тоа што си е за тебе ќе е твое, тоа што не те одбрало тебе(ако е човек) не е за тебе, не е до соперничката
Сакам да кажам дека сум богата и благодарна, но не богата во смисла на материјално или на пари. Богата сум и благодарна бидејќи го имам правиот човек покрај мене кој ми е во исто време најдобар пријател и љубовник, на кој можам да се потпрам, да се исплачам, да се насмеам, да бидам лута, тажна, збунета... и секогаш да има разбирање за мене и да ми даде простор кога ми треба. Човек кој вистински се грижи за мене, со кој можам да се разберам со поглед и кој ме прифаќа баш таква каква што сум без во ниеден момент да се обиде да ме смени. Богата сум и благодарна бидејќи имам кров над главата, станче кое сега ќе го уредуваме заедно и во него ќе почнеме да пишуваме нови подглавја во нашите животи. Богата сум и благодарна бидејќи сум бремена, тоа мало плодче што расте во мене створено од љубов едвај чекам да се роди и да си го растеме и гушкаме заедно. Богата сум и благодарна бидејќи го имам најлудото, најмилото, најуникатното опавче што мрда и секој ден кога ќе си дојдам дома ми се радува и ме пречекува со позитивна и весела енергија. И колку и да ми бил лош денот, во тој момент заборавам на се, се гушкаме и се поминува. Богата сум и благодарна поради моите родители баш такви какви што се, што ме израснаа и воспитаа да бидам ЧОВЕК, со морални вредности и емпатија. Богата сум и благодарна поради сестра ми, моите две внуки близначки, зет ми, целото мое семејство. Богата сум и благодарна за моето здравје, и за здравјето на моите најблиски. Богата сум и благодарна за сите луѓе што поминале во текот на мојот живот, луѓе што биле лекција, луѓе од кои сум научила, луѓе кои биле тука во моите најтешки мигови, луѓе кои си заминале од мојот живот... Човек може да биде заслепен и да трча по материјалното мислејќи дека колку повеќе има толку повеќе ќе биде посреќен. Се додека не се сфати суштината на животот, човек никогаш нема да биде благодарен за тоа што го има покрај себе. И за тоа сум благодарна највеќе од се, што јас тоа сум го сфатила и го ценам повеќе од се на овој свет.
Ама сепак во неа гледам конкуренција, уствари која и да беше одамна го мислев тоа ,дека можеше да сум јас .Така е,што ти припаѓа ќе биде само твое но во животот не оди така .
@hermosa Кажано без лоша намера, но самата на себе си си најголем и единствен непријател/соперничка Мораш да си ја насочиш енергијата кон себе, а не кон некој поранешен партнер, уште помалку неговата сегашна партнерка. Нема поента. Мораш да се сакаш себеси многу повеќе од вакви размислувања и дури тогаш сè ќе си дојде на свое место
Дечкото да вредел, ќе останел твој. Штом дошло до тоа сега да има друга, викај си дека си се спасила од погрешен избор. Тој кој вистински те сака и те цени, нема да си дозволи да те изгуби.
Што време невреме ќе беше, ај што врни ама и ладно е, како зима да сме. Башка на повисоките места снег падна. Не мразам дожд ама многу брзо ме заситува вакво време и одма го барам сонцето назад. Ми треба сонце, кафе и парк и веднаш ќе ми се врати енергијата.
Море и чорапите нека ги натопи, и на плуќа нека намачка, па ако остане нека избрише и порозори, таман да се загрее плус.
Иначе на темата, зашто сум имала саат у вц? Еммм, за да гледам колку е саат пример, втф?! Па оти сум имала рамки со слики и вештачки букет? Оти сум естетска , уметничка душа што вие обичните смрници никад нема да ја разберете... И оти има место и оти ми се може де...
Какво лето, какво сонце, какви бакрачи, дај ми дожд, облаци, ветер и снег и доста ми е, не барам повеќе. Сега гледам почна и кај мене ситен снег да мршори, значи завиткан во ќебенце, стоплен, супер ќе спијам ноќва