Не е до средината, до воспитувањето е. Ако те разлигават од мал, лигав ќе си бидеш цел живот и ќе пребираш И ако навистина го правиш роденденот за детето да се радува, и ако си го воспитал добро, нема да ти менува дали ќе имаш дупликат играчки или пари бидејќи тоа ќе се радува
Не знам што ми е полошо, да има свои пари, и да не дава ништо дома на 25+ години, или да дреме дома, да не работи, и се да чека од мама и тато!? Работам од свои 18 години, и никогаш не сум била џаболебар ило товар на било кого, ми било жал моите да се мачат, а јас со нозе у вис да уживам, не дека немале и не сум можела да си дозволам да сум на нивни грб, ама не сум сакала, емпатија е во прашање, плус родители. Секој возрасен и разумен човек, свесно донесува одлуки, ама самостоен не се станува на грбот на мама и тато, никогаш! А и шо знам, јас работев за да си трошам пари на се што сакам, и тогаш сакав да уживам, да шетам, да патувам.. се во свое време си е, сега штедам де имам се што сакам и сега, иако сум уживала и сум трошела на помлади години. На крај на денот, секој нека прави како што мисли дека е правилно, па и од погрешни одлуки се учи, ако си доволно паметен де. Само да не биде доцна.
Јас никаде не напишав дека родителите се вечни и треба на тоа да се заснова цел живот , пак ќе речам како папагал станав ДОДЕКА СЕ МОЖЕ И СЕ ИМА ПРИЛИКА, моите потреби и твоите не се исти , може ништо ме правам само дома седам и ми одговара така ,не искачам .... Не ме интересира кој за што се слага, повеќето даваат аплауз на дипломи од фах , па ништо после не прават со таа диплома .
Затоа златна Европа, после 18г парталите и делба од дома. Да се знае да си плати сметки за струја, вода, интернет, да се скрати од тие 200мкд за секојдневно кафе.
Општо зборев, дека не се согласувам со тоа ДОДЕКА СЕ МОЖЕ И ИМА ПРИЛИКА да ги цицам родителите за сите мои потреби а моите пари на страна и да си уживам во животот. Родител како родител пожртвуван од својата уста ќе одвои за сопственото дете, ама дали тоа дете ќе биде благодарно и барем малку ќе возрврати е прашање. Е овој момент ти очигледно не го разбираш. Има разлика од штедење и истовремено учествување во домашниот буџет со финансиски допринос од твоја страна, и живеење буквално на товар на твоите родители. Да си дете да разберам, ама не си така да... како што кажа погоре секој на форумов има право на мислење па ова е моето. Како ти одговара живеј си, ама научи се да прифатиш конструктивна критика.
Измеша многу работи. Едно е да бараш покрај тоа што работиш друго е да не побараш ништо , не кажуваш мислење туку убедуваш дека си во право ,немам намера да продолжам на темава , секако поентата не ми беше тоа
Еее, пошо не сум од Ск, од помал град сум, порано го гледав Ск као Дубаи . Си викав леле колку голем град, убав, се има.... Заминав странство, 4г не бев се вратила во Мк, и ајде ова лето се вратив во Ск..... шок доживеав. Се испокршено, се извалкано, ѓубре на сите страни....
Очигледно си ги тумачиш работите како што ти одговара. Ако. Поздрав од мене, со најдобра намера пишав што пишав ама џабе кога не се ни трудиш да ме разбереш.
Ти што би правела еве конкретно на два исти блузи, две исти ташни, два пара исти патики? Дали во случај ако дечко ти ти купи нешто буквално исто, ти ќе го носиш или ќе го замениш на нешто друго? Уствари не е ни битно, глеј си за твоето да биде воспитано и не ми кажувај што треба да правам, што не. Купи си куќа од 200 квадрати и на тие милион играчки што ќе ги има по дома, собирај ги и дуплите.
Ау girl got mad. Да де баш сите тие работи скроз исти ќе ги погодат па и да ги погодат, малку ли решенија има? Замени, донирај, менувај си ги. Не знам што толку се потресувате доколку сте добиле слични или исти подароци се додека детето е среќно. Еве неколку пати ми се случило да ми подарат книга со посвета која веќе ја имам дома или ја имам прочитано, ама сум била пресреќна и никогаш нема да ги дадам бидејќи некој одвоил време за мене и се потрудил, ама нешто не ни се поклопуваат размислувањата и погледите, џабе..
Ајде врне, пола саат чекам такси. Влегувам, прво сауна дамла да те удри. Второ, некоја песна ечи тужно младо момче аааа и старецов над волан си свирка. Аман бре, аман и што ... плаќаме ние?!
Е уште тоа фали, и онака смрди наместо кога ќе влезеш да има освежувачите оние за у кола. Али има и такви, точно.
Во мое време (не сум стара ) се носеа тетратка, молив и гума. Или еден пар чорапчиња, еден пар хулахопки, една маичка со прерамки. И едно чоколадо. И сите среќни и задоволни. Одамна го нема тоа. Сега треба да однесеш ПОКЛОН. А реално.... За помалку од 300 денари нема да најдеш добар поклон. А со оглед на ситуацијата во државата некој не може ни 100 денари да одвои, а не па 300 или повеќе. И многу се гледа кој што донел. Ако го пуштиш детето на роденден кај дете чии родители се ситуирани, ќе биде оговарано што донело евтин поклон. Јас давам пари. Па децата нека си купат што сакаат. Ако однесам поклон може нема да им се допаѓа.
@ArabellaStarfall ти па ме зачуди сеа со ова за поклоните, скроз.. Ај за Нина да разберам, иако и она ме зачуди со спротивното мис, пишав саркастично мислење поради тоа шо се декларира ко тешка материјалистка на форумов, и знае да пребира, а ти? Те памтам дека збореше како тоа не си приврзаник на штетниот конзумеризам, си препрепре скромна, што дури место да купуваш нови фармерки, ти глеаш на искинатите/излитените чаре да им најдеш Еее кажи а, битно глеаш какви јаки молови ни напраиле брачата, се луксузираме, уживаме у убавите нешта, убави ствари, убав свеж чист воздух, убав поглед, само да ни подзавидиш сме
Материјалистка може да бидеш и поклони кога добиваш. Јас не реков дека очекувам по 100 евра некој да ми дава. Ниту пак строго само пари барам. Работата е наместо тие 1000 денари, колку и да планирал, да купи нешто што веќе го имаме, подобро ми е јас да изберам нешто што е посоодветно. Затоа си канам најчесто само блиски, што не би цепидлачеле за се нешто во животот. Од тие таквите подалеку. За блиските исто постапувам и јас. Пари и што сакаат нека си купат. Голема работа ако јас излезам и купам. Еве број може да не погодам, боја, стил, што и да е. И после што? Ај оди враќај назад поклон. Го тупите без причина.