека џабе е протест на улица, ќе се ветува само дека ќе се реши и пак нема да се реши и 100 пати да се излезе на протест. Најдобро решение е никој да не оди ниту на работа, ниту на училиште, ниту на факултет, додека не го решат проблемот, а уште подобро би било не само Скопје цела Мк да го подржи ова. Ама нашиот народ не е толку сложен, се плашат гладни да не останат и без хартија.
Вие имате муда за извоз, за сите нас Храбри, јаки, издржливи, баш ко шо бараат овие експериментаториве, топ
Како и секош.. Овај народ си пати највеќе од самиот себе.. поделен, несложен. Абе зар не гледате дека не натераа да преживуваме а не да живееме? Тие нека се возат со јахти и дишат свеж морски воздух, ние ќе халусцинираме. Абе ај. Сите држави и оваа држава да ти била
Валјда беше во Паркот на франкофонијата. Ме викаа не појдов. Др друштво за во кафана, реков ќе откажат, они заминале... Па денеска за во Градски парк, ќе оделе.. .
Неќам да тупам нахнадно со офтипик ама морам. Прилеп успеа (малку) да помести нивната депонија пред години. Требаше значително поблиску да е до населено место. Сега има протести за рудниците таму. Не е само протестот туку и да се има граѓанско тело кое е во директна комуникација со локална власт и советници за изнаоѓање на решение. Зато и горе ја спомнав важноста на имање адвокат и стручни лица кои можат точно да го насочат барањето на решение и да се дел од то граѓанско тело шо е директно инволвирано. Покрај протест важно е да се има и блокади на патишта кои се клучни за непречено функционирање, во случајов, на (дивите и не дивите) депонии. Ако ние во Битола со помалку луѓе успеавме да најдиме ова, јас вервам дека Скопје има многу поќе ресурси да изведи нешто вакво соодветно. И чим има протести - одете. И еден чоек да има, важно има.
Нема ништо хард кор во ова баш напротив. Свесноста за штетните честички од отпадов не можеше помала да биде кај народов. Пази дан ви избега некој концерт или искачанка Буквално со маски треба по пат да се оди али најбуквално. А да, и на протестите гас маски треба сите да имаме.