Баш ми се свиѓа новата платформа Од ова што досега можев да разгледам многу пофункционален ќе е форумот вака. Браво
Ве молам кажете ми дека погрешен линк ме довел до некој друг нов форум... Вратете ни ја старата фемина!!!
Ми се допаѓа и на мене, заборавив да си допишам, сега го разгледував и имаше многу можности да си ги смениш. Браво бе дечки Сега идам да спијам, од утре се дружиме пак.
Искрено не знаев дека толку многу ќе ми фали форумов деновиве. Се нешто ми текнуваше да пишам а немав каде
Ааа, сега сфатив колку уствари сум зависна од Фемина. Па можам да кажам дека околу 20тина пати на ден проверував дали е пуштен форумот. Инаку ми се допаѓа новата платформа се надевам за брзо ќе ја проучам
Eве и јас ќе го докршам ледот и ќе се надоврзам со некои членови дека новата платформа воопшто не ми се допаѓа. Ниту бојата, ниту моделот, а уште помалку аватарите (што се во круг).Така да ако дојде до некаква анкета околу тоа дали да се врати старата платформа, јас секако ќе гласам ЗА! Башка колку што успеав за овој краток период да ги разгледам опциите за зачувување на приватност, може да забележам дека не се нешто особено променети за разлика од претходно, но и покрај тоа е сменет дизајнот за кој што се сугерираше да остане ист. Не е дека се фаќам како слеп за стап, ама само направете една проста споредба, со тоа што пред се ќе бидете реални! Оваа или старата фемина?! А да, и во случај да прочитаат администраторите, би сакала да направите нов чет каде би можеле меѓусебно да комуницираме, со тоа што ќе направите и посебни прозорчиња каде ќе можеме поединечно да ја водиме конверзацијата. Толку од мене, фала и пријатно!
Редно е да се напишат впечатоци Ми се допаѓа платформава,иако малку се изгубив,немам ја проучено целосно И сфатив дека сум огромен зависник од Фемина,не знам колку пати кликав на форумот да проверам како оди работата Едит:Абе ова како фејсбук исто,со профилче,статуси,следачи Го нема четот,или не можам да го најдам и оваа розевата боја почна да зрачи,ама нe e лошо. Changes are hard,but inevitable
Супер е! Посебно ми се допаѓа тоа со лајковите Само не ми се допаѓа тоа што аватарите се во кругови, а не во коцки, но океј е и вака. Едвај дочекав Само гледам нема spoiler овде..
Требаше прво психички да не подготват за новата платформа, вака не начекаа неспремни за промени па затоа се жалиме. А да, со новата платформа пожелно би било да одеше и упатство за употреба!
Аууу,женцики па кај сте ми,ми фалевте Па и нови смајлиња,ау... Знам само дека форумов ја изгуби и таа посебност што ја имаше и се претвори во кајгана во розева боја,најискрено. Е вака,очекував промена но не волку драстична. Прв впечаток: Вришти на девојрачуласто. Прво нешто што воопшто не ми се допаѓа е разгледување на профилот,не можам да се снајдам никако. Ееее,ми фалат цветчињата,не ми се воопшто допаѓа ова со обожаватели,кршење мразови и сл. За испраќање мислење многу е позгодно и поубаво. Бев ЗА нова платформа,и во ред е,ми се допаѓа и ова,прекрасна е ама...многу спомени отидоа со постарата. Нејсе,одиме напред што друго да речам R.I.P old femina И,специјален поздрав до сите со смајливо
Frankly my dear... секоја промена е тешка и треба време за навикнување, има позитивни страни новава платформа, ама боиве и стутканоста на некои делови, е тотално глупа. Ми се допаѓа само новиов начин за постирање на мислења и приказ на аватари...другово... гламстик. Јес да форумов има и лигави жени, ама до толку да е девојчурест и не морало. Ама се е ствар на навика. Не бе, не можам да се навикнам на волку розе. И се надевав дека нема да има лајкови или барем ќе ги ресестирате. Е сега со нотификацииве си земавте беља на глава со тролови и досади. Очекувавте дека јас ќе измрчам, така... П.С. Леле мајко моја...имаме и чинови. Форумски идол...господи напомош...амин.
Нека ни е честито со здравје да си го користиме . Малку ке е тешко да се навикнеме ... Сепак свака и час
Ова како Фејсбук бе. Ама модерни сме нема што, јако е. Ќе ми треба време да се навикнам дефинитивно. Нема од сега да кажам што ми се допаѓа а што не бидејќи е прерано, нели при секоја промена сме сеуште желни и навикнати на старото. Така да, барем неколку дена ќе се воздржам од коментари. Но од одма пофалба за нотификациите и мала критика за смајлињата (повеќе ги сакав другите, но може е навика само) и за тоа дека сликите се во кругче. Поздрав до сите и уште еднаш ми е мило што сум дел од форумов и ми недостигавте овие денови, па се надевам на брзо навикнување. Како и да е, секоја чест и мислам дека премногу труд е вложено и премногу е направено за само 2-3 дена. Не е воопшто едноствно тоа. И се си е убаво смислено. Сега ќе си легнам затоа што ако земам да разгледувам и да коментирам, нема да си легнам до 5 саат, како што бев зажелена. Слатки сништа на ситее. П.С. Се надевам и ограничувањата за смајлиња се укинати. Да не должам, ајде со здравје да си го користиме новиот форум и уште многу нови квалитетни членови и што помалку тролови! Ве сакам!
Еве мене на пример ми е доделена титула која вели дека сум популарна. Почестена сум, да да. Патем, се согласувам со тебе од прв до последен збор Лилит. Ова е ала гламстик...Каша попара че да буде.