Кога ќе речеше тренерот " стегни стомак, стегни грб, диши и....уживај" ми се темнеше. Ми фали тоа, сакам да се вратам на вежбање
Дојде ред да е мерило за памет на 9 годишно дете тоа што е претседател на клас,се гледале амбициите по тоа,ќе умрам
Тогаш си имала 15 години, овде станува збор за 9 годишно дете и за некои 20 години ќе го видиш Претседател на државата. Тажно.
И јас еднаш за малку да станам. Не ме изгласаа, за 1 глас изгубив. Се бираше помеѓу мене и едно девојче и девојчињата беа за 1 повеќе од машки. После нешто др ме ставија не беше заменик, нешто друго и требаше да се оди на состаноци, на глупости, јас на ништо не одев и се бунеа од клас и ме тргнаа.
Ja си ја мразев функцијата, бев од бунтовните деца што мразеа школо погрешен избор направија Има време не губам надеж
Ми се случило многу пати да разговараме за некоја тема, и, да ми се појави реклама со производ од таа категорија што сме ја збореле, а никогаш не сум ја пребарувал на интернет. Им се случило и на други. Доказ, дека не прислушкуваат. Ама, во последно време ми се случува неколку коинциденции и во живо. Зборевме за некој продукт, вртам на тв реклама за него. Или одам во маркет и го гледам. Вчера, на пример зборевме за новиот комшија што го имаме, дека го видов на балкон без маица, и имаше тетоважи, а е некое свештено лице. Невообичаено. Како тој попот што носеше маица со Iron Maiden, и тоа не било која, туку со 666 number of the beast. Излагаме вечерта во град и видовме 3 особи со Iron Maiden маица, и една со Behemoth. Едната и беше со 666 number of the beast. Која коинциденција Кога сме кај чудни маици и коинциденции... Пред некој ден им отидов во полиција со The Killers маица.
Некои личности не заминуваат во странство заради финансии. Заминуваат затоа што има нефункционален систем во државата.
Не знам за попот, ама пред некое време зборев со колега за пчели, и почнаа да ми излагаат сандаци за мед. Све слуша ,,тоа,, во каналот. Ако може да ме слушне да дојдат побрзо тие вратите на залиха, да не ги чекам цеел месец. Амин
Смарт телевизорите се продолжение на смарт телефоните. Тоа што се поврзани на домашен WiFi е дополнително нарушување на приватноста. За тоа дека и смарт телевизорите шпионираат се пишува од пред некое време, има и на youtube видеа.
Лелее и кај нас нешто како за срамота се. Јас па викам ништо чудно ваков народ остана во Мк тие си трчаат, тие се советници.
Советниците се огледало… само што народот заборава дека огледалото не ја разубавува сликата, туку ја покажува каква е. А кој сака да се гледа во пукнато стакло? Какви советници такви совети ќе даваат....
Јас во средно не сакав да ме предложат и нејќев да гласаат за мене и заинает ме избраа мене. Reversed psycgology
Се осеќам старо кога парчиња облека за кои до пред некоја година велев - "ова постари жени го носат", сега ми се убави за носење
Последниов период ми се случија две сосема необјасниви работи. Првата пред една недела. Станувам и среде соба вирче вода, прецизно оформено, баш како мало езерце на ламинатот. Никаква истурена чаша, нема скршено стакло, горе влага јок, ништо околу него. Вода беше, ја душкав додека бришев. Втората случка вчера. Сакам да ставам шеќер за турско кафе за гости, а теглата празна. Пред два дена беше полна, ја земав од мајка ми. Јас шеќер не користам воопшто. Се надевам месечарам, втора опција е некој да ми влегува додека спијам, а соседите ич не се секси. А може е некаков демон, на старата жена која живееше овде претходно. Ќе пишам ако има трета и веќе ќе размислувам за ставање камера.
Подземни води и паднат шеќер, нема друго објаснување. Иначе, стај камери, без заебанција. Ако си под кирија, можда газдите си доаѓаат на посета коа не си дома, ништо чудно. А за водата, да не имаш милениче па да се измочало? Не секад мириса на мочка.
Папагал имам, толку мочка нема шанси од него, башка затворен е кога спиеме. Не сум под кирија, станов го користам за спиење и работа, мој е, ама често знам да го оставам отклучен кога се симнувам до кај моите. Е сеа, пари имам на фрижидер често, 100-ки, 50-ки и уште многу ситни, не знам зошто таму секогаш ми стојат, ама логично е ако влезе некој, прво да посегне по парите, а не шеќерот да ми го истура. А и ништо истурено немам околу, само празно тегло. За водата имам некое сценарио во глава, можеби поради преголема жед во сон, да имам земено чаша (која секогаш стои до мене полна навечер) и да ја истурам на под, во сон се разбира. Мада до толку да не помнам.