Мразам молови!!! Сама коа сум едноставно се губам, не можам да се снајдам, не можам да памтам што и кај е, лутам ко мува без глава Можам и да кружам по стопати и да не ми текне дека сум поминала од таму.. Ко паника да ме фаќа, сакам што е можно побрзо да искочам.
Многу сакам во животов да има еден ред на која возраст треба да почине човек,нека е редот човек да проживее еден нормален живот...не е фер ниту хумано што све се случува околу нас и сето ова умирање на млади луѓе значи ексик!
Сфаќам луѓе со пониски примања да се искомплексирани, или фрустрирани за пари... ама кога луѓе со високи примања, со станови коли патувања фенси облека итн., се искомплексирани за пари до тој степен што во обичен муабет им извира, е тоа не го сфаќам (lifestyle creep или не).
Мене, овес приготвен со жешко млеко ич, ама ич не ме држи. За разлика од тоа, овес со млеко, протеин, какао, чиа, ореви и малку суво грозје ми е топ и ме држи како нормален појадок. Читав дека овие overnight oats, содржат поголема количина скроб што е резистентен на дигестивни ензими и овозможува побавно варење на храната, ослободување на нутриенти, помалку покачување на инсулинот и подолга ситост.
Ова е инаку вистина и за ориз, компир и тестенини. Кога се ладат, скробот делумно се ренатурира па има помала гликемиска вредност отколку тазе зготвени.
Многу почитувам кога луѓе што имаат пари не се искомплексирани со брендирана облека, тоа ми дава некој впечаток дека се сигурни во себе и попривлечни ми се на некој начин. Од друга страна не значи по дифолт дека ако носиш брендирано имаш комплекси ама па ако све ти е брендирано сигурно имаш комплекси. Познавам такви што не би влегле у бершка или пул н бер. Комплексаши.
Многу ме иритираат луѓе што еднаш во 5 години ќе излезат од државава и кога ќе се вратат ти држат предавања како треба да го живееш животот. Исто така кои одат некаде само за да се покаже дека се биле пред роднините и пријателите и кафето што ке го испијат за 3е, ќе кажат дека го платиле 6е.
Појма немам, рецептов го измислив ваљда. Го јадам изладено, не знам дали има врска. Не знам како би го спремала overnight, со студено млеко па во фрижидер да стои?
Искрено мислам дека повеќе луѓе го прават тоа само за да се покажат пред другите,а не дека тие вистински уживаат во тоа.