Зарем и ова постои https://ordinacija.vecernji.hr/budi...eki-ljudi-panicno-izbjegavaju-trosenje-novca/
..СДК човек кога заработува повеќе, колку и да се залажувате, ја нема онаа (здрава) перцепција како кога заработувал помалку (зборувам за драстична разлика во цифри). Со многу ретки исклучоци на карактери кои знаат што прават. Колку повеќе се има, повеќе се троши; кога се нема, нема што да се истроши (колкава е чергата, толку ќе се испружите)? Залудно се „јадете“ меѓусебно. Ама да, јас сум за тоа и (до)дај му на човек, види го што мостра е.
Некогаш и до карактерот е, некои имаат пари а не трошат, некој trauma response е тоа, плашење од трошење пари.
Еве јас се пријавувам со траума риспонс. Ама сериозно. Често гледам луѓе кои помалку печалат и повеќе трошоци од мене имаат, а многу повеќе трошат. Јас само на патувања трошам. Ама сега оти Билка тука и со нејзината логика прави смисла, да земам да се почастам за да смирам нерви малку . Чизми требало. Не е проблем сто нарачав, сто вратив оти во сите нога ме боли. Мразам зимо. Во лето ништо не ме боли. На крај и принципи си погази и некожени купив од риекер оти на зор бев. А обувка признавам во зимо, само од кожа. И ова убаво е да си прогуглам за траумите сега. Од што точно патам.
Сте запнале за играчки, ама... Мене давањето пари за деца (па и во плик) не ми е лош поклон. Не сум дечарка и реално ако не станува збор за дете кое ми е крв и со кое имам редовен контакт, можам да го утнам поклонот. И ако неговите родители или детето ми најдат маана, ќе ми стане незгодно и тешко. Кога некој ќе спомне дека преферира пари, му ги давам и ми олеснува оти своето го направив. А, тие што знаат нека прават со парите. Ако е за разгалување, детето ќе се разгали и со премногу играчки, не само со пари. Не е секое дете исто. Не е секое мераклија на играчки оти не е секое растено на ист начин. И тоа кое е мераклија еден ден ги баталува, а тој ден може да биде утре или после година дена. Еве, споредба меѓу двајца мои внуци. Едниов (сега е веќе возрасен) уште има дел од играчките со кои играл од две години па целото детство (тие што ги нема се подарени на други деца). Ако не ги даде и фрли, тогаш ќе има играчки што веројатно еден ден ќе ги користи неговото дете. Другиов (тинејџер) немаше интерес подолг од неколку саати или денови и често очекуваше некој да му купи нови. Нема ништо од играчките. Па, видете... Некои играчки се лесно кршливи, дури и опасност (ако се некои со кои детето може да се повреди или да голтне делчиња, аман на вести со години колку пати кажуваат кога некоја играчка била повлечена од таа причина). И не сите родители преферираат секојдневно да чистат неред од играчки по цела куќа. Познавам доста родители кои преферираат пари оти играчките не им траат долго дома. А, парите ги собираат и ставаат на книшка или во домашен сеф. Фала Богу не се сите родители себични, па да ги трошат парите на себе. Заклучокот е дека во овој случај секој си знае најдобро за своето дете, а наше е само да одлучиме дали ќе дадеме нешто или не. Секако дека никој не нè тера со сила да потрошиме.
Го оставила детето со мажот и дома, се мачел он со него. Боже мој, го жали. Немал живци тој со деца. Ем шо праел? Нека не се жени. Море, какви сме ние жениве, кои размислувања бе ги имаат некои .
Леле до каде го отеравте муабетот, нормално дека не е лош поклон пари, лошо е да пишеш на покана за роденден за дете, и воопшто за роденден, поклон во плик. Мене и за свадба ми е безврска не па за роденден. Како да ги канам луѓето само за поклонот не затоа што ми се блиски