Гледам МРТ направиле некое јубилејно шоу. Со македонски фаци, познати личности, нивните дела. Алал да им е. Конечно нешто друго, освен Златна Бубамара. Баш ми е мило. И покрај тоа што дури сега ќе седнам да го гледам, до сега само слушав, додека правев банички за Задушница. На пример Сител или Канал5 да беа на нивно место, гарант ќе направеа некој турски маратон. Ај, со арно нека Ви почне работнава недела, што следува.
Си мислам зошто сум опкружена со глупи луѓе.Пред некој месец една другарка ми вика: -Оваа ти е комшика? -Да,зошто? -Па бидејќи е богата морам да се здружам со неа има Iphone. Кога ја слушнав ми идеше да ја шлапосам една,и никогаш повеќе очите не ги отвори.Па побогу зар луѓето се ценат по тоа што се богати и сиромашни,убави и грди?Каде е добрината,великодушноста? Ама не бе брате денес сите меѓусебно се искористуваат.Имала 500 лајка на фејсбук и одма сите ја дружат нали,бидејќи е популарна.Истиот случај погоре. Мислам дека веќе не постои вистинско пријателство.Барем јас не сум го пронашла. Одох ја кај кравите.
Се запознаваш со дечкото се фино лепо,се наоѓате до некаде у поле музика,метал слуша,поштуе Пантера ваму таму,доаѓаш дома,го аднуваш на Фејзбук...and suddenly Мирис тамјана од Аца Лукас на wall,и уште напишал U ovom graaaadu ja nemam nikogaaaaaaa. Металци. Металци. "МЕТАЛЦИ."
До пред некое време постоеја два вида на учење, „на памет“ и „со свои зборови“. Сега има и нов, „со свои зборови на памет“. Во превод, треба лекцијата прво да се раскаже во тетратка со свои зборови, а после тие „свои зборови“ да се научат на памет. Ова е изум на една од мојот клас, онаа истата што вели дека Чехија излегува на Бали(с)тичко Море (мислеше на Балтичко најверојатно...иако Чехија не излегува на море). Абе, добар клас сме, сигурно тоа...
Штета што викендите траат само два дена. Малку е тоа, додека да трепнеш - викендот завршил. А денес пола ден ми помина на боледување, по вчерашното излегување. Уште еднаш се потврди дека диета и алкохол не иде заедно. Само требаше вчера да ми текне, денес е касно. И не знам што не си пиев пиво, од пиво не можеш баш многу да се начукаш. И кај ме натераа да идам на место на кое ни на сон не би отишла, таму беше пола влада. Уште Латас да дојдеше, ќе се чувствував како да гледам вести на Сител. Толку беше од излегувањето по „фенси“ места. Од сега ќе се држам до старите добри рокерски дупки во кои се чувствувам како дома. И самите некако те наведуваат да пиеш пиво, а не хард кор пијачки од кои после уште два дена ти е мука.
Неможам да сфатам како на една зрела девојка од 24 години сеуште и е филм да изиграва принцезичка, да слави роденден со круна на глава со бланширано плава коса и бебшко розев фустан при тоа домот да и е украсен со розови балони и на торта да има слика од принцеза. Некои очигледно сеуште не се излезени од стакленото звоно во кое ги чувале од дома.
Вербата во самите себеси е најважна ,доколку веруваме во себе дека можеме да направиме нешто што посакуваме истото и ќе ни се оствари Надежта е онаа која што секогаш тлее длабоко во нас ... Секој треба да ја има, најважна е а во многу случаеви ни е и најпотребна . Со верба и надеж нашите планови, замисли и цели се на добар пат до нивно остварување Што и да се случи што и да доживеете овие две работи чувајте ги секогаш во вас затоа што доколку ги имаме нив секогаш ќе можеме да го добиеме онаа што вистински го посакуваме ''Верувајте и ќе успеете ! Најважно е да имате надеж, а надежта е единствениот успех во животот. Никогаш не застанувајте, никогаш, и еднаш се ќе си дојде на свое место, и тогаш ќе сватите дека ништо не е залудно.''
