Зарем и поклоните ќе отидат во заборав ? Како иде времево стварно се ќе се врти околу парите само , уште од 2,3г ќе ги учиме децата да се радуваат на пари а не на некој што одвоил време да купи подарок каков и да е , не знам може не сум во право ама мислам дете прво ќе се израдува на најобично мече од 300ден наместо плик со пари, налет и пари , ќе ги учиме од мали дека парите се најважни .......
Ама јас не сум против поклони. Напротив сме добиле многу убави работи, нешто што немало да ми текне или не сум видела. Но, секако на блиски им кажувам пари да дадат. И после купувам со нив и детето се радува на поклонот. Дали после роденден ќе се радува или после некој ден, не менува ништо. На крајот од денот, па дете апла не разбира дали некој се потрудил или не. Туку дали добило нешто или не. А со пари, ќе добие, не веднаш, за некој ден.
Да, таа 1000ка ја чекав цел живот. Родив дете само за да заработувам за роденден А гости со такви мисли, подобро и да не ми доаѓаат. Ни поклон, ни пари, нив не би сакала да ги видам. Фала богу, имаме се. Ако немаме, ќе купиме.
Ако не е тајна да прашам колку години имаш? И ако си возрасна, каков социјален живот? Зошто го прашвам ова. Дури и да сакам да штедам, а то ми е цел за годинава и се шо можам тргам настрана - јас и да јадам кај мајка ми секој ден, јас пак осеќам одговорност чак едно кафе да ѝ купам, еднаш барем фрижидер да наполнам (иако не е доволно!), да одам на пазар шо ќе фати око да купам зошто знам дека некои работи ѝ се прескапи и нема да ги земи та. Ова е првата работа шо сакав да ја споделам, дека и да не пазариш некој пазари и си на нечиј терет и како возрасен дури и да го прифатиш то, мора малку од малку да придонесиш. Особено ако имаш специјална диета шо кошта пари. Пример ... пиење сокови. Колку овошки ти треба за да исцедиш еден сок. Ами 3 пати денот барем? И за мене е исто, од месо јадам само риба. Риба добра не е ефтина и ме кошта. Не можам да очекувам некој друг то да ми го земи. Или замени за месо. Ај сега се наоѓаат и поефтинки оти станаа многу лесно достапни. Кога прв пат преќинав да јадам друго месо, еве веќе во 6та година влегвам, заменските производи беа страшно скапи зошто беа ретки. И не можам јас да очекувам некој друг да ми ги купва постојано. Второ, за социјален живот честопати едноставно ти требат пари (сем ако не си дете, па и тогаш ти дават џепарац твоите). Зошто? Само на кафе да излегваш, шр, некои луѓе се такви, ама голем дел еднаш месецо ќе напрат кафана, ќе одат во ноќен клуб, ќе одат кабаре, ќе одат на викенд патување. Се ова е поќе од 600ки од вечер/ активност. Толку ме кошташе брод за зајдисонце во Охрид летово. Искрено, ич не ги жалам тие 600ки оти искуството шо го имав, денот шо го имам - беше нешто шо ќе го памтам цел живот. И трето, особено кога немаш деца и си сам/ со партнер - е идеално време за малку авантура и патување, ако е то нешто шо го сакаш. Јас го сакам. Не можам со 600ки месецот да исполнам едното малку поголемко патување со кое дотрошвам слободните деној, и едното кратко викенд-патување. Ни пак то одма шо ми е планирано после НГ. На крај на ден нема да памтам колку пати не излегов од дома за да заштедам. Ќе памтам ко бев на плажа со другарка ми, за НГ со другата другарка, на Божиќен пазар со друштвото, на друг Божиќен пазар со другата другарка, дефинитивно ќе памтам концертите и дефинитивно ќе памтам и оние помалите активности. Колку за мене е интимно и пријателско киното пример. Еве пред 1 недела бев на кино со другар ми и уште зборам и за филмот и за то колку двата преубо си поминавме и како то ми е убо искуство и меморија. Штом ќе се спомни DJ Ahmet, јас знам дека ете мене ќе ми текни дека бев на кино со другар ми со уште 15 луѓе во цело кино и го гледавме филмот и се смеевме и плачевме заедно и после дискутиравме. 