Девојки денес и е роденден на сестра ми. Полни 14, уште толку се доближи до мене со возраста. Ја сакам највеќе на целиот свет. Помислив и на вас, послужете се, заедно ќе славиме
Здраво. Знам дека ова не е за овде, ама незнаев каде да пишам. Барам таблет, по можнос бела боја. Понуди лп. Фала
“Hrabrost nije u ljudima nego u trenucima. U trenucima je pustolovina, a u ljudima samo strah od trenutaka...Kukavice su nesrećne više puta u životu, hrabar čovek jednom zauvek."- Јакоооо
Се смееме со моите, и покај тоа што мама е на штикли, пак сум јас повисока од нејзе Ехее, годините се врват
На светов не постојат правила. Постојат само нешта коишто наликуваат на исклучоци, колку да бидеме во заблуда дека сме го нашле правилото. Благодарение на таа „игра“, нејзината динамика, се ослободува енергија со којашто ние живееме и преживуваме. Да го славиме најголемиот наш подарок на овој свет, животот, тоа е можеби единственото правило на овој свет. И дарувајте ги со истиот другите, особено, оние коишто ви значат и сметате дека заслужуваат толку голем подарок. На овој свет сме дошле сами, така и ќе си заминеме. Никој не се родил за нас. Не треба да го заробуваме, туку да го ослободиме, да му дадеме право да го чувствува животот.
Ме нервираат кога копираат статуси без да изменат ниту една буква или запирка некој се мачел од себе го пишувал тоа а ти збирај лајкови на туѓо мислење,глупи луѓе бее
Сакаш да кажеш Viktorijaaaa дека се' што имаш напишано тука е лично твое? Сакаш да ти го докажам спротивното??
Врв на расеаност - кога ќе сретнеш по пат некој комшија којшто те поздравува, а ти после со мозок што којзнае каде залетал 10тина секунди само збунето гледаш размислувајќи во себе дали треба да кажеш Здраво или Добар ден, и како резултат на тоа на крај кажуваш нешто по грешка и се надеваш дека не те слушнал добро...
Дури сега почнува да ми недостига зимата. Црвените носиња, ладните раце и образи, брзањето до дома за побрзо да си ги облечеш омилените пижамки и да седнеш до оганот за да се стоплиш. Да си свариш чајче и да уживаш со убава книга, додека надвор врне снег. Се сеќавам кога бевме мали, па одевме да си играме во снегот, со часови. Се санкавме, си правевме снежен ангел, бабите ќе не искараат затоа што си идеме дома цели мокри. Ахх зимо, ајде побрзај, и да не заборавиш снег да донесеш со тебе!
Не сакам да си заминеш... Не сакам и тебе да те изгубам. Што ќе остане од мене ако си заминеш и ти? Ќе бидам осамена и празна. Не смеам да дозволам тоа да се случи...
Студени денови... а мене душава ми се топи. Овие последни месеци од годинава..можеби ќе се запаметат како едни од најдобрите што некогаш сум ги имала. Чекам снег. Во душава ми е претопло.. и сите прозорци да ги отворам, нема да можат да напраат доволна промаја што ќе може да ја разбие топлината што тој ја создаде. *********** Му се радувам на секое утро што се будам. Се радувам што конечно сум меѓу луѓе со кои сакам да бидам. Меѓу оние со кои деновите се едноставно прекрасни, со кои шољата и дозата кафе се поголеми, разговорите немаат крај, а советите се помудри. Каде што вистината, без разлика каква и да е, не фаќа прашина иако истовремено стои на највисоката полица. Се радувам..што конечно се дистанцирав од она што беше погрешно за мене. Што сфатив што ми треба а што воопшто не ми треба во животов. Се радувам што излегов од една погрешна приказна..во која сите стоевме во место. А јас не сакам да тапкам во место. Во таа приказна во која патем немаше некое поголемо лошо, исто така немаше нит ништо посебно добро. Затоа и заминав. Настрана од онаа јас тогаш, гледам колку некои работи не биле воопшто такви, какви што изглеале. Затоа оваа Јас, сеа ќе се служи со појака диоптрија во иднина. *********** Знам... знам... има нешто повеќе од 2 месеца до Нова Година, но новата Јас и новата година за мене веќе почнаа. Вечерва ќе пијам у тоа име.
жално е кога пријателите ти стануваат непријатели.. ако не сме останеале пријателки незначи дека треба да сме непријателки..
Колку е жално што некои луѓе фрлаат леб и храна! Бев предмалку да фрлам ѓубре и имаше што да видам, мада не е прв пат да видам нешто такво, али не е во ред ама ич! Језда некој да има одвишок... али да фрлам храна и леб?!?! - Мислам луѓе па добро бе аманн, паа заштоооо???!!! ... Дали истите тие уопште некогаш се запрашале или пак ете помислиле дека на Светов има некој што трпи за корка леб?!?! - Гревно е! Па ако им е одвишок, нека го дадат на некој што нема, сведоци сме секојдневно на безброј такви случаи... или пак ете на некое улично куче или маче -> така ќе направат некому добро, а не вака.. што направиле со тоа што отишле и го фрлиле у контејнер?!?! - Ништо! ... Па грев е бе, да му се сневиди!