Ме иритират размазени и излигаени деца. Апел до сите родители, не му одете толку по газот на децата и не му давајте од поќе пари оти никој ќе ви ги нејќи.
Денес бев сведок на една многу лоша случка. Камо среќа да не се качев во тој автобус, зошто не ми избега како и секој претходен...?? Така требало да биде. Некој плаче да има детенце, да има желба за да стане наутро, да има радост во својот дом, нешто со кое што гордо ќе се шета низ маалото... Неможат сите да го имаат тоа богатство, разни причини ги кочат. Оние другите пак, се навистина богати. Насмевката на нивното чедо им дава нов живот, нова надеж и среќа. Живеат за секој нов ден поминат со него. Но, дел од нив незнаат колку сето тоа вреди. Е на таков пар налетав јас денеска во еден од гратските автобуси. Влезе жена со количката во која беше син и, детенце од најмногу една година. Плачеше нешто уште при самото влегување. Мајката, ниска и чудна на изглед. Да не грешам душа, ама како да беше психички растроена. Само што се сместија, детето си се заигра со кесата на една од патничките. Моментот кога мајката го виде тоа, настана хаос. Толку тепање и викање не сум видела во животов. Се чудам како детето остана живо. Сирото, липаше без здив. ...ќе те одвикнам јас од тие навики, да чепкаш по други луѓе, говедо едно невоспитано. Само да дојдеме дома и ќе ти покажам јас на тебе, ќе игра каишот, знам јас!!! - тие зборови одѕвонуваа низ целиот автобус, додека детенцето не можеше да се соземе. Остатите луѓе само немо гледаа и тајно го сожалуваа малото. Јас неможев да гледам, се свртев и несакав да бидам очевидец повеќе. Жално, малиот ќе има трауми кои ќе му бидат врежани цел живот.
sweet dreams убави соништа и добар сон на сите сонувајте нешто убаво, слатко и разбудете се полни со позитивна енергија за наредниот сончев и прекрасен ден ви посакувам убава ноќ и убав ден.
Сите патиме да бидеме забележани. Па, речиси сите. Но на мал дел од нас поудобно им е да останат во сенката отколку да се под притисок во центарот на вниманието под рефлекторите. И не сум некој шоумен. Ни јас, ни луѓето околу мене. Зборувам за пријателите. Јас имам пријатели што секој би ги посакал. Стресот ми врши инвазија на нервниот систем. Не сум хипохондрик. Чувствувам како во главата да имам нуклеарка под притисок, а експолозијата се ближи. Имам недостаток на кислород и трпение. Коментарите дека сето тоа е автосугестија ми создава непотребна тензија која ја влошува ситуацијата речиси 100%. Воздржете се, нит се жалам нит копнеам за вашата емпатија. Ако тврдам дека нешто не е во ред, тогаш сигурно не е. Не правам разлика меѓу песимист и реалист. Со состојбава која кај мене е постојана, разлика и нема. Реализмот неодоливо потсетува на песимизам затоа што ситуацијава е депримирачка. Ми недостигаат пријателите.
некогаш се чуствувам ко пишман родена толку ми е тешко ко че помислам на тоа дека оваа недела имам еден куп обврски
Не секој заслужува да биде родител,децата се преголемо богатство за ништожници како жената што си ја сретнала. Ќе и врати детето покасно,со одбивност и рамнодушност,па ако имала госпоѓата некои чувства ќе ја боли дупло повеќе од каишот со кој се заканува...
Стварно не можам да ги разберам оние девојки кои, ако ги викнат за излегување, една недела пред време се подготвуваат. Маникир, педикир, депилација, па чак и заби поправаат, облека ( мора да се купи нешто ново ) Па да секако, одат на бал или каде? Па триста пребарувања на интернет каква да ја направат косата, туторијали на Јутјуб , хау ту мејк ап, смоуки ајс... Па се мисли кои штикли ќе ги облече, вришти по мајка и , МАМОООО НЕМАМ ШТИКЛИ. ДАЈ МИ ПАРИ ДА СИ КУПАМ. Ма оди у неповрат. Ќе изгледа како зомби вечерта. Па ќе се распрашаат секако кои ќе се со нив, па оваа била чашитка, другата курва, третата имала дечко, а одела со нејзин другар пред тоа. И коа ќе се најдат заедно као сестри да се. Бакнежи да фрчат по цели дискотеки и кафичи, па на фб слики со наслов : Срценце мое, злато, душо, бел џигер магарешки, Те сакам, Те обожавам. Е значи стварно неможам да разберам.
