Noise cancelling слушалки ти се најдобра опција. Втора опција слушање на класична музика. Да нема ''текст'' музиката, да не се концентрираш на зборовите на песната.
Леле еднаш несакајќи отидовме во pet friendly хотел на одмор. Не знам како ја пропуштив таа информација, вообичаено меѓу првите критериуми ми е да не е pet friendly. Имаше две тетки со едно куче, нит се спиеше, нит се јадеше, нит кафе се пиеше од тоа куче. Не прекинуваше да лае, па едно пискаво гласче. Живците ми ги искина. Се качува по маси, лиже тањири. Утре друг гостин ќе се храни од ист тањир, ама таквите ќе ти речат еј миени се де. Еј кучињата се почисти од луѓето...Претерано е едноставно... Овие две љубов водат до кучето, ги лиже по уста, абе бљак. На плажа иста песна. Еднаш и никогаш повеќе на такво место. Тетките се вреѓаа на коментари отстрана, не е да генерализирам, али претежно повеќето одма те фаќаат за душман. "Ако не вежбаш и не креваш и се следствено на тоа, ти си без дисциплина, и си психички нестабилен и слаб. Мора да бидеш јак карактер." отприлика вака звучи - честа изјава на еден наш, многу популарен тренер, ај да не именувам. Стварно се досадни.
Понекогаш помислувам.... Арно некои рекле : Омажи се за богат, да не мора постојано да работиш. Е мене народе ми е дојдено преку К од рмбање ко црнец за 40.000. Т.е.30 000 Моментално, ми се прчи К негде на јахта со коктели, едно месец, два, три низ светов, шопинг, уживање. Read this just for fun.
Гледам на апликација за време, за викендов ми кажува едноцифрена бројка на дневна температура. Бев подготвена да ги снема летните горештини, но не за зимски температури толку рано. Како ќе се преживее до март. Плус, од сношти официјално ја отворив сезоната на спиење со чорапи и ќебиња.
Ау страшно тоа ,да не се води хигиена, штом се испотам одма тушот , денеска на соларно немаше топла вода ,па со ладна ,буквално не можев така да чекам ,не па воопшто да не се туширам, се тешам дека и ладната вода е ок
Сдк голема мрза сум станала. Ми се чита книга, ама и ми се пие кафе. Е сега, ме мрзи да станам кафе да направам, а за книга треба да бирам која, што... И така, си лежам со мрзлива желба.
Ние дефинитивно живееме во “симулација”. Во која држава Универзитет му честита РОДЕНДЕН на премиерот, еве не знам….
Колку ми е мило кога после толку долго време повторно пишувам овде онака, без да ми треба нешто. Искрено ми фалите сите, и тие што ме сакаат и тие што не ме сакаат толку, без разлика дали јас ви фалев или не. Како што гледам малку останале на форумов од активните членови што беа додека активно пишував јас. Гледам повеќе се некои нови, но се надевам ќе разменам некои зборови и со нив. Ми фалите дечки, кога помагав и кога ми помагавте, кога на секоја тема коментирав, кога се забавувавме, па некогаш и лудница ќе направевме ако не се согласуваме на некоја тема. За некои ќе претставува радост, за некои shit ситуација што се вратив, за некои ништо не претставува, но тоа е, живот. Се гледаме во некоја темичка златни, љуби вас ваша Калма.
Ако се донеси закон за возила што користат бели светла (па и долги) за да се забранат цел живот ќе ги гласам, еве најискрено.. ПРЕМНОГУ СМЕТААТ
Сдк2. ..дефинитивно форумот во континуитет е цел на ,,хибридни напади,, од ,,странски служби.. Не знам кому толку пречиме (па не сме сите за Левица побогу) ама едно време ,,прогресивни ботови,, труеја, сега ваљда ,,регресивни,, и страшно е колку се исти, ем ботови, ем неписмени. АИ, ако си ти, да ти кажам- уште многу бурек имаш за јадење Ах... да не заборавам- еве и орден (со или без венец) за автентичното членство
СДК со здравје да си ги носите од денес блузите и капчињата шо ќе ви ги поделат по штабови да ве подноват за да урлате или шо би рекол нашиов народ да ви се најдат во лошо и во арно де