Лелеее многу се израдував. Јас не знаев дека ќе се премине на нова платформа ,па ова ми дојде како многу пријатно изненадување. Нека ни е со среќа
И пак не ставија смајли што се крсти. Бог да чува. Настрана сета иронија, дизнајнов ми е океј, розевата girly girl лента не ми е; ама како и да е, од утре ќе ги проучувам новите опции. Odoh ja.
Гледам лајковите останале, оние што последните денови жалеа за нив, сега можат да издишат со олеснување. Не ми се допаѓа што нема нови категории, туку се останало исто, само сега е некако позбиено. Не ми се допаѓа што аватарите се од левата страна и се во круг, а сакам да прашам и каде се игрите? Зарем ги избришавте пред јас да го срушам рекордот на Скапоцени камења? Очекував повеќе, но добро, секоја промена е чудна на почеток. Нема ли да има некој трогателен говор од Билката или Михајло за перипетиите низ кои поминаа додека да се инсталира платформава?
Уххх, се пријавувам во групата на зависници од фемина! Не знам колку пати деновиве проверив дали е завршена обновата на форумот.....ми се допаѓа тоа што има опција за бришење на мислењата, тоа дефинитивно недостигаше. Сега одам да читам книга, па на спиење. Добра ноќ на сите
Абе сто посто оваа титула според мојов јузер е правена, се друго одбивам за вистина!!!! Навистина поздравувам нови промени, ама сериозно. Ама (пак ама) ту мач барби е... и кучињата лаат, каранот си врви, се е навика.
Епа јас сакам да кажам дека дека се изгубив на фрумов малце што е ова кој те следи, кој следиш? Што улога има? Ај уходан некој нека објасни
Новава платформа некако премногу ме потсетува на фејсбук. Најверојатно поради известувањата, а и објавувањето пораки на ѕид кај пријатели, кај тебе на профил.. Иако на повеќето феминки би им се допаднало тоа што има опција за бришење на мислењата, мене искрено не ми се допаѓа, бидејќи некој ќе реплицира, некој ќе брише мислења и ќе се направи тотален хаос. Чудно ми е, морам да признаам. Се навикнавме на стариот форум. Но, секое чудо три дена. Ќе се навикнеме за брзо. Битна е дружбата тука. Ми фалеше форумов овие неколку дена. Ве гушкам.
Бидејќи се друго средивте, ви остана уште нова платформа да направите џоа Јагодица Бобица. Некако традиција ви стана да доаѓате на крај на година и секако за глупирање. Ајде сега уште на ред пазарот ала Форумџика на годината и Среќна Нова Година.
Хелооул женски мои убави Абее знаете шо јас нема да коментирам многу за платформата овој пат затоа што само што се вклучив и одма побарав каде е темава друго не ми беше важно Да разгледам се убаво да проучам и ќе коментирам не се секирајте. Туку сакав да кажам дека платформава во вистинско време решија да ја променат затоа што бев зафатена со други обврски но ќе ве излажам ако кажам дека не проверував едно 20пати во денот шо се случува и дали форумот функционира Ми се случија многу убавини т.е онаа најважната бидна но здравје утре ќе ви раскажам поубаво се,моментално среќата себично ќе си ја чувам ,ама само вечерва Само заприметив дека смајлињата ми се малку како забавена снимка ама ај можеби само јас така гледам вечерва
Хеј! Чекајте малку.... зошто нема категорија хороскоп и природа и животни - нели рековме има потреба од такви категории поради подобра прегледност?
Све убаво направиле , секоја чест , да не знаев подобро ќе речев исто како на кајгана само друга боја , ама трофеите се пресмешни , имињата и речениците што ги објаснуваат
Порано имавме една стара фризерка во маало што често знаеше да остави порака на врата: Се враќам за пола саат. И ќе ја снема. Кога отишла, кога ќе се врати - само она си знае На тоа ми текна додека вечерва отворав Фемина на секои 15 минути. Последниве 3 дена ми беше некако штуро, ми фалеше темава, а имав толку многу работи да кажам. Не можевме да си ја коментиравме ни книгата во клубот На крај се откажав од рефреширањето, излегов малку да ме фати воздух, па кога пред малку го отворив форумов, не знаев што попрво да кликнам. Некакви трофеи, следбеници, поени... Утре од компјутер ќе го проучувам, вака од мобилен не можам. А гледам треба и нешто да изменам. Популарен член од The Moon - кога го видов ова не можев да се воздржам Абе пиши си Скопје и готово
Еееееј, од толку одлични скинови за XenForo, баш овој да го изберете, е ко да платите ол-инклузив хотел со 5 ѕвезди во Дубаи за бугарска проститутка од две червени. Далеку е од лошо де, ама супер би дошла една алтернативна верзија на скинов што нема да е во боите на Гламстик. p.s. Сега може да напињаме и за промена на никнејм.
Абе женски, ми фалевте овие 3 дена. Искрено, се изгубив. Ќе ми треба доста време да се навикнам на новата платформа, но како и да е, што е тука, тука е. Добра е, само многу е розова бе. Moжеле барем да стават и црвена боја или сл. Мило ми е што сум пак со вас, добра ноќ.
Не, не, не и не ! Признавам дека прилично долг период не бев активна и се приклучував од време на време да пишам по нешто ама ве читав редовно.. и со оглед на тоа дека факултетов ме изолира од се и само по книгиве зјапам шок доживеав кога го отворив форумов.. Кајгана го смени полот? Фејсбук изгласа да се стават нотификации? Титули?! Сериозно?! Дајте бре луѓе па баш нашиов форум беше уникатен и својствен со сликичката од страна и цвеќенцата, начинот на барање мислења, четот, опција само за да се поправи напишаното и тоа ограничено, исто сега со бришењево кога ќе дојде расправија ќе бришат мислења и ќе останат само на едниот член па ќе изгледа ко монолот што се мене тиче можеме да му дадеме во тој случај титула лудак и иде тука саундтрак од жељко песнана.... Научена сум на старата платформа и нема да ја преболам и така еве ме мене пак се разбудив од зимскиот сон и малце да промрчам... додека се расонам де
Среќа што менувавте платформа за време на колоквиумска недела, иначе скар, ќе немав што да правам, а вака си учев фино лепо. По грешка се одлогирав и пола саат се обидував да си го погодам пасвордот и викам ова е последна шанса или правам нов профил. Среќа што го напишав точниот. Сега нашава фемина многу наликува на форумот на кајгана, само драстично многу порозева. Ама ајде, ќе се навикнеме. Единствено смајлињава ИЧ не ми се свиѓаат.