200ки инаку ме кошташе, плус сокчето после шо го пиевме дур бегавме = 200 и нешто, скоро 300ден. Имам карти за концерт купено од Јуни, како се ближи времето со тие со кои ќе одам исклучиво то збораме и пошто деној спојвме - едноставно знам дека ќе е нешто шо ќе го памтиме долго, чак и цел живот. „Фрлање“ пари е луксуз. Штедење пари е паметно. Ама исто така ти треба баланс. 500-600ден месецо е нереално за возрасна особа која заработува и има социјален живот. Пошто и денес да сакаш со колегите на работа да нарачаш храна да не се делиш - трошок е. Искрено, мислам дека да пишиш дека 500-600ден трошиш е rage bait. Т.е. тролање. Ама, сакав да напишам шо напишав и мислам дека е убо да збораме за градење мемории и малку реален check in да напрајме за то колку се е прескапо.
Не ги разбирам изразиве на англиски ама не е ни толку важно, поентата ми беше таа ,дека додека си млад е полесно да заработиш , цедам домат краставица, моркови , цвекло кои ги имаме на село ,од купечко само лимон и портокал и сигурно на веќе купено нема пак да купувам ,немам навика ниту да купувам ,ми е страв да трошам пари ,не сме сите исти тоа е. На работа не се гостиме, ретко порачуваме сите во пар , соц живот ми е ок ,имам неколку другарки со кои не се ми гледам често бидејќи работат повеќе од мене. Додека можам вака ми е ок , секако дека за роденден на другарка би издвоила некој денар и слично на тоа , ме мислев буквално и за патувања , ваљда не се патува секој месец
Еве моите За роденденот моите роднини ми даваа пари а баба ми као ќе ги чуваше . Додуша ги почува некоја година, после тоа кога си го најдов новчаникот кај шо стоеја - ги немаше . Не беа малку .
Мене 600 денари на ден ми е јадење со се кафе на работа, кога одам накај дома до маркет да поминам испод 2 илјади не сум на ден, а со 600 денари на ден може само да се слика човек.. Кога ќе видиш на месечно ниво колку даваме за сметки, влегол во маркет или не, испод 1000 денари денот не ти е..
Rage bait? Да пишиш/ кажиш нешто колку да изнудиш (бурна) реакција од некој. Ако ти е страв да трошиш пари дури и за то шо треба, ќе ти биди стварно тешко ко ќе бидиш ''bread-winner'' (тој кој придонесва финансиски во семејството и пазари и го одржува домот). Парите шо ги тргаш настрана пак нема да можиш да ги потрошиш. Зошто пишиш дека ти е страв да трошиш де. Нормално дека не се патува секој месец, сем ако не можиш да си го дозволиш. Вервај да можев, јас немаше да се приберам. Ама преку два-три месеци викенд патување или продолжен викенд е реалност на многу луѓе. Ете не ни зборам за „големо“ патување. Зборам за блиц забава. Отворам Визер да ми најди најефтини карти за кајма. Така одлучваме кај одиме следно. Има еден град во кој сакам многу да одам и некни видов дека повратен билет ќе ме кошта 50 евра. И са само чекам викендов да дојди другарка ми да договориме дали вистина сакаме втор Божиќен пазар, или можиме да смениме ваму кај шо сакам јас зошто прв пат е толку ефтино. Башка, мене животот ми е на две локации за среќа или несреќа. Јас за да одам од еден во друг град ми треба или да платам нафта или да платам билет за автобус. Ама ај, то е веќе нешто шо мора, не е каприц.