Прашј ја како тој би реагирал таа да каже дека неа не ја бива за нешто и да не го работи тоа.. Не може за се да не те бива. Не мора да си професионален готвач за да направиш нешто основно за јадење или не е нешто комплицирано да ставиш алишта и стиснеш копче.. Комплицирано станува кога се тоа еден сам го прави. Не мора да е најсовршен. Ама не сте должни да отидете да живеете со некој и да му бидете неговател, слуга, да му перете алишта, а тој ништо да не прави за вас. Помалку важно дали клекнал да те запроси и како ти предложил да сте во брак. Џабе прекрасниот спомен на тој ден, ако после тоа не ве цени и не се труди и после тоа да ви направи нешто убаво за да ве изненади.
Да си ми жива. Го тинтраат од дома, мамичка, го тинтра девојката со тоа шо решава да ги преземе главните дејствија, као нишо не мора исклучиво за муж да е наменето да го праи, све може она, и после неспособен маж, епа неспособен Многу контрадикторности се испреплетуваат овде, али ај.
Сега сосем нормално стана жени да запросуваат мажи??? Од кога бе? Извините, ама премногу сте разгалени, мислите дека треба да ви се клањаме и да молиме да ви бидеме сопруги. До каде стаса светов бе? Ај уште еден к** да имаме и само да си правиме деца, ќе дојди работава.
може Кире пазари и готви кај нас бар е така, само да сум подалеку од кујна и мене не ме бива за тие работи
Ама сериозно, без закачки, сакам да ми се разјасни само.. Која е поентава на луѓево што идат од врата до врата и делат пенкала, тетратки, флаери шо ти не? И се сликаат у моментов кај што им ги подаваат? Не разбирам.. А го гледаш обичниов човек излезен во трошен двор, фасада нема, врата рушена, некој само цигла.. да, до тетратката му е дојдено... За партискиве полтрончиња говорим.
Да се види народ колку ги сака и дека имаат поддршка. Ваквите се надеваат на партиско вработување и дека тогаш ќе поправат се ова шо им е трошно.
А уште ли го има ова во денешно време? Некако ми е старомодно да одиш од врата на врата. Зградиве поголем број се со шифри, па гледам и по куќи веќе има. Да не зборам за секакви крволочни кучиња по дворовите. Не би го правела тоа па не знам шо да е. Башка шо никој никогаш не се убедил од агитирање, па камоли од упаљач и пенкало.
На луѓето неможе да се верува никогаш, но во самиот себе ДА! Ради тоа, секогаш верувајте во себе и само напред!
Правиш childhood мемори и одеднаш сè ти се враќа мирисите, чувствата, спомените. Колку брзо минува времето…
Утрово, се разбудив мислејќи дека комшиите над мене, прават егзорцизам. Од 7 часот, нон-стоп има детско вриштење, скокање, бркање, тропање. Не кумано воопшто… а и тоа детиштето како не се измори, не ми е јасно?!
И над мене исто деца живеат некогаш во 12 навечер фудбал играат, ама не ми пречат деца се и ние некогаш сме биле. Повеќе ми сметаат возрасните кога почнат да се дерат, скоро секој втор ден караници па тоа се треска, деца плачат, они се дерат, кој знае што прават.
Ај бе на шо личи у 12 фудбал да играле? Луѓе шо спиеме и стануваме у 6 пример шо да праиме ние? Ради невоспитани дечишта и возрасни лудаци да немаш спокој и мир.. Еве викенд е, сакаш да се одмориш. Не ги оправдувај плис, деца сме биле и ние да, ама кај сум смеела нешо такво да помислам, не пак да правам. Ова сеа све од колосек е искочено. @Waverly Raven мислам ко да те иам и другпат читано за проблемов, не знам дали за истите збориш. Добро сериозно на другите станари не им смета ваква врева па не реагираат? Шо е со луѓево, дали толку отрпнаа па кренаа раце или не знам.. Абе идете таму соберете им се, напрајте ги лом, па не може кој шо сака да си прави, да ја има целата слобода, да вознемирува цела зграда. Сите им ќутат, и овие јаки се мислат.
Сите сме биле деца, но не сите сме вриштеле и тропале постојано. Не сме смееле ни малку да покачиме тон без оправдана причина (на пример да се викне само ако нешто гори или ако некој падне доле). Зависи кој како е воспитан. Претходно кај што бев, повеќето од станарите се жалеа на управителот за секоја претерана врева. Ваму кај што сум сега, повеќето мува не ги лази иако од претерано бушење, неконтролирано дерење и тропање се чини дека зградата ќе летне во воздух.
СДК дека одамна не сме се читале. Многу страници сте изнапишале. Не знам кој се сеќава на мене, но јас долго време не сум ве читала ниту пак имав желба да го отворам форумов. Ми излезе на фб пост од фемина сајтот и се сетив дека одамна не сум се вклучила овде. Си го памтам пасвордот уште да. Многу години поминаа откако последно напишав нешто, но осетив потреба да се вратам пак, макар на кратко.
Сакам да кажам… Сдк дека секогаш кога мислиш дека ти е лошо и си кукаш колку ти е лошо, не се секирај, ќе те снајде и полошо Мислејќи дека само јас имам здравствени проблеми и кукајќи си за тоа, ме снајде уште поголем. Болки во кичма кои ме уназадија тотално. Сите други претходни состојби ми станаа небитни. Мака било ова две недели да не можеш да седниш, да одиш ниту да легниш како човек. Најтрагично е што лекарите тука не ти се замараат многу, пиј ибупрофен и парацетамол и ќе помине. А пусто не поминува. Ех старост, на 36 години да се осеќаш ко на 86
Не си ме запознал мене и ќерка ми што има само 10г Во контекст на муабетот за овес во изминативе 2, 3 страни, јас некако едвај се наканив да ми биде прв доручек бар во работни денови. И тоа со вода топла (со млеко ми прави грчеви, со јогурт не ми е вкусно), банани, брусница, путер од кикирики, малку мед или сируп од урма, некогаш комбинација со друго овошје. И издржувам некако докај 12:30 - 13:00. Вака така се навикнав а и за дивно чудо вкусно ми е. Морав за да не ми бидат и двата доручека лебен оброк
Би ти препорачала да го разгледаш профилот на Ројал масажа во Струмица. Јас сум нов човек од кога бев на третмани. Со помин да е само