Стварно се скренале денешниве родители ако бараат поклон во плик за роденден на мало дете. Ние одевме со молив и тетратка и бевме пресреќни, да не зборувам за нешто поскапо од тоа ако ти подарат. Јас најмногу сакав плишани играчки, нејќев да чујам за пари. На прославите пиевме лимонада, грицкавме солени грицки и при крајот тортата се сечеше, толку. Не дека имам нешто многу против ако сакаат денеска "полуксузно" од тоа да си слават, ама барем организирај си колку што ти се можностите. А не да ги тераш гостите да ти ја плаќаат прославата. Навистина во денешно време сѐ се сведува на материјалното, и ако има некој ќе биди вклучен ако не не си битен.
одма ќе се јават паметните како не треба да се глорификува скромноста, грабај пари брее колку што моеш итрина е тоа
И замисли после неколку години какви деца ќе се, пред се ќе им е материјалното по важно отколку духовното. Сега се гледа се кроз призмата на парите, да не помислам понатаму. Порано кога си правевме по скромни родендени, многу поубаво беше, ништо не ни фали, еве, живи, здрави и без комплекси.
Тоа веројатно за втор роденден, на прв роденден малиот уште не знае да гребе, само пари да брои знае..
Шо се замислуваат некои бе, над 25 више стар те мислат, а ти помладо делуваш од нив Шо е со младинава, ко тетки се девојчињата, ги мислиш за 30+, а сиротите малолетни Ние шо идеме кон 30 ка за неколку години ко бебиња сме Ме прашаа у кое школо учам
И на доктор скоро идев, нешо немаа струја знам, поправаа оправаа, па ај да завршат работа побрзо, ќе ја прекинеле, да искуца за упатот шо требаше, и вика таа тетката, ај девојчево прво, младо е Сум младо уште ама овие баш за дете некои ме сметаат. Слатко е
Нема поубаво нешто од тоа да слушнеш од страна дека те мислат за девојче младо. Не дека сме стари али...
Ја планирам Ноември трип то Кореа, ако си за со мене ајде, да одиме да изнакупиме корејска козметика, да си го задржиме стандардот.
Наречете ме цепи длака. . Ама кога некој добар пријател ми кажува дека некој негов близок е во болница ( без разлика на подолг или пократок период) , јас го прашувам, како е? Дали е се во ред.? Општа култура е тоа. А, не одма да ти свртам муабети. Основна култура е тоа, а не одма да му свртам бош муабет. Кога мене ми се случија вакви работи, нити еден што мислев дека ми е близок, ниту еден не ме праша како е братучед ми. Што беше ем на интензивна, ем сеа си има уште проблем и уше одам со него. Е така, си се покажаа моите луѓе. Аха, ќе се видиме, ќе кажиш и на тоа остана. Сега почнав да не споделувам вакви инфо со блиски пријатели. Само кажувам супер е се. Ништо немам проблеми и сл. Си имам психотерапевт, си одам, поарно таму отколку со луѓе без осет.
Најголем флекс ни е тоа на нас "постарите". Многу пати и мене ќе ме прашале што учам оние кои не ме знаат, а јас само 28 годинки и работам. Па и искрено не се осеќам старо, освен што половината побрзо ме фаќа кога сум наведната и осеќам промени на време другото си е таман.
Време е и да престанеш да ги нарекуваш блиску пријатели туку познаници. Тогаш ќе ти биде полесно кога познаниците ќе се однесуваат како познаници и нема да се разочаруваш толку често