Ех македонче, лаком гз. Сите професии и бизниси ги изпустивте! Ради такви лакоми и користољубиви луѓе кај нас не верува народот во овој бизнис,поточно не ни знае што е тоа уопште, ни дека постои такво нешто уопште. Среќа што немора да е поврзано со таквии како вас и што може да се работи самостално. НО само оној што му фака кликерот може да се снајде и спаси, ги жалам оние луѓе кои што сте ги унеле у ова и сте ги оставиле на цедило! Но да на вас ви е битно само да си го напуните маркетингот но не и да се погрижите за вашите клиенти! Ало они не знаат ни за што станува збор како ќе работат,ради тоа се откажуваат Као прво самите вие не сте јасна слика на вашите профили,немате материјал,немате ваши изработки,немате со што да се пофалите. И без срам само се фалите со тоа колку луѓе сте убациле а тие луѓе ги жалам и они останале скроз сами како и јас што бев но јас се снајдов сама и научив сама, но што со тие кои неможат да се снајдат? Зашто ги лажете дека е лесно? Бидејќи и вие не работите точно на тоа, гледам, не сте никаква мотивација коа ќе отворам на ваш профил. Нема буквално ништо од работа,само као еве нешто правам и повели ако сакаш Извини ама за овој бизнис за да се собере клиентела треба прво свој успех со доказ, да објавиш резултати па и да препишуваат од тебе твоите клиенти. Зашто да те заследам кога не ме мотивираш. Поише изгледа као да работиш нешто сосем друго а не ова башш. Еве сите странски бизнисмени што го работат истово ги следам стварно ме мотивираат и објавуваат нивни изработки и им помагаат на нивните клиенти почетници да препишуваат од нив. Србинот исто така го следам кој е најдобар и дури има бесплатна група за неговите клиенти! Што е пример за сите вас! Само од вас нема што да видам. Еве јас сум почетник оставен на цедило од ваша страна па направив свои лични анализи кои беа успешни САМА! Кога ќе дојде време јас да сум ментор поинаку ќе биде, не брзам да барам клиентела сеуште, не се брзам да го правам тоа туку се брзам да постигнам успех да можам да им го пренесам тоа на моите клиенти А не само колку да убацам клиенти. Лаком гз бе, вие и баби би примиле што незнаат да се најават на фб не па електронски да заработуваат! Кај нас луѓето не се запознаени со овој бизнис и дека вреди, само треба да се научи. Бизнисот си вреди и тоа многу,и многу работат странците со тоа, само вие кај нас го усравте!
Нема полошо кога не можеш да си ги искажеш емоциите, не смееш… а потискаш во себе. Многу сум тажна и уплашена иако не се познава и не си го признавам тоа ниту на себе ниту на другите. Само се молам да бидеш добро и резултатите да ти се добри… кога те гледам многу се радувам и ми значат сите минути поминати со тебе
Razbiram . Naj bitno e da ne potones vo tie emocii , toa situacija ja pominav i razbiram kako moze da se custvuva nekoj drug . Pazi samo za sebe i poleka ke si zemas sila
Сега сфаќам дека сум многу асоцијален. Мразам гужви, мразам луѓе, мразам бука. И кога ќе излезам некаде, цело време мислам дали поминало доволно време за да можам да си заминам а да не биде глупо. А и излегувам не од што ми се оди туку од што више ми е незгодно секој викенд да им откажувам на луѓево. Пре би си лежел дома, би си пуштил филм и би си уживал. А сред недела, и најнапорниот ден на работа да сум го имал, да ме викнеш да ми речеш ќе седиме така во парк или ќе одиме на кафе некаде кај што нема премногу луѓе, трчам. Не знам до годините ли е, до што ли е?
Не знам колку години си, ама исто почнав и јас да се осеќам, а имам 33. Имам другарка која буквално секоја вечер излегува, со обврски и деца е, и пак е неуморна и не ја мрзи секоја вечер да се дотерува и шминка. Јас порадо би си читала некоја добра книга или филм по пижами. Така да, не знам дали е до годините или до нас самите. Да напоменам, генерација сме со другаркава, претходно заедно излегувавме, таа продолжи, јас баталив
Абе какви години жити се, во 20 ти средни се' уште сум, и од секогаш си бев ко шо опишувате. Ми годи баш, и никој нема да ме убеди у спротивното. Нека крши глава секој шо ми паламуди како требало да се живее живот. Си се навикнуваш така, арно ти е, убаво ти е, а чим ти е арно, си тераш.
И јас не сум екстроверт, но преку неделата скоро никаде не одам и плус работам втора од дома. Така да тие денови доживувањето ми е да попешачам така малце и да испазарам во Веро/Кам. И викенд ко ќе дојди ми се оди некаде обавезно, макар дома со моите да се видам. Преферирам многу да си шетниме некаде со пријатели, кафе, парк, ресторан и сл. Но одвреме навреме ми треба убаво да се издувам, навечер во клуб, ко сношти. Ретко излегувам така ноќно, но после цела недела чмаење дома најмногу од времето, имам премногу енергија за трошење. Ни гужви ќе ми сметаат, ни гласна музика, да си се изнаиграм. Но ова од сношти ми беше доволно за цел месец најмалку. А за тоа излегување навечер секој викенд изживеано ми е од ко бев средно и на факс. После цел ден социјализација, со минимум screen time, обожавам да си дојдам навечер и да се исклучам од светот со некоја занимација. #justambivertthings
И јас сум во странство, не познавам никого. Се навикнав иако доста време изолирано се чувствував, па сега живеам со надежта дека нема вака вечно да биде па дека ќе запознаам луѓе тука некако во блиска иднина
Како работите или учите бе со музика? Пробав, приморана сум пошо некои саможивњаци у моја околина немаат осет. Иии невозможно е Цела концентрација и внимание у музиката ми се насочени, за друго не ми паѓа на памет да мислам Алал да ви е за мултитаскингот А ја треба излеа малце поинаку да се поставам со саможивњаците
Другата недела е маратонот, па вие што ќе спиете до 12 можете да почнете да си се жалите зошто ќе бидат затворени улиците. Да ви кажам ја со време
Зависи што музика и што работа. Ако треба да се сконцентрирам на репетитивна работа која бара фокус, Адриан фон Зиглер. Ако треба да имам мисловен процес-тешко.
Ти може си ми брат. Иста сум. Излегувам ради реда. Маж ми се чуди. Он е многу друштвен. Јас сакам да сум сама или со семејството. Кога сум сама гледам филм или серија. Или слушам музика и средувам по дома. Кога ќе излезам после еден саат ми здосадува.
Скромноста е најдобрата карактеристика која што може да ја има човекот. Ретки се оние кои ја поседуваат онака вистински, ненаметливо и природно - е тие се квалитетни луѓе кои сакам да ги имам во мое опкружување.
Веќе се осеќа свежина во воздухов, заладени утра и вечери, се чувствува дека есента ни доаѓа на голема врата, кај да е ќе има и повеќе жолти лисја по улиците и дожд Веќе е време полека да се вади есенско па зимската топла облека, вечерва ќе се спие во пижами со долги ракави и збогум за летните