Интересен ми беше денов нема што. Откако ја средив мојата соба и два саата ги прелистував и мирисав книгите, време беше за ручек. Брат ми сам готвел. Ко за чудо ништо не загорел, пресолил или прекиселил. Се беше таман. После ручекот едвај некако ги намолив да седниме да играме монопол. Да, да монопол. Ми се чини цел век немав играно, а во чистењето и го пронајдов, па викам зошто да не изиграме една партија. Се умревме смеење. Ми се чини никогаш не ми било толку интересно играњето монопол, а тоа најмногу се должи на татко ми и неговите саркастични коментари во врска со бингото, бомбата, затворот, казните, земањето пари. После многу маки оставме само јас и тој. Махерите за монопол, двајца "шампиони" кои повторно се среќаваат да си одмерат силите. Не спореди дури и со Роки Балбоа и неговата борба. Секако тој беше Роки. Мајка ми и брат ми зазедоа различни табори, мајка ми секако на моја страна, чунки жени сме, треба да се држиме заедно. брат ми и татко ми толку убедени дека ќе победи татко ми се обложија дека поразениот и неговиот подржувач ќе ги мијат садовите. Напнато до самиот крај, се препотив. И знете што се случи?? Јас победив. Стил гот ит бичес Татко ми го призна поразот и некако се наканија со брат ми да ги измијат садовите, додека ние со мајка ми одмаравме. Еве сега само што завршив со одлична книга па се спремам за легнување чунки утре долг пат ме чека до Скопјето Имајте убава вечер девојки
Постот на Irrepleceable ме потсети на една случка на која бев сведок одамна иако нема допирна точка со нејзиното сведоштво. После факс со една колешка седнавме на клупа во еден мал парк на цигара. На лулашката до нас се лулаше едно девојче Ромкиња. Оттаму идеа човек кој беше во години (веројатно и беше дедо) и девојче. Според дијалектот не беа од истиот град. Девојчето сакаше да се полула, но дедо и ја одврна од таа идеја со следниве зборови: Неможе да се лулаш, ја гледаш Циганкава ќе те наполни вошки. Едноставно се згрозив од неговите зборови и неговата постапка. Каков пример му дава на тоа дете? Па после имало тепачки во школата, неподнесување меѓу националностите? Место да се трудиме да најдеме начин да ја намалиме тензијата, ние уште и ја зголемуваме? Мора да значи дека доколку е од друга националност има вошки? Па зарем не сме сите луѓе од крв и месо, зошто таа омраза? Едноставно немам коментар
Нема ништо поубиствено од осаменоста.. дефинитивно. Она кога дури и најблиските не ги чувствуваш како блиски веќе, боли бе луѓе. Боли..
Ме фати некоја носталѓија деновиве.Период ли ми е не знам што ли ми е?Ме тера на плачка,а ич не сум чесен збор.Ми недостигаат многу луѓе,можеби јас не им недостигам ама мене ми недостигаат сакам да ги видам и точка.Има да има гушкање! Едвај чекам малата да заврши со школската година по кога ќе му ја дувнам кусо куче нема да може да ме стаса Иако знам дека радоста ќе ми помине за една недела(како што и обично се случува) ама ми се иде и ми се плаче. Дома си е дома!Каде сакаш лутај по светот,секогаш има периоди кога одењето дома ти е единствена мисла.И додека не ја оствариш стално ти се мота низ глава. Мене одењето дома ми е полнење на батерии.Доказ,одамна ми титка главата дека батериите ми се прикрај.Знак на тоа е моето променливо расположение,се’ нешто ми фали,ме нервираaт се истите фаци... Знам што ми е лекот, еден круг до дома и како нова ќе сум Одамна не ме беше стегнало вака... ах домче... http://www.youtube.com/watch?v=9vEaujXIi24