Дали два грама мозок има овој и таквите како него? Дали немаат бе овие мајка, сестра, ќерка, ако веќе ги заболи за другите жени. Наместо да си ги учат синовите да се однесуваат со почит и да се нормални, тие ќе кажуваат за какви бирале жените. Небаре на чело му пишува на некој дека е кретен и потенцијален убиец од почетокот. И после имаат право на глас овие..
Верувам дека има, ова е за в затвор или дирек смртна казна. Ама за жал кај нас тоа не постои и сме глуп народ кој секоја година си ги гласа истите имбецили.
Колку било убаво чувството да имаш свој дом. Сам свој газда, си правиш што сакаш, кога сакаш, како сакаш. Уште прибор да купам и нешто од опрема, да не јадам и гледам тв во комшии кај баба.
Па да речеме XL ако ти е таман, ќе земеш XXL и откако ќе го испереш ем ќе дојде таман, ем ќе имаш чувство на комфор а не да се лепи за пупки маичката или дуксерот.
Се качувам во такси и цел пат таксистов не прозборуе ни збор. Ама ич. Нит политика, нит државата да ја пцуе, нит времето да го прокоментира, нит мене да те праша нешто. И буквално awkward ми беше цело возење, оти све навикната на муабетчии
Ладни се Финците, тоа финската зима утепува, социјализацијата е различна, ама па либерални се во други погледи, зависи што бараш. Многу коректни од мое искуство.
Подруги се, покултурни, пофини. Мене па нашиве поладни ми се. Тоа што глумат топол народ за пред странци не се рачуна.
Ќе бидам великодушна ако кажам дека цели 10% мажи се ок со ок намери, другите 90% се тешки манипулатори и треба со сериозна резерва да ги земате.
Плочки за купатило носев денес и вреќи лепак. Плачев во себе, колку само не поднесувам физичка работа и болка, кога видов 20 кутии плочки и 8 вреќи лепак, треба да се пикнат во ходник, па од ходник во лифт, па од лифт во стан, саат време траеше целата тортура. Замислувам сценарио, да живеев во зграда без лифт, ќе седев долу околу вреќите и ќе плачев гарант. Не знаев дека тоа толку тежи. Лежам скоро три часа и рацете си ги мачкам со кокос крема, денес ништо друго не фаќам, а може и утре, уствари цела недела заслужен одмор.