Да, забрането е само симнување торенти. Иначе си симнувам филмови, книги и серии како зипувани фајлови без проблем.
Не знаете колку пати ми се има десено да запознаам совршена, убава, паметна и харизматична девојка со која сакам да се здружам, само за да испадне дека користи 98% од мозокот да размислува и зборува за мажи. Девојки ве моооолам. Барање мушка пажња е болест fr.
Плави, зелени небитно, главно светли очи ми се понекогаш премногу overrated, али очиве шо ги има детенцево ауф бре шо очи ќе беа ова прав ангел
Сакам да кажам дека едно видео ми го напрај дено. Беше нешто во рамките на: "вооружената некомпетентност треба да резултира со булинг, треба да преќиниме да го нарекуваме вооружена некомпетентност и едноставно да ги викаме луѓето кои ја користат глупи". Се шо имам да кажам, предобро. Генијално. Ми се допаѓа. Додаде и примери, ако сакат да мислиме дека не можат да сфатат како да мијат пајнци - тогаш ќе ги третираме ко то шо се, глупи. Замисли да си глава на семејството ама жена ти треба да ти пиши инструкции за се. Велиш дека растење на деца и делење обврски е "бејбиситинг", тогаш како се растиш самиот? Одамна нешто толку интересно немам видено.
Па глупи се, ама мозок од свиња уште не транспланирале Како бе јас да поправам нешто што мајка му во корен го заебала. На никого конкретно не се однесува, и на многумина истовремено. Од цео до мео, зошто им се инаку секретарки што мислите
Еднаш наидов на една на Инстаграм што јаде живо месо и млеко и е од оние што го потат таквото со сирова храна и еднаш вели месото е поздраво живо зашто со готвењето се уништуваат масните киселини и ензимите. Мислам... Кога некој збори за ензими во контекст на тоа колку е здрава некоја храна, одма знам дека појма си нема
Не можев да ја најдам темата напукан сум, значи две години како калта си и не знаеш да ми го тргнеш утарето со влакна после стрижење и сите влакна ми ги истураш на патиките, ах бе..
Гледам сега во темети за фитнес и диети и сретнав многу јадења со овес и изгледаат и убаво и вкусно.. И сега се прашувам дали само јас сум единствена будала што овесот го прави така само што ќе го сипе овесот од пакетче во чинија и ќе ставаи ладна вода и си велам "колку е грдо ова, ама мораш, уште овој ден и веќе не јадам" и така секое сабајле со години, поточно едно време престави да јадам па сега пак почнав.
WHAT DO YOU MEAN САМО СО ВОДА ГО ПРАЈШ ТАКА ОВЕС ТУРЕН АЈДЃЛФЛЦЛСЛСМДЛЦ Треба малку засладувач, се шо сакаш да скриеш ко протеин исто можиш. Или инстант користиш? Тој е со засладувач и разбирливо е само да го потуриш.
Не ме гледај така. Само ставам вода (ладна) и тоа од прилика да не е густо ама и да не е и ретко. Овој го користам, и тоа исклучиво само со малина. Другите не ми се убави, особено банана.
коментаров ти е за да се отвори тема за дискусија. За цитираново, јас сакам да ги научам децава исто како што ме учеле мене но ние сме растеле во свет кој за жал денес не постои.
Пак ќе те гледам така зошто како ставаш ладна вода (?!?!), ама ова е веќе друго. Ова е инстант овесна каша, има засладувачи и шитс за да е вкусна. Пробај бар затопли водата или замени за млеко (крајво или растително) и о д м а ќе видиш разлика на вкус. Ко ќе не сум дома јадам инстант каша и ја прам со кри кри супер спун јогуртче. Ко рече овес, јас вака нешто замислив: Пошто ова користам јас дома.
Божее, па како ве најадуваат тие трици? А бе се знае доручек, јајца, сланина, топло лебче, доматче, краставичка, сиренце, пишии, бурек, јогурт, остала манџа од вчера, палачинки.... Додуша, која сум јас на вас да ви кажам кога со години појадокот ми е кафе и цигари.
Пошто немам време да топлам, ме мрзи, а млеко не ставам за да не внесам + калории. Сум пробал и со таков овес кога постев на ист начин, еднаш само и никогаш повеќе. Ете го си стои уште така отворен.
Јас барам рецепти како да искомбинирм со овесов не се става у уста тие инстант ми делува како да не ми се баш најздрава опција
@Mr.Limonko Е леле, дебелиот ти Наместо да внесеш уште едно 100-тина калории од затопленото млеко (што е и плус протеини) и да уживаш како човек
Како бе со ладна вода? Не си ги цениш дигестијата и забите? Нема немам време/ме мрзи. Мора да се прави со стоплена вода (и по избор млеко). Нека не те мрзи. Да ти ја пратам мајка ми, ќе заборавиш на мрза ко ќе почне да ти се дере. Одма што станеш стави вода да се топли, а ти за тоа време направи нешто плус. Намести го креветот и одбери си алишта ако треба да излегуваш некаде, или пак во кујната потсреди нешто (најубаво вака за да ти е водата пред очи и да не ја заборавиш).