Да, со тие пари планирав и факултетот во иднина да го исплатам. Може и за свадбата ќе остане. И се тоа само за да имам материјал за Инстаграм. Ама не ме чуди од тебе што искачаат вакви мисли, практично за ништо немаш нешто позитивно да кажеш. Ете радувај се, затоа некоја ми го шлепнала, господе
Шознам јас и сега на оваа возраст преферирам некој да ми подари подарок ко подарок наместо пари. Бидејќи сакам да имам спомен, а парите најверојатно ќе ги искористам да испазарам, нема да ми текни да си купам нешто ко подарокот што ќе го добијам. Па замислете за деца како е. Што се разбираат деца од пари, нив најмногу ги радува кога блиските и другарчињата им даваат поклон. Баш сето она, идат гости па ти поклонуваат нешто, па се радуваш да видиш што е, секогаш е изненадување, и ти се допаѓа вниманието. Да не се лажиме дека денес на многу им е до сторињата на Инстаграм, па да било сето уау украсено, па демек ај после ќе ти купиме нешто сега организацијава да ја платиме. Не е исто едноставно.
Дупликатите (доколку ги имаше) и оние што не ти се свиѓаат, се шиткаа на други. Каков Црвен крст, сѐ што ти требаше и што не ти требаше, се складираше и се чуваше дома, за зло време. Ти ако си донирала, онда си ендемски вид, баш убаво од тебе. Мене единствен дупли поклон у тоа време ми беа две Najlepše Želje за роденден. Добив перници и чаршав од комшика за матура (фала ѝ), па пазете сега - телевиса пресента! Во комшиски трач муабет, мајка ми стигнува до следново многу битно инфо, во разговор со другата комшика: - Кои перници? Бели со зелени линии? Па тие јас ѝ ги поклонив неа, за матура, за синот. Аууу види ја, вас ви ги поклонила! Умрев од бумер простоќата! Денешниве генерации многу повеќе донираат и подаруваат - се ослободуваат од тоа што не им треба за разлика од претходните. Е сеа, тоа е така пошто родендените и прославите се многу помегаломански, добиваш повеќе за после полесно да фрлиш, подариш или донираш. Исти курац ми се луѓето тогаш и луѓето денес btw, подеднакво ми се одвратни. Тогашните го шиткале грдото од дома, денешниве се без осет, веќе условуваат со грепки место цвеќе итн...
Па кој ти рече дека тебе ти го шепнала? Таа општо кажа. Јас не реков парите ништо и не ни ме интерсира што ќе правиш. Убаво е што си имаш цел со тие пари да си доплатиш факултет или што и да било друго.
Јас сум носела обично поклони на детски родендени, ако ми се блиски ги прашувам што сакаат, што им треба. Зошто на дете плико кога ќе му дадам нема ни да го погледне. А играчка каква и да е 1саст бар ќе му задржи внимание. Ако не ми се многу блиски сум зимала облека или играчка ама од практичен аспект подобро ми е да прашам. Сега кога чекаме бебе, повеќето блиски не прашуваат што сакаме за доаѓање на бебе па им набројувам неколку ствари за да не ги ограничам со пари сепак.
Нормално дека ништо не му значат парите. Ама со тие ќе купам нешто што нема, а реално е скапо за да може на некој да му речам еј ова треба. Вака од неколку души ќе соберам, ќе купам и ќе кажам дека тоа што е купено е од тој и тој и тој за роденденот. Како е поразлично?
Мој совет е најблиски да прашувате што им треба, на алчни шиткајте им дупли и грди работи кои сте ги добиле, на тие со поклон у плик - тава, а на тие со грепки место цвеќе - ни грепки, ни цвеќе.
Мене глупо ми е да кажам што треба. Што ако нештото што ми треба е 200 евра, а друго се имам. Како би кажала, еј тоа ми треба. Попрактично ми е кој колку има и сака, па јас ќе си направам комбинации или ќе додадам. А тоа ми се случило да добијам нечиво нешто за роденден. Поглупо од тоа здравје и нема. Јас кога купувам, купувам специјално за детето кај кое што одам. Никогаш немам дадено дупла играчка или облека. Тоа е поклон за моето дете, колку сака нека е дупли, а за другото си заслужува нешто од мене, а не од некој мој што се ослободил. Кога веќе сакате инает да терате на некого, не ни идете. Не знам на кого би се терало инает, на родителот или на детето.
па како за твој роденден валјда те прашувале другарки и сега ми треба и џемпер и веспа, ама ќе кажам џемпер сакам.
Доживувањето се поклоните за роденден од различни луѓе на тој ден, што се потрудиле и купиле нешто, а за купување отпосле можиш стално да му купиш нешто што мислиш дека му треба на детето. Порано никогаш не било проблем дали ќе се погоди нешто "што не треба". Ако толку не треба, секогаш има чаре, на пример да се даде на некој што му треба. Плус, ако сте блиски можиш да прашаш што им треба, помалце е незгодно отколку "поклон во плик". Стварно не мора да е се сведено на материјалното. Кога ќе одвоиш време да купиш нешто, повеќе значи, барем според мене.
Па...тоа што е вишок од облека и играчки може да се донира, знаете тоа? Али фала богу, нема да сте во добивка така
Зарем и поклоните ќе отидат во заборав ? Како иде времево стварно се ќе се врти околу парите само , уште од 2,3г ќе ги учиме децата да се радуваат на пари а не на некој што одвоил време да купи подарок каков и да е , не знам може не сум во право ама мислам дете прво ќе се израдува на најобично мече од 300ден наместо плик со пари, налет и пари , ќе ги учиме од мали дека парите се најважни .......